Абортус е абортус. Дали спонтан, артефициелен, дали missed или blighted ovum иста е постапката, киретажа и вакум.
Не,има намерен абортус намерно да направи жената/девојката или ненамерен што несакала ама морала да го изгуби плодот од незнам што,не се пазела
Ајдеее сега си прочитала за ова дека после "прав" абортус" не може да се забремени. Некни тврдеше дека аптекарките ти кажале дека постојат дневни и неделни тестови за откривање бременост. Дневниот покажувал точни резултати ако ден по сексот го направиш. Ти девојче каде вака читаш и се волку едуцираш? Во какви аптеки одиш?
Па има такви тестови прашај ги тетките што работат во аптека и не се едуцирам,секаде пишува така и секој знае така
Туку ако процедурата е ИСТА шојма врска која е причината и која е класификација за прав абортус? Те молам, дали ќе ми одговориш на релевантните прашања?
Ако абортусот е на црно, големи се шансите подоцна да не може да се забремени. Имам комшика која после првиот пораѓај не можеше да остане бремена. Не мора да значи дека абортусот има големо значење во неможноста за имање деца.
Абе какво исто мислење. Не збориме за мода овде па да имаме исти/различни мислења/ вкусови! Збориме за наука - медицина / биологија . Нешто што е "докажано". Ти тврдиш дека од синоќашен секс денес тестот ќе ми покаже бременост. Тврдиш дека после абортус не може да се забремени. Десет жени ти пишаа дека еве родиле по едно,две после абортус. Ама НЕ ти знаеш дека не е така
Добро познато чувство.. :/ :/ и јас низ исто поминав... знам дека цела ноќ плачев и гушнати со мажотми бевме до утрото а утрото одиш се спремаш за каде? за да го извадат бебето :/ :/ необјасливо и болно чувство никој да не го доживеее.. За среќа господ ги слушна моите молитви и сега имам прекрасна принцезичка во рацете ќе ти даде господ и тебе <3
Јас мислам дека @Neophodna Сакаше да каже дека има тестови кои се прават само со утринска мокрача,и само тие наутро покажуваат позитивен или негативен тест.И тестови за бременост кои ќе ги направиш во било кое време од денот и покажуваат резултат позитив. или негатив. Барем јас така ја сватив членката
Не си ја прочитала убаво во темата секс. Претходно убедуваше членка која вечерта имала незаштитен однос веднаш да си направи од "дневните " тестови. Ќе и покажел
Малку дискутабилно еве и јас имав киретажа не по моја желба,некогаш ја правиш и кога не сакаш,но секој си знае и ги почитувам одлуките кој како ќе си одлучи.Јас никогаш не би абортирала намерно ќе рбам за тоа дете утре да не е гладно зошто економијава во Мк е хаос и тоа нема да се смени а години одат и се останува без деца чекајќи да се вработиме,заштедиме....Што се однесува до абортусите секој со своја среќа.Имам познанички кои едната после абортус забременува како и повеќето но другата и се искомплицирува и не може да забременува повеќе.Не знам феминки болна ми е темава но секој со среката,вероватно како и се во животот.
14 годишно девојче, жртва на силување, починало на породување во Парагвај. Бременоста била од висок ризик но, според тамошните закони, абортус е строго забранет, освен во случаи кога животот на мајката буквално виси на конец. Пред неколку години на 11 годишно девојче и било одбиено барањето за абортус. И така... Кога ми текне дека некои посакуваат Македонија да ја видат со таков закон... Абе, лепота... https://www.femalista.com/14-year-old-rape-victim-dies-forced-give-birth-paraguay/
Јас би протестирала ако се донесе вакво болен закон е поради вакви работи што се случуват во другиве држави каде што девојчиња од 11 до 14 години остануват трудни и поради нивните години се во ризична бременост и на крај умират они и плодот во нив Секоја жена има право на избор што ќе прави со нејзиното тело ,само она си знае каква болка носи во себе. Извини што те цитирав али кога прочитав за девојчињава неможев да не напишам
МПЦ има став според кој било каква контрацепција е противење на божјата волја да се зачне плод. Наместо тоа треба да се остави на Бога да одлучи дали ќе зачне на тој однос или не. Сакам да ја прашам @Presque vu дали секој однос и е строго со цел на создавање потомство, или користи и контрацепција, па макар било тоа и прекинат однос?
Vo pravo e za zal jas licno znam dve zeni sto nemozat pak da zabremenat posle abortus od komplikaciite sto nastanale pri abortusot
Компликации може да има и од рутинска интервенција или преглед, значи едно е компликации после абортус сосема друго е абортус без проблем.