Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.629 глас(а)
    73,0%
  2. Не, никако

    602 глас(а)
    27,0%
  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Мишела, убаво си напишала членката дека со голема сигурност може да зборува за Ребека. Пишала за нејзините зимски одмори, сигурно не слушнала за тоа од емисија. :D
    Сум ја гледала и читала и јас Ребека. Тоа што јавно го кажува е дека е тешко, но дека тоа дете и' е благослов. Знаела и одлучила да го роди и да му даде љубов и се' што може да му овозможи. Кои сме ние да кажуваме дека било грешка? Дека поради себичната одлука на мајката тоа сега се измачува и е трошок на општеството?! Не, добило шанса за живот и тоа бил нејзин, сосема легитимен избор. Нели право на избор? Што, зарем задолжителен треба да биде абортусот за плод со аномалии?

    А ова е одвратно, како и да го вртиш и колку сакаш и да си го оправдуваш лајкот:
    Истиов муабет го правевме и претходно на темава. Овде веќе станува збор за живо, родено дете кое го ставате во контекст за оправдување на абортус. Тоа не е нехумано?
     
    На YoungandBeautiful, Martka и DAngel им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не мислеше лошо @LivingGlam
    Секој за својот живот. Ако сака да абортира, супер, ако сака да го гледа детето пак супер, ама не е во ред да кажеш дека е себично тоа што одлучила да го задржи или абортира.
     
    На Lolo5, Tan4ence, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    А што пак толку се потресувате од зборот -себичен? Особина е што сите ја поседуваме, помалку или повеќе свесни за неа.
     
    На RoseRain, CaraMia и Petra777 им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.265
    Допаѓања:
    81.828
    Пол:
    Женски
    Не си го оправдувам лајкот, зошто мислиш така? И ова е патем прашање на кое не очекувам одговор зашто не е темата Лајкови, туку Абортус.
    Смешно е ова водењето евиденција само, ама како сакаш.

    Го испревртевте и контекстот во кој беше спомнат овој случај, муабетот не беше зошто го родила - требало да го абортира, и никој не ја обвини за нејзиниот избор,туку дали ја знаела дијагнозата или не. Дали ќе абортира или не, секако е личен избор и не знам зошто се крена толку прашина.
    Случајот го изоставив, се изјаснив дека доколку мене ми дадат дијагноза, знам дека би се одлучила за опција абортус.

    Патем, јас не го ставив детето на тапет, дискусијата продолжи си ја со жената која го спомнала ова.
    Мене исто толку безвезално ми е и ова твоето со обвиненијата, но повторно - како сакаш.
     
    На Lolo5 и CaraMia им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Мислењето беше прилично осудувачко и затоа ме зачуди поддршката, не е дека водам евиденција, уживај. :D

    Ќе си ја продолжам дискусијата со членката, секако, само ти влезе во неа за да го оправдаш мислење кое воопшто не е за оправдување. Па ти одговорив бидејќи ме цитира. ;)
    Koнтекстот не го испревртив ич. Достапно е мислењето, можеш да го прочиташ повторно. Иако мислам дека модераторите треба да реагираат, бидејќи може многу да повреди чувства на конкретна, именувана мајка.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.265
    Допаѓања:
    81.828
    Пол:
    Женски
    Па мислев дека не знаеш оти сите овие работи се дискутирани во емисија, само тоа. ;)
    Добро штом си знаела, останатото си е твое.
     
    На CaraMia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    Ова за Ребека го има низ медиуми. Скоро читав дека ги носи децата на посебни летувања и зимувања. Сама кажуваше за работи кои ги овде дискутирате.
     
    На CaraMia, Mishela и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Сакам само да искоментирам нешто околу тоа "болен плод". На една пријателка на сестра и и дијагностицирале не знам каква болест на бебето-плодот и и рекле дека ќе мора да го абортира, а ако не, можело да биде фетално за неа и за бебето. Жената се реши, го роди, исчува и како што гледам на детево ништо не му фали а ни на мајката. И друг случај знам каде жената правеше амниоцинтеза, и кажуваа се и сешто, ваков ризик, онаков па на крај си роди здраво девојче. Да не знае човек што да мисли од "модернава" медицина.
    Која сум јас да кажам дали е себично да задржиш плод кој има аномалии. И жениве тогаш биле убедени од докторите дека ќе родат болно дете, па ете се покажало спротивното, ама тие биле решени да го родат без разлика на се, дури и да е болно и да се измачува.
    Грев е да кажам било каков одговор. Само се надевам дека Господ за секое зачнато дете има план, кој луѓето некогаш свесно го уништуваат. Од една страна некоја абортира здраво право дете, од друга страна друга се решава да го роди иако не би имало здрава иднина. Кој е тука себичен? Дали двете се себични? Јас мислам дека првата е себична и мислела само на себе а не и на детето. Тоа е факт, кој со никоја дебата некој не може да ме убеди во спротивното. И тоа е еднакво на убиство.
    Кај плод со аномалии, не знам дали е себичност, од причина што и докторите грешат понекогаш, а тоа може многу скапо да не чини, скапо како убиство. Благословени се оние кои сепак решаваат и го раѓаат, некогаш навистина со аномалии, но некогаш здраво. Дали е себично ако родиш дете со аномалии, може да каже само некој кој имал такво искуство. Никој не знае колку е тешко да го оставиш во институција и да го гледаш ретко и секоја средба да те уништува уште повеќе, никој не знае ни колку е тешко да го чуваш дома врзано за количка, да се откажеш од својот живот за да му помогнеш малку нему, свесна дека тоа не е помош. Болно е да го гледаш секој ден избегнувано од другите деца, различно од другите, во физичка и емотивна болка. Тоа е болка која само најхрабрите мајки можат да ја поднесат.
    Гледајќи од аспект на тоа дека можеби тие деца живеат во свој свет и се среќни, ја намалува себичноста на нивните мајки во изборот да ги родат. Оние со помали аномалии, можеби не се ни свесни дека другите ги избегнуваат, тие може си мислат дека ние сме различни од нив и не припаѓаме во нивниот свет, што не ја намалува болката што сме во физички и емоционално во различно светови и никогаш нема да ги соединиме истите.
    Само едно сакам да укажам, мајките што решиле да го родат бебето по секоја цена не се за осуда, туку за восхит. Некогаш вербата не ги напушта до крај и ќе им бидат исполнети молитвите, некогаш се случува најстрашното. Не зборувам за случаи кога плодот не може да се развие и да има потреба од спонтан абортус. Не мислам дека тие мајки се себични, туку мислам дека направиле се за своето дете до самиот крај. Сега барем има начини да се дознае за аномалиите, што не било случај порано, па кога раѓале болни деца за кои претходно никој не ги предупредил.
     
    На Starchild, Valentina.Vaki, Petra777 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Сега најдов статија за тоа.
    Се извинувам.

    Ама во интервјуто исто така кажува дека супер си се забавувале. Зошто тоа да се игнорира а да се потенцира пореметен живот?
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    Искоментирав само за податоците за Ребека, другиот дел од дискусијата го изоставив оти не ја дочитав до крај.

    Но, гледајќи како овие мајки функционираат и се борат за овие деца, јас само можам да им се поклонам. Колкава љубов имаат, сила.
    Сепак право на одлука е, секако дека е тешко одгледувањето на вакво дете, ама кои сме ние да судиме за тоа?
    Може и здраво дете да родеш, а да се разболе.
    Ова ми е од ситуациите, се додека не си во ваква состојба, не можеш да знаеш како би постапил.

    И многу битен момент, не е проблемот да го родеш и да го одгледуваш, туку проблемот е нашето општество. Ние, немаме свест за вакви работи. Премногу сме примитивни и ограчни за лицата со ретки болести, со ментална попреченост. И овде е проблемот, дилемата всушност. Дали можеме да одгледуваме вакво дете во оваа општество.
     
    На CaraMia, Nausicaa, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    И оваа ограниченост многу е изразена низ темава, за жал.
    Беа спомнати и децата со Даунов низ претходните страни, во негативен контекст и без капка осет дека некој може да се најде повреден.
    Нејќев ни да коментирам околу тоа, зашто пак ќе се провлекува истиот муабет.

    Ама може да си искажете став без да покажувате со прст кон некого. Всушност тоа најмногу и пречи кога хардкор верниците сакаат да наметнат мислење и покажуваат со прст кон жените кои абортиле, а низ овие коментари се провлекува истото.
     
    На JuLleE и DAngel им се допаѓа ова.
  12. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Самиот момент што вадиш од контекст се кажува за тебе ама ај.
    Значи јас не ја спомнав за детето на Ребека и децата на кошаркар Дарко туку @Martka спомна а јас се надоврзав за случајот на Ребека зошто таа самата го направи јавен.
    Еве за кошаркаров не знам ништо:?:
    Не летај многу која анонимност која блискост со Ребека??
    Жената е претседател на Дајте ни крила и сама го има кажано ова и во интревју во весник и на тв. Ребека е јавна личност која самата решила да ја сподели приказната. Мое е да земам пример од нејзината одлука. И земав пример а ти оди дома да си слоиш памет кој како да прифаќа и се однесува.Мое право е да мислам дека одлуката и е погрешна. И самата Ребека има кажано месечно терапија за детето е 300евра.
     
    Последна измена: 30 март 2018
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Ама не. Немаш никакво право да мислиш и да пишуваш дека некое дете не требало да биде на овој свет. Океј?
    Имаш право да мислиш што ти би направила во таков случај, а не што друг би требало да направи.
     
    На Annath, Tan4ence, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    А каде виде дека јас сум била блиска со Ребека и сум ја убедувала што да одлучи за нејзино дете а?:^)
    Нема потреба да ми одговориш и додека си полна со предрасуди и напад-како јас сум блиска на Ребека и изнесувам детали од нејзин живот-Спилберг не ти е рамен:D
    Прво прашај што е како е па суди а вака кога од страт осудуваш погрепно ич нема потреба да ме цитираш.
    Пријатен ден:hai:
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    A каде јас реков дека си ја убедувала? :D Сеа ти си Спилберг. :D
    Претпоставив дека си од нејзина околина, се извинив штом тоа не било точно. Зад остатокот од мислењето си стојам, осудувањето беше одвратно.

    Пријатен ден и тебе. :)

    Патем, некој еднаш напиша на темава дека про-чојс движењето нема екстреми. Мислам дека беше @Bender Rodriguez. Епа еве ги екстремистите.
     
    На Bender Rodriguez и DAngel им се допаѓа ова.
  16. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Прифатено е извинувањето,благодарам.
    Те разбирам на што ми посочуваш и прифаќам.
    Муабетот отиде во таа наоска и така поделува,тоа сакам да ти напишам дека вадиш од контекст,ете и @Mishela исто ти напишала и те насочила да ми се закачиш мене:D
    Инаку се лутела ти одобрувала јас и обратно мислам дека законски е фетус со аномалија да се абортира,освен ако самата мајка 100% одлучила да го задржи.
    Мој личен став е дека на ова општество му требаат здрави деца и толку.
    А секој нека си прави избор.
    Ако некој смета дека има пари и воља и услови и се да одржува дете со посебни потреби бујрум нека го задржи и раѓа.
     
    Последна измена: 30 март 2018
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не е дали си блиска.
    Не е во ред, ни едното ни другото. Како што не се во ред "што би било кога би било" приказни за оние кои абортирале, истите такви приказни не се во ред и за оние кои не абортирале.
    И едните и другите жени секојдневно се борат за справување со таа нивна одлука.
    И физички, и психички, и општествено.
    Осуда е да кажеш дека некој погрешил што абортирал, ама осуда е и да кажеш дека некој погрешил што не абортирал. И едното и другото се подеднакво лоши. Право на избор значи жената да може да го избере и едното и другото без да биде осудувана.
    и искрено, и мене ме трогна колкав негативизам прочитав за болните од аутизам. Не се тие смртно болни, што така ги прикажувате. Не се неспособни. Некои од нив може се поинтелигентни и од вас... just saying
     
    На Lolo5, Lella, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Немам што јас да одобрувам, законски е и тоа е во ред. Ама не е задолжително, и тоа пак си е во ред.
     
    На CaraMia и DAngel им се допаѓа ова.
  19. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Па дефинитивно се поинтелигентни од тие што аутизам го поистоветуваат со склероза на нервен систем;)
    За сосем исто зборуваме. Одлука на секоја мајка е тоа. Но мајка која безусловно и несебично сака знае да донесе исправна одлука.
    Занчи кога се носат одлуки од општествено значење не се гледа јас како поединец што мислам,треба да се гледа на долгореочен план. Баарем во високо развиените земји е така. Тука ќе те осудат ако размислуваш за подобра иднина на цело општество,на цел народ и младина а не друго.
    Не сакам никој да остане навреден или повреден моето мислење е напишано јас сметам на здраво општество,толку од мене.
     
    Последна измена: 30 март 2018
  20. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Кога лежев пред некоја година на ГАК имаше едно девојче од источниот дел на Македонија и беше 5 месец дете право здраво и без аномалија и дошла да абортира зошто типов таткото на бебето бил женет и има дете не сакал уште едно а и ќе зборувале кожшиитр градот нели и девојчево со 3потписи од специјалистите прво и го усмртија плодот со голема инекција и со провокација го роди,абортира.Немам коментар.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.