Не разбирам каква врска има аутизмот со мултиплекс склероза, или ти стварно појма немаш што зборуваш.. Имаш аутистични луѓе со завршен факултет, не само низ светот туку и тука во државата. На Балканот имаш кафичи кај што келнерите се аутистични лица. Толку блиску до вас имате доказ дека овие луѓе не се инфериорни на нас, пак тресете зелени.
Да, да сигурно. Жени поминуваат низ триста комисии за недај Боже плод со тешки аномалии и чекаат со недели за абортус. Ова апсолутно не е вистина. Ова го нема ни по приватните.
Кој спомна мултиплекс склероза,ај прочепкај по интернетот па увери се колку ти тресеш глупости. Ама поарно ич не проверувај и породолжи вака бескрајно со глупоста
Самото родителство бара психичка подготвеност, подготвеност за грижа, одговорност и пружање љубов. За дете со аномалии/посебни потреби сето тоа е потребно на уште повисоко ниво. Ако една жена, со својот карактер каков што си се познава самата и сите околности во кои се наоѓа, сфати дека не е способна да му го пружи тоа и да се справи со таа состојба - одлуката абортус (која сигурно пак не е со задоволство донесена) не е за осудување и за етикета „себичност“. Ама, од друга страна - мајките што сепак одлучиле да родат и родиле во таква ситуација се за посебна почит и восхит, заедно со тие деца и сите оние кои од хумани причини се активираат за поддршка и подигање на свеста за лицата со посебни потреби. Ова е многу чувствителна тема и не треба да се земаат во никој случај тие деца како некакви примери, ниту пак да се прават паралели и споредби.
Кога веќе спомна здраво општество, тие што се против абортус ќе ти кажат дека наталитетот на Македонците е загрозен и за здраво општество треба да придонесат со здрави деца, а не да ги абортираат. И што, да им го земеме овој аргумент здраво за готово? И во високо развиените земји има мајки што решаваат да родат и покрај тоа што знаат за аномалија. Не знам дали вака се осудени од општеството. И ај уште ова одговори ми, за да сум сигурна дека се разбираме. Ако добро те сфаќам, сакаш да кажеш дека исправната одлука на мајка која несебично и безусловно сака е да го абортира тој плод? Дека ако го роди го нарушува балансот на здраво општество?
Кога ќе лежиш таму мила моја сите невистини ќе ти се вистина и јас како тебе верував дека не е така ама се случуваат работи за кои и двете се чудиме.А девојката беше со врски и срамот е голем таму све е можно.Се тресеа докторите да потпишат ама врски бе брат...
Во високо развиените земји свеста на мајките и организацијата на здравствениот систем е на такво ниво што таму се подразбира што е исправно. Инаку јас пак ќе напишам личен избор е мајката што ќе одлучи. Моето мислење е какво е. И мислењето на оние против абортус е такво какво е. Ама ти пак сакаш да вадиш од контекст квалитет на природен прираст т.е. здраво општество и квантитет на природен прираст т.е. целта на против абортус само да се раѓа не е исто разбери веќе еднаш. Кој како сака нека мисли негово лично право и нека прави како сака. Јас нит некому му се восхитувам нит пак го осудувам. А и да му се восхитулам или осудувам тој или таа ќе направи како што смета дека треба независно од моето мислење или однесување. Независен и свесен човек за своите постапки би постапил како смета дека е исправно и крај на дискусијава барем од моја страна.
А јас мислам дека и двете страни малку застранија. Абортус луѓе, не калкулации на здраво Вс. нездраво и какво и да е општество. Малку е глупаво да збориме за здраво општество во време кога канцерот е во полн ек и во време кога воздухот што го дишеме вришти од болести.
Изначитав многу глупости, многу мислења за кои верувам дека се пишани од млади девојки кои се уште не се запознале со мајчинството..ај не е битно..но, сакам да пишам, вака, како најстара на форумов.... Абортусот треба да биде легален и право на избор, на донесување на одлуката да има само жената и никој друг....значи право на женско одлучување...и точка.
Мишела воопшто не е глупаво. Убаво што ги наведе околинските фактори кои се негативни за здрав живот,рак,загаденост.Па во случај на организам кои генетски има аномалија во ваква околина и организам кои се сосем здрав а живее во ваква околина кој мислип има предиспозиција да опстане и преживее подолго време и да има до некаде квалитетен живот и покрај негативните околински фактори? Сепак онака размислување чисто. Темата е за абортусот секако. Јас кажав мислење и да не бидам одвишок веќе.
Глупаво е, затоа што во случај кога некоја жена би се соочувала со фактот дека носи плод со вродена аномалија, се сомневам дека би се замарала со било какви калкулации во однос на општеството и болното население кое има иста дијагноза или некоја друга. Јас би се прашувала дали лично можам да се справам со сите предизвици и притисоци, или не. А не со некои статистики на високоразвиени или затуцани земји.
Затоа има закон и правила и лица кои мора професионално да постапат во случај на фетус со аномалии. Родилката можда и да не е свесна,ама затоа има евиденција,дијагноза,статистика итн. Ни малку не е глупаво или глупава обврската која се имаво вакви случаи. Тие се важни елементи за да се планира долгорочно рамка на здравствена политика во високоразвиена земја. Ама убаво пиша овде во затуцана земја се е такво
Каков е тој закон и која е таа професионална обврска во развиените земји (освен совет, секако), кои претпоставуваат дека родилката не е свесна да носи одлука? Конкретно ме интересира. Ако може некој извадок, член?
А ако родилката не е свесна, кој ќе ја донесе одлуката за/против абортус? Дали мислиш дека има некој покомпетентен од самата таа? Со ова некако не се рабираме, самата успеа да си ја испревртиш поентата кон нешто сосема друго. Ако дојде до вклучување на трето лице при абортус, неповрзано со жената или со идните родители, абортусот и „слободнот избор“ во тој случај едноставно нема поента.
Не си ја испревртила поентата, уште од првото мислење и' беше очигледна, само малку позавиена. Тоа и се обидував цело време да го пишам, инаку воопшто не се мешам кога некој се залага за право на избор. Океј @CaraMia, право на мислење. Само, многу е погрешно кога го насочуваш кон конкретни лица.
Јас не чекав со недели за абортус бев касна бременост и со аномалиа. Чекав само од четврток до вторник бидејки комисијата работо само во вторник. А ова горе е вистина имам и јас пишано ваков случај тука,плаќаат по 15 илјади и завршуваат работа. А и во приватните има ама плаќаш исто како пораѓај.
Обрати се кај @Martka мене изземиме од муабети надвор од тема. Јас сум за абортус. Сум за секој да има право на избор. Нит се восхитувам нит осудувам жени што раѓаат плод со аномилија. Во благодарам што ме вадите од контекст и осудувате и оценувате мои мислења ама темата е Абортус.
Ti blagodarim Eve za mene che si kazham..jas mm ne go gledam samo za zadovolstvo eve primer ostanuvam pak bremena i pomisluvam da go abortiram bebcheto..sto mislish vaka po tvoe sama treba da si odlucham dali da go rodam toa bebe ili treba so mm da si zbornam ?