Себично било да се изваде плод со аномалија од матката, од несакана бременост и во ситуација кога немаш доволно финансии? Знаете што е посебично? Да го родиш и да се мачи (цел живот) јер тоа било Божја волја. Јас никогаш не би родила, на пример, кога се знае дека плодот е со аномалија. Не само детето што ќе се мачи, и мене ќе ме мачи и знам дека никогаш нема да можам да се справам со тоа. Што кога животот на мајката е доведен во опасност, како примерот со младите девојчиња? И тогаш треба да се раѓа, животот на ембрион е побитен од животот на човечко суштество? И нема врска тоа што после абортус не можело да се забремени, тоа е операција која како и секоја друга си носи ризици. Доволно објаснето погоре за тоа. Јас ќе одлучувам за моето тело, а не Господ, општеството, државата, тие против абортус, незнамкој.
Сите сме силни на зборови,но никад не реци никад за никоја работа.Мислењето е општо не е наменето за никоја членка.
Сеа демек загриженост за опасностите што можат да ги снајдат жените што ги нарекуваат/сметаат за убијци... What if I told you дека најмногу ризик за компликации по понатамошното здравје на жената има ако оди скришно кај нелегални и неовластени лица за тоа, што се случува баш поради ваков менталитет ко вие што го покажувате? Среќа што тука нема во закон регулативи по ваш ќеф (како во Полска што ене ги протестираат во 21 век во членка на ЕУ за ова), за забрана на абортусот, па тоа да биде единствена опција за жените... Голема улога има религијата и фанатизмот во селективната емпатија по ова прашање, колку и да не сакаме да признаеме. Само што некој ете отворено си спамира со текстови, некој вергла во друг правец, и така...
Имаше ситуација на една млада девојка бебето имаше проблеми со хранопроводот и рекоа 20% ке биде живо ако после раѓањето се однесе во словенија на операција а таму чини 67 илјади евра. И сеа што да се прави од каде толку пари? Не викајте нешто што нее возможно во животот. На секого сешто може да му се случи и не удирајте глава во ѕид. Јас сваќам боли тоа што некој немате дечиња но еве и јас немам и сум со спомтани па не удирам глава во ѕид по секоја цена да имам дете дали ќе биде без нозе или без пола мозок. Барем сега има нови технологии со ин витро и се раѓа здраво дете. Имаше случај со родители носители на цистична фиброза и со ин витро добија здраво дете.
Видете бременоста е мачка во вреќа. Доколку се потврди дека истата е ризична со плод кој подоцна ќе биде дете со аномалии мислам не е во ред да се измачува тоа дете. Векот на живеење на таквите деца е многу мал. Најмногу 40години. Кој тоа дете ќе го чува кога ќе ПОЧИНАТ РОДИТЕЛИТЕ???? Чив "товар" ќе биде ??? Ако веќе се знае дека не е во ред за таков чекор да се одлучиш треба јака псијофизичка и финансиска спрема. Не е тоа плукни залепи
Значи такви глупости прочитав на последните страни срам да го фате човек Еве јас од друга страна ке го свртам муабетот Да носиш плод со дефект и да те убедуваат дека бебето е ок се пораѓаш и ништо не е ок значи тежок деформитет со мозок Дали е фер спрема мајакта што немала ни можност да одлуче дали го сака или не го сака тоа бебе да се роде? Кој ке одговара во ситуациата сеага одкако бебето е родено живо а? Имаме некакви закони ние тука ?Не немаме никој не одговара
А и уште едно прашање : Зошто сите вие кои тврдите дека не треба да се абортира такво бебе одите на РЕДОВНИ прргледи. Ондак до 9 месеци уживајте дома и не се замарајте какво е бебето. Нема потреба нели. Ни амнио ни приска ништо
Сите вие што се против абортус, сте против правото на избор. Во 21-ви век. И ова доаѓа од жени за жени. Знаете, ако јас утре го сменам моето мислење во врска со абортусот, да речеме непланирано трудна останувам, имам право на избор да го задржам плодот. Ама ако вие го смените вашето мислење, а во меѓувреме се донесе ваков назаден и деградирачки закон кој е против абортус, вие нема да имате право на избор. Ја сфаќате разликата?
Кога тоа би било право на избор дали исто така би божело да биде право на избор и друг вид на убиство без притоа да се одговара? Не. Убиство си е убиство без разлика кога од кој и на каков начин е извршено. Право на избор е нешто што може да одлучиме за себе а не за туѓ живот во случај бебе.
Немој, не се мачи Сигурно не поддржува. А кажи ми, на кој би требало да одговараме? На инквизицијата? За другарките на форумов прашувам.
Да зошто да не, тука веќе се врши промена на своето тело а не на страно тело. Подобро стерилизација кога веќе не сакаме потомство а не абортус.
Те сфаќам, но тука вината ја префрлам на родителите. Ја на 16год не знаев како изгледа (така е зборот) машки полов органa, а не пак со стомак да шетам. Тоа што е се излезено надвор од контрола е друга работа. Ваљда некоја што знае како се прави онаа работа, ќе научи и пелена да мења. Ако за некого оставање дете во дом е спас, за друг кој не може да има дете е благослов. Знам многу среќни посвоени деца. Тоа и јас реков, дека не е лесна одлука, како вадење заб. Некој прави компарација на заб со бебе. Сега ставам крај на муабетот затоа што ми е навистина болна тема . Мој живот-мое право. Се извинувам ако повредив некого, немав таква намера.
Не бидејќи сеуште незнам дали ќе имам деца исто така и сеуште не си ја знам партнерката со која би имал деца. А и сигурно знаеш дека постои превенција од бременост.
Навистина те разбирам и го почитувам твојот став. Но, живееме во РМ и посвојувањето знаеме кој трнлив пат е. Колку се митароши во домовине, уценувачи, за жал знам блиски пријатели кои крв проплукаа што се вели додека да земат дете , а да не правиме муабет за целото фрлено богатсво. Ги фаќаат во зорт, најчесно старосна граница, оти не се сеќавам точно до која возраст имаат пеаво да посвојат дете и да узбрзаат постапка ги дерат од пари. За тоа време што ли прават тие деца во домовите? Буквално се ставени на пазар , а да најдеш жена и да и го дадеш детето , тешко, законска процедура мора да се помине. Да живееме во нормална држава разбирам, но тука се е тешко и нечесно.
Ова, ова... Одвратно, во најмала рака. Па со лајкчиња, со све. Жени, во ред е да го браните правото на избор. Сосема е во ред, и е право на жената да си одлучи сама за себе. Ама да го почитувавме малку и правото на избор на оние што одлучиле поинаку, а? Овде спомнуваш конкретен случај, на конкретна жена која многу лесно може да прочита. А очигледно си во нејзина близина и изнесуваш приватни детали. Од вакви блиски што те коментираат по форуми, подалеку. Пред неа и пред детето си сигурно најфина, а овде се ослободи под маската на анонимност, ма браво! "Кој како сака нека прави, но според мене е себично да носиш болен плод." Ќе те оставам малку да размислиш за правото на избор и неосудувањето што толку се проповеда на темава. Во обид да се одбрани својот став се оди предалеку. Во нешта што апсолутно не се ваша работа. Исто како оние што ќе искористат израз убиец или себична за мајката што абортира. Само сум запрепастена како ова осудување од другава страна се смета за нешто што е во ред и ултра-либерално.
Дај бе луѓе, право на избор. Да задржиш болен плод, ако сакаш. Да абортираш здрав плод, ако сакаш. Да оставиш во дом, ако сакаш. Сфаќам некој да си има религиски убедувања или можеби некакви други и поради нив да не сака да направи одредени промени, во својот живот, ама тоа мислење, не да се наметнува, туку да го користи како "оружје" во форма на осуда против жени кои абортирале, или сакаат да абортираат, е апсурдно, грешно и глупаво. Лично јас, сметам дека секој со своето тело може да направи што сака. Што би правела јас е можеби апсолутно спротивно, ама затоа се вика право на избор. Само ве молам не почнувајте со домовите. Да, многу деца се посвоени, дур се бебиња. Што со останатите? Знаете колку остануваат да растат без родители, без љубов? Судете ме, ама едно е да го оставиш детето во дом, а сосем друго да го абортираш. Со едното можеби ќе го осудиш на живот без кров на глава, храна, љубов, семејство. Шансите дека ќе има семејство и добар живот се помали. Велите дека сакате деца, ама кога давате опцијата дом - не ви верувам. Посетете, распрашајте се за децата, ѕирнете им во иднината. Гушнете едно дете и дур го гушкате думајте како после 10г можи уште нема да има дом, ама сега е тука, родено и те гушка и те прашува дали ќе му бидеш мама и дали ќе го носиш дома. И не велам дека детево требало да биди абортус, родено е, здраво и расти, ама е несреќно, губи надеж, животот е суров за него уште пред да е почнат и треба само да припомогни во одлуки за нечија бременост. Или пак дур сте таму видете родилка која чека таму, после пораѓај ќе го остава детето, ама не личи на родилка туку на оџак. Каква иднина му дава на детето? Болна? Фер е тоа? Неа не ѝ е грижа, посекако ќе го остави. Едно е да речеш дека во моментов, сум трудна и сакам да абортирам, а сосем друго е да видиш дете и да речеш дека требаше да е абортус. Второто е грешно и морам да напоменам зошто изгледа како да го застапувам тоа мислење, иако тоа не е вистина. Сфаќам како грешно можи да се протолкува. Ама, ако некоја жена реши да го остави детето во дом, која сум јас да судам? Исто така сфаќам дека многу тука кои се против абортус, не можат да имаат деца, се мачат со спонтани и сл. Тоа што вие сакате дете нема да натера друга мајка повеќе да го сака своето, или пак чинот на абортус да го направи грешен и убиство. Зошто не е. Ама ви посакувам да се исполните како родители, навистина. Абортусот не е убиство, убиваш потенцијален живот, ама секоја менструација и секоја сперма е потенцијален живот. Контрацепцијата би била најголем убиец. Убиство е да убиеш родено дете, да му мислиш лошо на родено дете, да не се грижиш за родено дете. Зошто роденото дете е живот кој е сега и тука. Би пишала и како јас би постапила во ситуација на несакана бременост, ама би било повторување не знам кој пат па нема смисла. Простете глупави печатни грешки, мислењево буквално за добро утро ми дојде и го читам наново мислењево и не гледам грешки, уште спијам на едно око сепак.
А твоите акузации воопшто не се одвратни па. И цел филм сврте. Ребека беше гостинка во емисија пред неколку години и зборуваше отворено за бременоста и предизвикот околу одгледувањето на Маркијан. Сите овие работи ги кажа и таму. Еве за некои тоа е себично, за мене е нехумано спрема идното дете, доколку знам дека има вродени компликации, да го оставам во дополнително измачување во и онака комплицираниот свет.