зошто најсигурна заштита е да немаш секс ... не верувам после формирање на семејство некој без секс да живее
Па исто би продолжила како и сега . Ако пукне и дојде до 3то,нека е здраво и живо. Ќе го родам. И 4то. Колку имам, толку ќе им дадам. Ако родам од прва четворка, две да ги оставам? @Asistentkа што сега, не смеам да се информирам околу темава?
ако ти се многу имаш опција да ти отстранат 2 на време, додека се ембриони ... океј е ти не би, ама некој друг би... негова одлука - негови последици. Нема зошто да го напаѓаме.
Zosto ne? Ziveeme vo vreme koga postojat sekakvi vidovi na kontracepcija ete i sterilizacija za parovi koi zavrsile so planiranje semejstvo. Zosto AB da bide kontracepcija? Mene ne mi e toj nacin vo red. Ima zeni koi se cistat i po 5 pati vo godina , epa izvini vo 21postoi drug nacin na kontracepcija. Srceva reakcija vo 5 nedela za mene e pocetok na zivot, i od taa pricina sum protiv ab.
Дали за вас е оправдно ова- Од најдобрата моја другарка , мајка и ни самата не знае колку пати има абортирано само поради таа проклета желба на маж и да имаат машко дете по секоја цена. Да ми кажуваше и другарка ми немаше да и верувам, но мајка и лично ми кажа дека со овие зборови- колку се изнамачив јас Боки мој да го родам на строс... Разликата меѓу првото и последното дете е 16 години. Замислите жената останувала бремена со желба нели и до оној момент кога ќе и кажеле што е полот. След тоа под хитно на абортус оти е женско. Значи се згрозив и онемев буквално, а ова вас ви е хумано а??? Таа работи мед. сестра така да си средувала работа секогаш, а и во тоа време немаше закон како сега. Верувам и дапостоел истото ќебило, но друга тема е тоа.
Извини вака, полот неа да не и го кажувале во 5 недела па може да да си абортира кога ќе посака? Што ако била сестра, ако е подоцнежна фаза на неа нема да штети? Не верувам јас во ова, па и тоа дека абортирала цели 16 години без никаков проблем и тоа во подоцнежни недели бременост. Па и како што порано помалце развиена технологијата...
не е оправдано ама како медицинско лице толку не знаела за мерки на заштита, поетички е да не знае маж и шо превзела него да абортира 100 пати
Ова е екстремен примерок, кој ни најлибералниот став во врска со абортус не би го оправдал. Мислам дека милион пати беше повторено на темава дека оние кои се за абортус, не се и за тоа истиот да се применува како контрацепција, туку во животни ситуации каде безизлезноста ќе те натера на таков потег (еднаш, не безброј пати!). Затоа, вакви примери се излишни овде.
Ima i ova, i jas znam za slicen slucaj za medicinsko lice i 3 abortusi na zenski plodovi dodeka se dojde do masko, mene mi e grozno i ne mozam da go prifatam kako pravo na izbor.
Јас знам за случај каде што мажот сакал детето да има сини очи како него,дека првото дете имало кафеави како мајката. И така женава абортирала многу пати додека не и рекол гинекологот дека гледа сини очи овој пат. И таа била некоја со врски се што си можела и така си абортирала во низа и на крај сите се усреќиле.
И јас знам за сличен случај за машко дете. Одвратно. Колку гаден може да биде човекот. И не е изговор дека маж и сакал машко дете, таа е подеднакво виновна.
Од примериве паѓа муабетот во вода дека после абортус потешко може да забремениш. Абортирај си додека детето не е машко, нема сини очи и кадрава коса како тато
Леле, поголема глупост немам прочитано. Хахахахахаха! Како е можно да се види бојата на очите на ултразвук, жити се? Згора на тоа, не мора да значи дека ако се роди со сини очи дека такви и ке останат.
Тоа е и работата што после 16 - та недела се гледа, сега ти замисли си. Во ред е се, но не се излишни зошто ете се случиле , а можеби и уште постојат. Да не отвараме и други теми - абортуси на црно пример.
Реков излишни затоа што овие постапки се вид на човечко лудило кое е неопростиво и незамисливо за здраворазумни луѓе. Овие не да не се за споменување, овие се за живи закопување па тогаш да видат и машко дете и сини очи и се по ред.
Од она што го имам прчитано во темата, најрано полот може да се види во 16та недела, тоа е четврти месец т.е. второ тромесечие во бременоста. Не е едноставно, ниту од медицински, ниту од законски аспект така лесно да абортираш во 4ти месец од бременоста. Телото на жената едноставно не може да поднесе толкави промени, барем не така лесно како што ти го опиша ти. Е сега, некогаш бебето се крие, па полот го дознаваат многу подоцна. Сериозно, каква личност треба да си за да прекинеш бременост во второ тромесечие, јер плодот е женско??? А велиш тоа време, којзнае од кога било тоа... Можеби со тестови со сода, зелка или според месечината го предвиделе полот на бебето? Во една прилика, слушнав како докторка и зборува на пациентката: "Ова ти е петти абортус, матката веќе ти е партал а ти имаш 30 години, мора да внимавате или да размислиш за перманентна контрацепција".
Ребека, да , си стои се и промени во телото и се, таа имаше над 40+ кога го роди последното дете. Ризикувала здравје и тоа како, а дека била свесна , била. Од тој ден не јагледам со истите очи жената. Не ми беше сварливо сето тоа што го слушав во детали, не верував дека такави луѓе постојат.