Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.629 глас(а)
    73,0%
  2. Не, никако

    602 глас(а)
    27,0%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @Petra777 и ти можеш да одговориш, не е проблем
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.924
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Од вадење заб може и да се умре. Никој не ја споменува таа компликација, затоа што е ретка. Но сепак постои.
    Во последнава година знам за два случаи на смрт од заби. Па сега види дали може да се споредуваат компликациите или не.
     
    На Konfetka, sparklie, SV1911 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека темава е многу осетлива за таква доза на сарказам што на пишан форум заради недостатокот од интонацијата на говор не може веднаш да се протолкува како сарказам;)
     
    На Lolo5 и fina erika им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.263
    Допаѓања:
    81.827
    Пол:
    Женски
    И каков е тој израз во оној апла црковнион текст „чедоморство“?!
    Мислам, сериозни ли сте со тоа луѓе?
    Чедоморство, грозно обвинение, уште погрозно имајќи ја предвид „институцијата“ од која доаѓа.
    Ајде ако не од секој однос да очекуваме принова, ќе си правиме фудбалска екипа која ќе живее од љубов. :inlove:
    Друго ништо не ни треба, само љубов и воздух. Иако ова второто малку тешко да се најде во последно време.

    Срамота.
     
    На sparklie, SV1911, Lolo5 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.393
    Допаѓања:
    183.560
    Пол:
    Женски
    Темава е осетлива, ама има далеку полоши мислења од моите, кои за жал не се саркастични и навистина така размислуваат.
     
    На Lolo5 и DAngel им се допаѓа ова.
  6. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    А тебе ти се пример полошите или стремиш кон нешто подобро:^)
    Немој со вакви оправдувања,немаше потреба воопшто,те разбрав и ти кажав што мислам општо за сакразам на оваа тема не за тебе лично. А бидејќи немав толку време да за задлабочам во читање на претходни коментари реагирав на ова сега што го прочитав. Многу си бре нарцис:D(малце сарказам на твоја сметка, за абортус навситина би се оградила со сарказми итн. само јасно за цета на темата)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Секоја црковна институција има своја автокефалност уште од дамнешни времиња бидејќи црквата со беседи и проповеди го контролирала народот а тоа и одело во прилог на секоја власт па ја гоштевала црквата со таа самостојност додека проповеда тоа што и е во прилог на власта.
    Една од моќите на црквата била и контрола на природниот прираст на населението со поттикнување тој постјано да расте дека нели абортусот е чедоморство а со задна цел да се создава народ особено машко поколение кое од даменшни времиња било оружје за во војна и предуслов за преживување и постоење на тој народ.
    Времињата се сменети ама матрицата на МПЦ и било која друга црква е иста,затоа заостануваат светлосни години наназад и се уште сметаат дека е нивна должност е да беседат и проповедаат по народот со бабини деветини кои во среднивековието им успевало но во 21век повеќе не.
    Црквата денес гледа само на профит од раѓање на деца,пари за крштевка,за венчавка за погреб итн.
    Зошто Мпц се противеше на иницијативата за создавање крематориум а:^):^)друг да им се замеша во бизнисот?
    Далеку се попчињата со црните џипчиња од грижа за нечии ембриони. Се е тоа бизнис и туѓи интереси.
     
    На SV1911, RedRevolution, RoseRain и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Спонтан не спаѓа тука.
    Овде спаѓа "несакана" бременост и чистење од неа. Зошто би обвинувала и за спонтан? Некои тестови за жал се болни, но наше е да се поминат. Со гнев ништо не правиме.
    Никој никого не обвинува.
    Тоа е најглупавата работа што ја пишувате.
    @DAngel мене за контрацепција никој не ми кажал дека е грев.
    Не знам да ти одговорам на ова, но ете сметам подобро контрацепција, отколку веќе создаден живот да се прекине.
    Грев има и таму и ваму. Но, едниот е "помал" бидејќи плод не е оформен.
     
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Можам да го разберам делот каде што некоја личност смета дека не треба да абортира бидејки така е напишано во Светата книга. Ете да речеме, побожна личност, смета дека некој од горе го контролира зачнувањето и едноставно смета дека не треба да убие (ова според законот на црквата, не и законот на државата) фетус.

    Ама никако не можам да разберам како некоја личност може да каже дека не треба да се абортира бидејки постои можност за компликации, меѓу кои и стерилност (ова под знак прашалник, бидејки има X опции и уште толку причини зошто жена не може да остане бремена после абортус).

    Сте пишале веќе, кога ке седнеш на хирушка маса и доктор располага со твоето тело, може да дојде до многу, ама навистина многу компликации. Ви пишале погоре, и вадење заб може да резултира со смрт. Може и анестезијата да предизвика смрт, а истата се користи за многу операции.
    Инаку, некои жени се борат со неплодност по раѓање на прво дете, некои жени имаат спонтани абортуси.

    Понекогаш плодот нема срцева реакција или има одредена аномалија и жената прави абортус. Ме интересира мислењето на @Petra777 , кој е твојот став за абортусот доколку плодот има аномалии?
     
    На SV1911, Lolo5, YoungandBeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.148
    Допаѓања:
    137.213
    Пол:
    Женски
    Епа пошто не спаѓа прашувам. Ако направам абортус по моја воља сум убиец ама ако не е по моја, кој е убиецот? И вака и така одземање на живот е...
     
    На SV1911, RedRevolution, Lolo5 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.868
    Допаѓања:
    173.442
    Пол:
    Женски
    А абортус поради срцеви (и други) аномалии кои можат секако да предизвикаат смрт и пред да се роди бебето?

    Многу е глупаво некој да ти се меша во штипки. Да ти кажува што треба да правиш и како да го живееш сопствениот живот..
     
    На sparklie, SV1911, RedRevolution и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Нормално да се роди и чува како сите други деца. Не сум јас таа што одлучувам да земам туѓ живот, само да создадам.
    Знаеш ли колку луѓе има со невидливи "аномалии"? Тоа е уште пострашно според мене. На крај од кај знаеме и дека не е лекарска грешка?
    @Sesil знам на што алудираш, Господ не е убиец. Се што е од негова воља е со некаква намера која ние не ја сфаќаме, па ќе живееме со гнев и прашања "зошто мене", наместо да продолжиме со крената глава и молитва за подобро утре.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Има на страната на Бигорски, да не барам сега :)
    Помал грев - поголем грев... Значи ќе грешиме свесно и намерно и ќе ги мериме гревовите сега?
    Добро, помал грев ама кој знае колку пати си го направила до сега. Како иде во тој случај, ти се собираат гревовите или после првиот пат се се простува?
    Друго, никој не абортирал од аздис, никому не му е лесно да направи нешто такво. Зошто мислиш дека ти си таа која треба да направи да им биде уште потешко?
     
    На Lolo5, Sesil, kim.k и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    @DAngel јас немам намера да направам никому да му е тешко. Знам дека никој не посакува такво нешто, но се поголем е бројот на малолетни кои абортираат или некој од немарност немал доволно приход за трето и сл. глупости. Себично е.
    На тетка ми третото дете беше со "срцева аномалија" па ене го здраво и живо расте како сите други, а можеше и да не е така.
    Да се врати нешто не може, може само да се спречи. И да, секој има право на избор. Муабетот беше дела е ступидно да се споредува вадење заб со "вадење" насилно дете од утроба.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Извини Петра но недај боже плодот ако има аномалии и да се продолжи бременоста ти не правиш ни малце добро за своето дете туку му го загрозуваш животот.
    А лекарска грешка во сегашнава медицина верувај дека нема.
    Толку испитувања има да се убаво се види и воочи дали има аномалиа или нема.
     
    На makedonkamak, Lolo5, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    А како може докторот да направи детето да има, еве да речеме, Даунов синдром?

    Какво подобро утре ако детето ми е болно од неизлечлива болест??? Ц ц ц, какви глупости нема да прочитам.

    Абе ајде, немање доволно приходи е глупост? Себично, крајно себично е да имаш три деца а да немаш доволно пари да ги израснеш.

    Веќе нема да дискутирам со тебе, со болдираното доволно кажуваш.
     
    На SV1911, Lolo5, oblace1 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.263
    Допаѓања:
    81.827
    Пол:
    Женски
    Никој не доаѓа да ти го извади фетусот НАСИЛНО од матката. Сама одлучуваш за тоа.
     
    На Lolo5, YoungandBeautiful, Dust и 7 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Поступидно е да се тврди дека само од абортус може да се случат несакани последици, и тоа само ако е намерен, како да не можат да се случат од било што друго ниту пак од спонтан.
     
    На SV1911, Lolo5, YoungandBeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.393
    Допаѓања:
    183.560
    Пол:
    Женски
    Сарказмот е мој начин на комуникација со неистомислениците. Те разбирам што сакаш да кажеш, но и ти треба да прифатиш дека ова е форум и секој има различен начин на размислување и комуникација. Темите кои мене лично ми се ранливи, воопшто не ги ни читам. Но да не идеме во офтопици.
    Инаку не знам што мешате религија со темава. Ова никако не е поврзано едно со друго. Се работи за право врз сопственото тело. Значи сопственото. И не ми кажувајте дека плодот не е сопственост на жената, па затоа не треба таа да одлучува. Сѐ дури таа треба да го носи во утроба 9 месеци, нејзино тело, нејзина сопственост. И што толку се грижите за другите? Нивни избор, нивна тежина. А може и олеснување. Јас лично не знам дали би направила абортус, ако е сѐ во ред со плодот, но тоа не ме прави повеќе добра од некоја што не може да се сноси со последиците и одговорностите. Па читам имало домови за деца без родители. Па подобро да ме убијат, отколку да завршам во таков "дом". Каде што малтретираат, силуваат деца. Деца, ало! Прочитајте ги само сториите од пред еден месец. Ако ви е тоа нормално и Божја волја, тогаш тоа многу кажува за вас "безгрешните".
     
    На RoseRain, Lolo5, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Еве црквата забранува и абортус доколку се видат аномалии на плодот од било каков вид. Црквата вели ќе ја ПРИФАТИШ БОЖЈАТА ВОЛЈА. А јас пишував во темава во еден наврат. Божја волја е што Бог на сите ни дал здрав разум да носиме одлуки кои се ЗА НАС ДОБРИ. СЛОБОДНА ВОЛЈА. Подоцна сами одговараме за истото (дали ќе родиме дете со аномалии, дали ќе родиме дете и немаме како да го изгледаме достоинствено па ќе го фрустрираме цел живот, дали ќе родиме дете а не сме спремни истото да го воспитаме и одгледаме). Се е слободна волја.
    п.с. Верник сум со духовник, ама размислувам трезвено и разумно
     
    На Lolo5, ane.bella, Dust и 4 други им се допаѓа ова.