А што, мајките што родиле деца со Даун се будали, тоа сакаш да кажеш? Сите овие хуманитарни организации се глупост? Заради немање приход живот да земеш? Па и подобро да не ме цитираш. За тебе е глупост, ама ја се што прочитав од тебе е крајно себично и нехумано! @referentka кога јас ќе дојдам да коментирам, секаде се меша религија. Јас никаде не спомнав. Ни јас не знам зошто мислат дека коментирам од религиски аспект.
Незнам зошто , ама во секоја тема мора да се вмеша политика или религија Абортусот не е нешто нелегално па да е казниво според Закон !?! За какво чедоморство зборите, стварно незнам ?! И од каде Ви е таа идеа дека после намерен (сакан) абортус поради грешка во заштита/незаштита, неможе да се остане труден ? Да не се разбереме погрешно..абортусот ја ,,исцрпува,,матката, но дека неможеш да остамеш трудна после него-не е баш така.Контраиндикации има секој еден прозивод и зафат.. Операција е, како и секоја една друга операција е РИЗИЧЕН по здравјето (вклучувајќи ја и операцијата на заб, апропо муабетот погоре). Не драматизирајте, зашто да знаете само едно - да беше толку опасен како го опишувате немаше никој да го применува, и ќе се раѓаа деца на принцип ,,секое летенце-детенце,, Медицината е одамна напред отидена, за разлика од религијата која еднаш се создала и не се менува никогаш. Не дека се нема случено да се направи лекарска грешка и да дојде до нешто несакано, ама тоа во секоја област на медицината го има, не само во гинекологијата. Јас сум ЗА абортус, и жената да си има право да си реши што со себе и со тоа дете.Зашто ако го нема тоа право , тогаш нема право на свој сопствен живот со сопствени одлуки. ...а дека на секоја жена може да и се случи несакана бременост-МОЖЕ !..
Не се будали, имале избор и ги родиле. Значи избор. А будала ли е таа што сака да го абортира детето со Даун и знае дека нема да може да се справи со таа голема одговорност? Пандан на немање право на избор за абортус, е да мора да се абортира дете со аномалија. За мене нема разлика.
Ти навистина не умееш да дискутираш. Каде прочита, ајде цитирај ме, каде пишав дека некој е будала? Засрами се, возрасна жена си. Доколку знам дека мојот плод има било какви аномалии, ке се одлучам за абортус. Според мене, не е хумано да знаеш дека детето откако ке излезе од твојата утроба ке се мачи, ама сепак да го донесеш на овој свет. Значи у старт знаеш дека тоа мало човече ке е зависно од тебе целиот негов живот и нема да ужива. Добро, кажи во кој свет на фантазии живееш? Ајде објасни ми, нацртај ми како планираш да растеш дете ако немаш пари? Ако никнуваат парите на дрво, да одам и ја да ги берам. Или со молитва парите доаѓаат на сметка, у двор, под перница...? Дали според тебе е океј детето да ти гладува, да нема топол дом, да нема покрив на глава, ама да го родиш, јер Божја воља?
Што се возбуди толку ? Мое размислувањe споделив, не знам што толку се тревожите. Секој нека прави што сака. Не е свет на фантазии, туку гледање со други очи. Не гледаме исто. Сфати го тоа така и престани да ме цитираш, нема смисла.
Еве јас ќе кажам дека јас прекинав бременост и си го "убив" сопственото дете бидејки имаше тешка аномалиа и да немаше да живее како другите деца. @Petra777 Кога ќе дознаеш дека детето нема ни да збори а може нема ни да оди нема да разбира ништо едноставно ќе биде билка ти би го родила тоа дете? Јас не се чуствувам виновна бидејки го направив најдоброто. Лекараска грешка тука нема,имаш скрининзи,амниоцитеза мнр на фетусот а и други испитувања кои ќе укажат дека детето нема да има нормален живот. Ако ти мислиш дека такво дете ќе живее како другите деца треба доктор да бидеш. Еве мене Угриновски,Сајковски и уште другите 4 гинеколози ми потврдија дека тоа дете нема да има нормален живот. Дај да не се правиме со сила будали кога сите знаеме а и ти дека такво дете живот ќе нема.
Уште се водите по тоа што наметнува црквата? Прво, свештените лица не се водат по тоа, камоли обичните смртници. Неодамна на Сител имаше сведоштво на еден отец од СПЦ со снимки со се, дека свештеникот злоставувал млади момчиња, а некои ги користел за пари. Освен тоа меѓу себе си правеле оргии во самите цркви. Еден поп, мој роднина , има дете со братичетка му како резултат на прељуба. Уште верувате во тоа што го проповеда црквата, кога и тие што се должни да ја шират верата не веруваат во тоа. Аман од религиозниве! Абортусот не е казнив со закон, срамно е и ужасно да го поистоветувате со чедоморство. Дали некогаш сте се нашле во безизлезна ситуација, без финансии, без покрив над глава или некој друг проблем? На никоја не може да се случи несакана бремменост? Како може да кажете толку тешки зборови? Малолетничка бременост оправдувате? Како интервенциите да се превземаат во шупи и подруми , ова компликацииве ги кажувате како готово, завршила жената со репродукција, ја осакатиле.... При толку напредна медицина, приватни клиники и се и сешто , кога читам, мислам дека баба ми ми кажува за нејзиното време, ма дај.
И покрај напредната медицина аномалии и мани,детето на Ребека двете деца на кошаркарот Дарко Илиевски други случаи на деца со дауов синдром или мани аномалии кај децата зошто не се абортирани.Не е убава мислава ама еве примери каде трудници имаат нормални резултати во бременоста а потоа се констатираат аномалиите и сега се прашуваме зошто овие деца не се абортирани.Изгледа и покрај тоа што сме во 21 век и целата нова технологија сеуште се раѓаат деца со аномалии.Изгледа све е до така трбало да биде,судбина.
За Ребека со огромна сигурност ќе ти одговорам. Намерно го носеше плодот иако и кажаа во многу наврати дека има срцева мана. Таа баш од тие религиски убедувања дека е БОжја воља и со молитвите како @Petra777 што наведе дека треба да прифатиме и да се молиме за подобро утре мислела Ребека дека со молење болеста магично ќе исчезне. Кога се родил Маркијан се израдувале немал проблеми со срцето,но по годинка се увиделе други проблеми а подоцна и дијагноза на туберозна склероза. Другите две деца,близнаците се со ивф и од тие причини да не се случи како првото и се добро следени дали се развиваат како што треба кај позната д-рка. Значи има секакви жени. Некои се соочуваат со доказите на модерната медицина дека плодот е болен и абортираат,а некои веруваат во религијата и чудата на молитвите како Ребека и раѓаат а потоа животот им е пореметен до тоа ниво да на зимовање одеше башка со близнаците башка со Маркијан. Тоа е тоа. Кој како сака нека прави но според мене е себично да носиш болен плод кон него што го унаказуваш од убав живот,а за општеството кој трошок и терет се децата подоцна откако ќе се родат да не стане збор. Среќа некој родители имаат финансии и можат да си приуштат деца со посебни потреби за кои кога биле фетус им била дијагностицирана болест ама самите си знаат како им е на душичката. Јас сметам поубаво е да се спречи него ли да се лечи.
Никаква технологија не може да ја ,,поправи" аномалијата, не е магично стапче. Секако, освен ако не алудираш на криспр, ама тоа уште не е развиено. Аномалиите не се ниту судбина, ниту поклон од Бог, туку ,,грешки" во геномот. Секако, се поставува етичкото прашање дали треба да ги искорениме ако имаме можност за тоа или да ги оставиме да живеат така. Засега, не постои можност како првата, што значи следната алтернативна е абортус. Што се однесува до мене, стојам на тоа дека непостоење е подобро од патење и јас би абортирала дете со аномалија.
А што би направиле кога го раѓате детето и сте имале нормална бременост детето е ок и после некое време откриете дека има аномалија или му дијагностицираат дијагноза неубава,според Вашите мислења Вие ќе се каете што не сте го абортирале па да тоа е најлесно абортирај и уживај во животот,него да го прифатиш детето и да му дадеш љубов од срце па и со една нога да е.Не е лесно и да се абортира дете со аномалија сепак е дете.
Да знаеш дека детето има аномалија додека е уште во стомак и некое време по раѓањето да се дијагностицира некоја болест, се две сосема различни работи, знаеш веројатно и сама, нема потреба да се објаснуваме.
Имам една познаничка каде беше на повеќе мислења гинеколози каде сите и тврдеа аномалија на малото,но она остана бремена на повозрасни години и вели не го абортирам ќе го родам какво и да е нема да можам да останам пак бремена во години сум,и замислите детето здраво право нормално.Сепак бременоста е среќа во вреќа,индивидуално за секоја жена и секој со свој ксмет.Кој не доживеал не разбира како и колку е тежок абортусот од било која причина,но вие си знаете и си одлучувате,без каење кога ќе остарите и ќе се запрашате што би било,кад би било.
Не што не гледаме исто, јас те прашувам како планираш да растеш дете или деца доколку немаш финансии. На тема пари, нема што да гледаш, неопходни ти се. А ти велиш дека би гледала дете и да немаш пари. Те прашувам како планираш да го изведеш тоа?
Можам милиони морбидни обратни ситуации да ти кажам, кога човек би се прашувал дали би било подобро да абортирал, ама ете, не сакам затоа што не сакам да ја полнам темата со такви работи. Жал ми е што си имала спонтан, ама сфатете дека не можете и не е етички со "што би било кога би било" приказни да рушите девојки и жени. Замисли, сега твоето мислење сигурно го чита некоја жена што абортирала од х-причини, а ти и набиваш грижа на совест, како да не се прашува и самата секој ден "што би било кога би било".
Го почитувам твојот став, но кажи што би направила во оваа ситуација: Остануваш бремена на 16 год, немаш пари, немаш работа, немаш ни средно завршено, партнерот ти дава клоца, едино што добиваш од него е пари за абортус,а семејството тотално дисфункционално и не те смета за жива? Познавам ваков случај и скроз ја оправдувам одлуката на девојката. Знам, ќе речеш посвојување.... Но, не е поголем грев да живее во дом и тоа со овие наши мизерни социјални работници и цел живот да гори омраза и гнев во неговата душа зошто мајка му го напуштила? Има една група на ФБ што ги бараат биолошките родители , деца, браќа, сестри, душава ми се кине кога ги читам. Абортусот не е лесен за никого, но за жал, некогаш е единствена одлука, да не сме во кожата на тие жени.