Нормално душо дека со сопругот ќе си направите моабет, не гледам што е тука спорно...единствено ако ви е непланирана бременост каде што сте имале незаштитен секс...
Токму за ова ти беше муабетот, после и си се потврди сама. Како е ова понаку и понеагресивно од мислењето на оние што сметаат дека абортусот е погрешен? Па и родилка која не била свесна спомна. И обврска во такви случаи.
Во случаите кои јас ги наведов во мојот претходен пост испаднало обратното, децата се живи, здрави, прави. Законот предвидува а не обврзува да се изврши абортус во наведените услови во законот. Изборот е на мајката во таков случај. Како што човек може да се согласи или да одбие некоја медицинска интервенција, така и со ова, никој не може да ја присили. Оди сокриј се, те молам и не излегувај некое време, додека не го свариш она кое си го напишала. Има деца се раѓаат здрави па се разболуваат. На луѓето им требаат илјадници евра чија бројка не можат ни да си ја замислат и бараат хуманитарна помош. Значи, според тебе тие родители треба да се откажат од детето дека немаат пари па бујрум, нека го фрлат на улица или нека го остават да умре без да направат обиди да го излечат. Луѓе и свои органи продаваат за да му помогнат на детето !!!!! Ме интересира дали си мајка??? Без разлика дали си мајка, вакво нехумано, злобно, себично, размислување не е својствено за човекот. Овде веќе не станува збор дали треба да го родиш за да се мачи или да прекинеш бременост за да не се мачи, тука има нешто ладно, одбивно за неверување. На општеството му требале само здрави деца. Епа ај да ги затвориме болнициве и сите болни да ги палиме на клада, според тебе, нели?
Одлуката е твоја, но сепак и сопругот е твој и бебето е ваше и ред на нештата, се разбира ако го почитуваш сопругот и имате добар брак, е тоа дека треба да се договорите што и како понатака. Мажите во повеќе случаи оставаат жената да одлучи што ќе прави.
Дошло ред и јас на @Abeja да лајкнам мислење, готово, бфф ќе станеме. Бракот е заедница, одлуките двајцата партнери ги донесуваат заедно, преку разговор. Нормално, кога се работи за абортус, ПОСЛЕДНИОТ збор би требало да го има жената, ама таа треба и да земе во предвид кои се последиците од нејзината одлука, ако не се на иста бранова должина со партнерот.
Не знам што да кажам. Неверојатно е за верување. Инаку баш знам случај кој чекаше неколку недели за одобрување абортус. Изгледа секој со среќата.
Јас знам дека ти скришно ме обожаваш ама од инат не ме лајкнуваш, особено во политика И специ ме обожава, ама она е потврд камен. Нарушените семејни односи се и една од причините во склоп со други, кои дозволуваат абортус, ги има во законот. Иако јас сум против абортус, свесна сум дека постојат неподносливи услови во кои луѓето живеат, но ако нема услови а е здрава и нема негативни последици по мајката и плодот, зошто да не го роди и даде на посвојување. Што е криво тоа дете па мора да умре а може да живее со друго семејство? Ќе дојде ден кога таа истата мајка ќе посака да роди, ама работите се враќаат како бумеранг.
Да, така напишав и се' уште стојам зад тоа. Самиот израз, pro-choice, значи дека луѓето кои се идентификуваат со него се за да постои право на избор кај жената, а не наметнување на какво било решение - сеедно дали е тоа абортус или раѓање. Освен тоа, дискусијата на тема абортус би требало да опфаќа ембриони и фетуси - сосема е невкусно да се дискутира за веќе родени деца. На темава може да се дискутира дали фетус на кој му е дијагностицирано генетско заболување или друга аномалија треба да се абортира или да се роди. И за вакво нешто би рекол дека да, за мене абортусот е најприфатлива опција и дека свесното раѓање на такво дете е сурово и неправедно, пред се', кон него. Но вакви деца постојат и се родени од најразлични причини - најчесто, затоа што аномалијата не била детектирана за време на бременоста - ретки се тие мајки кои свесно родиле такви деца. Сепак, каква и да е причината, ќе повторам - невкусно е да се збори за веќе родени деца во тема за абортус. Така да, екстремизмот кој ти го посочуваш погоре не се однесува на прочојсери - затоа што изборот се прави пред да се роди дететео, до третиот месец од бременоста. Екстремизам кон веќе родени деца и луѓе со психичка или физичка попреченост повеќе ме потсеќа на политика од Третиот рајх, а не на став на прочојсер.
Ова мене ми изгледа на прилично екстремно мислење што не е во согласност со про-чојс терминот. Да, такви мајки постојат и свесно ја донеле одлуката. Не се ни сурови ни неправедни, му даваат на тоа дете се’ што немало да има ако не било родено. Има и добро во нивниот живот, не е само страдање. И сепак ова е зборување за веќе родени деца. Не мислев само на мислењата за деца со попреченост како екстремизам, туку и на оние што ”одредуваат” што е поправилно а што е сурово. Тоа е скроз исто со мислењата дека абортусот е суров, кои толку се напаѓаат на темава. И овде се коментира одлука на која жената има апсолутно и легитимно право.
Можеби, но затоа напишав дека тоа е мој став и нагласив „за мене, абортусот би бил најприфатлива опција“. Ниту го промовирам моето лично видување на работите како најточно и најправилно, ниту тврдам дека е од Бога дадено, ниту дека секој кој не се сложува со мене е грешник и ќе гори во пеколот, ниту пак барам абортирањето на фетуси со откриени аномалии да стане дел од законската регулатива. Правото на избор не е идеално, но е дефинитивно најдоброто решение кое го имаме на располагање. И во тоа, in a nutshell, е разликата помеѓу повеќето прочојсери и пролајфери.
Можеби ти не промовираш, но погоре беше промовирано во име на науката и општествената корист како правилно. И не велиш дека е грешник, но велиш дека е сурова, и тоа е подеднакво несоодветен коментар. Има безброј коментари на темава ко одговор на она ‘убиец’ дека е нечовечно, и со право е таквата реакција. Ама во обид да се нападнат тие екстреми, се отиде во други.
Тие што постојано вадат од контекст истото го направија со моето мислење што потполно е исто како твоето болдирано. Јас никаде не реков нечие дете да се осуди на смрт итн. Реков исто како тебе дека свесно раѓање на фетус со аномалија е сурово и неправедно и пред се себично кон него,а башка кон целото општество. Не наметнувам мислење само го пишувам исто и како ти.
Сте ги испревртеле работите до бескрај. Не поддржувам абортус само за личен комодитет и од своја непромисленост. Се останато кој како сака...секој својот избор. Но, мислам дека е еднакво болно да се абортира дете со аномалија и да се роди како такво и целиот живот да си одговорен за неговата агонија.
И за мене. Интересно е како се менува мајнсетот кога ќе видиш слика и ќе прочиташ приказна... Тажно е...