Па не е друго, еве и од операција на слепо црево може да настане компликација, таа не се изведува без целосна анестезија. И тоа е интервенција на пример. Ако гледаш така на нештата, од се и сешто можат да настанат компликации.
Не е важна анестезијата, хипотетички и од интервениција горење на брадавици предизвикани од ХПВ може да настанат компликации. Инаку абортус може и со локална анестезија, со целосна се прави по желба на пациентката. Да се надополнам значи во тие случаи што ти ги кажуваш не можат наводно да останат бремени поради компликациите а не поради самиот абортус.
А демек абортус ако е по желба на пациентката (од бес шо би рекле некои), се разликува од абортус кој мора да се изврши заради аномалија на плод? Првиве може да имаат последици, а вториве нема да имаат, оти не била нивна желба
Компликации од уредно извршен абортус, во денешно време ретко кај која се јавиле, да бидеме реални. Е сега ако абортираш во подрум кај некој чиче, се подразбира дека нема да биде баш толку едноставно. Компликации има од секој еден зафат што може да се изврши. Постапката е иста и кога се случил спонтан абортус и кога абортусот се прави по волја на жената, баш убаво објаснила @NarCis@, ама кој да се потруди да сфати.
Секако дека постои пресметан ризик кога се оди на било каква медицинска интервенција, особено па со нашиве доктори. Ама ризик постои и кога ќе се напиеш Аспирин. Плус, ако абортусот е ризичен, што тогаш да кажеме за самиот чин на породување?
Да ама за вадење заб има платант нови вештачки заби,од аспирин немаш големи последици а од абортус за жал има случаеви каде неможе пациентката да остане бремена никогаш и да нема деца.Секој со својата срека и ум и разум.
Ама ќе може деца да има. Ниедна компликација не е страшна, како можноста од немање деца. Така викаат некои.
Внимавајте што пишувате - ве читаат жени со спонтани абортуси кои се обидуваат за бебе. Не кажувајте дека не можат да останат бремени после абортус. Не е вистина.
Глупости... Медицината толку напред е замината, може тоа постоело некогаш, сега сигурно изнесува 0.0000000001%
Зезате? Мислам вадење заб и абортус?!? Абе ајде.... Кај изваден заб шлапни мост и средна работа , ќе потполни празнина, ама после некој абортус тешко да дојде до наредна бременост и таа празнина тешко се потполнува. Глумите дека без страв би седнале да абортирате, нели?
Ау и што тие што не можеме да имаме деца на пример од комплициран абортус,на пример од идиопатски стерилитет или многу други причини шу праиме За нас животот завршил? Какви средновековни размислувања на тие некои така што викале Ај прекинете со големото душегрижништво за ембрионите на тие што абортирале. Никоја не отишла на абортус чиниш ко на пластична операција.
Јас без страв не идам ниту на депилација. Не е моментот дека е без страв. Туку кога нешто мора. Во нормални услови. Со сите лекарства и доктори околу тебе. И кога мора, што ќе правиш? Нема да абортирате, од страв да не дојде потешко следната бременост?
Не си видела компликација од вадење заб. Другарка ми е стоматолог, ќе ти се згрози животот да знаеш какви компликации може да настанат. Саркастична бев
После кој абортус, Петра? Никоја од тука не кажа дека користи абортус како контрацепција. Не познавам никоја која после било каков абортус останала неплодна. Постои ин-витро, постојат толку добри методи да дојде до повторно оплодување или стимулирање на јајце-клетки, што за секоја осуда се тие кои плукаат по абортусот, со тоа и општо по медицината.