Се согласувам со Нена,спред мене секој кој се впушта во сексуални односи прво со партенерот треба да разговара за опцијата контрацепција,и не е е оправдување тој не сака да имаме односи со кондом,а како размислуваш ти-дали си спрмна на 15-16 год да чуваш дете(па и самата ти си дете),така да девојки малку повеке информирајте се пред да стапите во сексуални односи за се,а не само да се мисли на задоволството,мислете и на можните последици.Не осудувам никој ,секој има право на избор,ама размислете убаво пред да се впуштите во односи и сами креирајте си го животот
Значи сепак е право на избор! Ако јас сметам дека не можам да го чувам, не сум спремна за дете, не, нема да го родам! На секому може да се случи, па и покрај заштита да пукне кондомот и од еднаш да се фати. Не ми солите сега памет дека не треба да се свршува внатре со кондом, зошто сите сте го направиле тоа барем еднаш, али ете баксуз, пукнал и останала бремена. Ако ме напушти дечкото откако ќе дознае дека сум бремена, ДА, ќе абортирам! Не сакам сама да живеам цел живот без маж и да тргам маки сама со детето. Зошто знаеме како е во Македонија, едвај некој ќе се нафати да земе жена со дете, и зошто да земам било кој така, наместо да си одберам сама? Реков, секој е во различна ситуација, оставете ги филмовите каде самохраните мајки на крај наоѓаат богаташ кој ја истава од бедата и водат среќен живот. Велите дека убивате со абортусот. А во случај на силување, не се случува истото?? Се убива според вас невино дете. А тука оправдувате а? Е не може, или оправдуваш абортус или не оправдуваш, секој си има своја причина зошто го прави тоа. Ни нив не им е лесно што се одлучуваат за такво нешто, и тоа си има своја тежина. Друго. Најсмешно ми е кога читам дека ако некоја станала сексуално активна морала да е спремна за дете. Ма немој? Едно е да си спремен за секс, а друго е да си спремен за дете. Работата е што преку сексот се добиваат децата, тој е начинот, но не дека се поврзани психички едно со друго. Може некоја жена на 30 години да е сексуално активна, а не е спремна за деца, не сака да ги има. Дали тоа значи дека таа не треба да е сексуално активна поради тоа што не е спремна за бебе? НЕ.
Сосема коректно Лакримоса. Освен кинењето на кондомот, сите го занемаруваат тој 1% пропустливост (резервиран за баксузи). Ако (не дај Боже) вие сте баксузот, што ке правите? Ако сте имале секс за една вечер и ви се случило... што после? И не правете се дека би избегнале абортус и би го бркале таткото да преземе одговорност. Ова one night stand го зедов како пример, иако не го применува секоја, но речиси секоја има желба да го искуси.
Ааа да, исто и за ова. Може да остане бремена на оne night stand. Можеби користела кондом и пукнал, можеби не користеле кондом што е и грешка, АМА! Можеби биле двајцата пијани, и ете се десило. Ни овде не сакам солење памет зошто се случува понесени од страста бла бла, да се деси. Секако дека требало пред тоа да се мисли, затоа јас секогаш си носам кондом во ташна, секогаш! Што знаеш што може да се деси. Згрешиле што згрешиле, нормално дека тие двајца нема да се земаат, зошто логично е дека било само за една вечер. И тука е нејзина одлуката, ама јас би абортирала. Кој како си сака. И не треба да се осудува, зошто многу е поинаку кога си само набљудувач, а да ти се деси нешто на твоја кожа е сосема различно, и не секој би постапил како што пред тоа напразно си зборувал. "Ја би вака, ја би онака..." Има многу причини, и секој за себе најдобро си знае како би постапил, и што сака од животот.
Јас сум Pro-Choice,не сум Pro-Life Неможе ваму оправдувам,ваму не оправдувам абортус. Не е мое ниту да оправдувам,ниту да осудувам,абортусот е легален и тачка. И мене ме иритираат девојки кои го користаат како контрацепција,значи абортира по трет,четврт пат од истиот партнер и не си ја чука главата да почне да користи било каков вид на контрацепција,ама последиците ќе си ги трпи она а не јас. Имам и другарка која користи контрацепција а сепак останала бремена,има 2 деца и едноставно не сака повеќе деца е сега треба да ја осудувам,да ја убедувам дека има услови и незнам што,нејзин живот,нејзино право. Mе иритираат и оправдувам ако е за силување бла,бла а инаку не,значи секоја една си има право да си прави што сака,ако мисли дека неможе да го гледа тоа дете подобро нека абортира него да го малтретира тоа дете цел живот,тоа е греота а не што ќе абортира.
НЕ, во никој случај. Тоа е убиство. Убиство не еден штотуку започнат живот, живот кој Господ го дарувал на земјата со некоја цел.
Абортусот кај нас, сега за сега, е легален. И како таков, многу недовеани девојки ќе го користат како контрацепција. Сите вие што сте апсолутно 100% против абортусот имате право ваквиот пример да го користите во своја полза. Како што прочитав на македонскиот сајт против абортусот, цитирам "Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени.", а околу 30 илјади од нив се нелегално направени. Што ќе се случи доколку абортусот стане забранет со закон? Замислете стотици илјади жени кои ќе одат кај некој квази-лекар затоа што тоа што им треба е забрането, ставајќи го прво својот живот на ризик, без разлика дали бременоста била резултат на силување, дали плодот е има некоја болест, или едноставно се работи за неизживеана девојка што абортира секои неколку месеца. Или замислете илјадници деца кои ќе завршат во дом затоа што нивните родители не сакаат или не можат да се грижат за нив... Кој од вас може да каже дека тоа е подобро од легален абортус?
Баш така. Забрана на абортус нема во никој случај да го намали бројот на абортуси, туку ќе го зголеми бројот на ризични абортуси. Ќе биде хаос, некој ќе си заработува на оваа сметка, а други ќе страдаат и ќе губат здравје. Може да има страшни последици, а девојката нема ни каде да се жали, ни каде да бара помош....тој/таа доктор/ка што ќе прави вакави нелегални абортуси уште од старт се знае до каде му/и е етиката и моралот и како можеш од ваков човек да очекуваш да се грижи за твоето здравје
Таквите квази-лекари и досега вршеле абортуси на малолетни девојки. Ако се тежнее да се заштити здравјето на младите кои поради недостиг на сексуално образование не се доволно упатени во тежината на проблемот и да речам просто - памет за друг пат, најдобро е абортусот да се врши со потпис и со присуство на родители/старатели. Полнолетните нека го вршат по свој избор. Точно е дека абортусот не е контрацепција, но секој сам си го пишува концептот на својот живот. Секој сам си го определува својот избор.
Mislenjata od tipot "one night stand" i "slucajno pukanje na kondomot" vo vrska so seksualnite odnosi za mene se neodgovorni vodeni od niski strasti i od bluden karakter. Jas kako maz, sum protiv abortusot osven vo medicinski opravdani slucaevi so strucno mislenje na specijalist. [mod-kirilica:3l80x514][/mod-kirilica:3l80x514]
Нормално дека сум ЗА абортус. Тоа си е право на избор, како и сите други кои ги поседуваат жените. Оправдувам абортуси кога се работи недај Боже за силување, ако девојката е премногу мала, ако има некој здравствен проблем кој го загрозува нејзиниот живот или животот на бебето, и при несакана бременост. Па нормално дека треба да постои абортус. 15 годишно девојче од невнимание останало трудно и - ајде сега, она е глупава, малоумна и сега МОРА да го роди, за да и дојде памет, да види она што значи внимание и обврски. Ма немој. Да, глупава е, и луѓе сме, СИТЕ до еден правиме грешки. Не ми е јасно како некои луѓе по секоја цена одбегнуваат абортус. Ваму немаат пари за леб, одвај преживуваат, немаат услови за женење / мажење, за одгледување бебе, и по секоја цена - инсистираат на брак и заедница. Од срам - што ќе речат луѓето, светот. Од совест - уништувале нечиј штотуку зачнат живот. Повеќе од половина од тие дечиња се едни несреќни суштества кои живеат пеколен и мизерен живот затоа што родителите им биле приморани рано да стапат во брачна заедница или поради немањето доволно материјални средства. Абе ти роди го, како-така ќе се гледа. Ајде бе. Само роди го. Свашта. Бреј глупав народ, непросветен. СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА ИЗБОР.
Јас лично делам две мислења, и за и против сум... Абортусот го оправдувам во повеќе случаеви но да не повторувам претходно многумина имаат напишано, но и во случај кога парот не се финансиски моќни. Не е поентата само деца да се има, па како ќе живеат така, кој како ќе се снајде. Иако ми е жал ама кога ќе видам на тв некое семејство со 5,6,7 деца бараат помош од државата,,,,а таа пак уште во реце држи едно мало и бремена е, а другиве боси, голи, валкани, трчаат околу...е од такт се вадам. Треба државата да има програма да им помага во поглед на тоа, или после пораѓај нека им местат на клинка спирала, или краен случај абортус. Абортусот пак од друга страна не го оправдувам бидејќи има многу парови кои не можат да имаат деца, па некоја која не може да го гледа своето дете може да го роди и да направи среќни некои други родители,,,но сепак индивидуално која може да издржи да живее со фактот дека таму некаде има дете ... но подобро е од убиство ...нели???
јас мислам дека тоа си е сопствено право кој што сака нека си прави со себе и својот живот како си мисли дека е најдобро......инаку јас не го оправдувам абортусот ама не треба да биде забрането кој сака да си абортира само треба да му се објаснат последиците кои можат да настанат од абортусот....и тој си решава што ќе прави.....јас не би абортирала освен ако се мора од одредени причини
знам дека многу ке ме осудат но ова е моето мисленје...јас сум против абортус...не само Што се уништува еден Живот тука и затоа сто има толку многу парови Што и Животот би го дале рацете да им се наполнат со роЖба,парови кои без разлика на полот ,националноста,возраста на детето би посвоиле и би им го посветиле Животот на тоа дете,парови кои секој ден се молат на господ, и се надеват дека и нив ке ги огрее сонцето,сакам да каЖам дека подобро би било детето да се роди и да се даде на посвојуванје одколку да се абортира,според мене мајката која дала дете на посвојуванје е подобра лиЧност од онаа која абортирала а и самата би се заШтитила здравствено...се извинувам некого ако навредив или растаЖив
Тоа е убаво, ама во Македонија не функционира баш добро системот за посвојување и тие деца се оставени сами да се борат цел живот. Плус, некои од домовите се со толку лоши услови (и не мислам на услови од типот на лоша соба и храна, туку мислам на лоши педагози кои не знаат како да се однесуваат со овие деца па со тоа лошо ги воспитуваат) што е навистина жално да видиш какви деца излегуваат од нив. (секоја чест на исклучоците)
е добро е тоа ама и посвојувањерто не е лесна постапка ти барат разни услови и чекаш со години......а колку деца има по домовите наместо да гледат да ги згрижатони барат мн услови па секој кој колку има сигурно ќе одвои за детето нема да му ја мисли само за себе најпрво ќе гледа да не му фали на детето нешто ама тоа е .......
Tekstot e prekrasen, i veruvaj se soglasuvam so tebe..kako i da, ako devojkata e tolku glupava i partnerot, zasto ne baraat nacin da se spreci toa...da se spreci nesakana bremenost... i pokraj toa sto treba da se ima izbor nema nesto podobro od toa, beruvaj abortusot ke ja smeni zenata, emotivno i fizicki i na mnogu drugi nacini...jas sum sega bremena, vo brak, i sum 5 mesec...koga si go gledam bebeto na eho moeto srce e poveke od ispolneto...mnogu e zalno sto deneska site sme "progresivni" i pametni i zapadot ne nauci na mnogu gluposti. jas ziveam vo new york..zalno e da se napravi nesto tolku nemilosrdno...veruvajte razbiram deka site barame i gradime karieri posto sme moderni zeni ama zalno e da se ima takva dusa da se odobruva abortus...moe mislenje...
mora da se zastitime kako zeni, ima kontraceptivni sredsvta, kmondomi i milion drugi raboti...veruvajte mislam deka nikogas nema da ste isti posle abortus, zatoa sto toa malo sustesvto raste vo vas i e dela od vas..toa nesto jam enuva zenata, i mislam na poloso...golema sansa e posle toa da nemozete da ostanete bremeni, poradi komplikacii i slicno, i togas celiot zivot ke se mislite...
osven ako ne e od siluvanje abortusot e nepravilen...IMA TOLKU MNOGU SREDSTVA DA SE SPRECI NESAKANA BREMENOST...ZATOA MISLETE PRED DA IMATE ODNOSI