Да незнам и да го родам со ваква аномалија пеки. Ама да знам и да го родам...тоа е садо - мазохизам. Искрено почна глава да ме боли
И сега го правиш истото против кое се борела нејзината мајка, ги користиш потресните фотографии за да промовираш абортус. Потресно е, да, ама таа мајка одлучила да живее со тоа. Нема потреба од осуда.
Не осудувам мој став споделив. За мене е потресно. А не ги знаеме намерите на ваквите промоции. Не верувај во се што е пишано. П.С. Родителиве ги доживееав како од некој хорор филм со девојченцево во раце. Искреноо!!!
И од овие ви се одјаде?! Претерувате со коментарите. Само затоа што ние немаме храброст не бидете безобразни со коментарите и отворете си го срцето. И после сме биле добри луѓе кои очекуваат да им се случуваат добри работи?! Ај ве молам... Дали детето е со физички деформитет или ќе добие подоцна тешка или хронична болест е речиси исто. Со ваквите коментари ги засегате и тие деца и родители. Среќа на светов што има луѓе кои не се откажуваат. Едно е да имате став, а друго е да ви се одјадува и згадува. И јас не би одбрала да измачувам свесно свое дете и себе, ама чуму осуди?! Па и навреди. Со опростење има толку ружни нормални деца (и никој нема да рече леле ми се згади) кои им се сепак најубави на своите родители, зошто родител си гледа со срцето, така и овие - за родителите се најубави дури и поубави зошто имаат потешка судбина и задача.
Не ми се одјаде од сликата како изгледаат туку како е можно вакви да се раѓаат. Како е можно волку деформитети да има. Како може јас да бидам безобразна и злонамерно да пишувам зар јас нели носев вакво дете?
И јас вчера го прочитав ова и искрено многу се вознемирив. Не верувам дека мајката не знаела за деформитетот на детето, едно е да има некој полесен деформитет кој нема до толку да му пречи во животот друго е ова, ова е стварно мачење на детето кое е целосно зависно од друг ниту може да оди, да јаде, збори ништо не може како кукла буквално. Сигурно и било тешко кога дознала за тоа и не и било лесно но уште потешко му е на тоа дете кое цел живот ќе се мачи.
Па токму ради тоа треба да имаме малку осет. Ете така може... некогаш и има зошто се такви... да не навлегувам не е таква темата. И јас не сум за раѓање по секоја цена на вакво дете, но не ме ужаснуваат.
Мене ме ужаснува но не на начинот на кој мислиш ти, на начин кој неможеш да го разбереш. Ми се одјаде може од паниката со која живеам во врска со овие аномалии. Претпоследната реченица нема да ти ја коментирам и ако тие крајно безобразна.
според мене едно големо НЕ за абортус никако не се сложувам без разлика дали станува збор за аномалии дали е девојце или во брак бог си има план со тоа дете нити вие го давате животот нити имате право да го земете на тоа невино дете можеби ако е со анималии вие даден крст кој ке го носите цел живот и преку кој ке се спасите тоа е голем грев а тие тоа што сте решени да го направите размислете за последиците одпосле ке го носите на душа ке ве гризе совест додека сте живи ке викате што направив иако не е оформено тоа е жива душа немој своите родители да ги оставите да заминат одовој свет без да видат внуче размислтете добро пред да направите еден таков голем грев за кој после нема вракање назад
Се сетив сега на едно дете кое го имав видено во Систина. Не знам како да објаснам,а да не изгледа лошо затоа што сепак е дете како изгледаше луѓето буквално се крстеа ( балкански менталитет). Детето по проценка некоја имаше околу 10 год. Можам да замислам само како се однесуваат другите деца со него прашав една сестра познаничка дали така е родено или отпосле настанал тој деформитет, така било родено и тоа таму. И дале предлог да го абортира таа не сакала.
Малку застранивте со темава. Малку повеќе. Се работи за имање избор. После кој како сака и може. Ако некој може и е спремен да го посвети животот на дете со посебни потреби, слободно. Ако некој носи здрав фетус, ама не му се вклопува во плановите или сл., исто слободно, нека абортира. А што се однесува до коментарите во врска со статијата, само едно ќе кажам. Човечки се вакви реакции. Човечки е да ти е жал за детето и човечки е да ти е жал за семејството. Човечки е тука на форум да си кажеме дека сметаме дека не е во ред за некого лично. Значи лично за него. Не е човечки да отидеш и им го кажеш тоа на семејството, или во случајов некој да го искористи тоа за некаква си "кампања". Разликата е што тие што го поддржуваат абортусот се за избор, а другите кои се против, се да нема избор. А причините не се ни важни, ако секој има избор.
Не ги напаѓам тие што абортирале која и да е причината. Но исто така не ги осудувам ни тие кои одлучиле да родат знаејќи дека детето е со аномалии. Лично јас да знам дека моето дете ќе биде со деформитет и цел живот ќе треба да се мачи би абортирала. Кога гледам такви личности ми се крши срцето, и се мислам како би ми било да го гледам сопственото дете во таква ситуација, каков живот ќе има тоа. За да живееш со такво нешто треба многу храброст, стрпливост, истрајност, пожртвваност. Секоја чест на таквите жени, не сум сигурна дека сум една од нив.
ЌЕ ЗАМОЛАМ МОДЕРАТОР ДА ЈА ИЗБРИШЕ СЛИКАТАВЕ МОЛАМ ОВИЕ СРЦИЊА МАЛИ ДА НЕ СТОЈАТ ТУКА.... аман луѓе, понекогаш го губите срцето и разумот сакајќи да се докажете/
Зошто баба Радо? Мајката на срцкиве е активист и ги експонира своите деца за да ја крене свеста за овие деца, а ние да ги бришеме?! Зошто? Зошто не ја сакаме реалноста бидејќи ни е пресурова?! Е таква е. Мајка им Сара го бои дауновиот синдром со панделки и модни комбинации, ги гледа како и секое друго нормално дете. За докажување? Грешиш. Побарај на интернет, многу се пишува за близначкиве и мајка им. Информирај се пред игнорантноста да ја наречеш - модератор да избрише зошто ова е без разум и срце. Да се помириме - некои луѓе се похрабри од другите. Јас не сум толку храбра и признавам, но ме ги осудувам за љубовта што ја носат во себе.
кога сме кај мајката што е спомната погоре.Јака и душа со вакви околу неа ова се дел од пораките кои ги добива.Самата ги имаше објавено на инстаграм
Погрешно ме разбра душо и не беше против тебе, така цитирав кај тебе, да не вртам страни...за срцкиве мали што се употребуваат во погрешни конотации. имам две другарки со такви дечиња, златни се и многу се сакаме..но мислам дека сепак не се за оваа тема абортус.
Претерувате, луѓе. На муабетов воопшто не му е местото тука. Како што пиша @Bender Rodriguez, дискусијата за абортус се однесува на ембриони и фетуси, а не на веќе родени деца. А децата со Даунов синдром, аутизам, ментална попреченост и слични аномалии родителите не треба да ги кријат за да спречат гадење или сожалување кај несовесни луѓе. Баш напротив, и родители на такви деца и останати активисти со големо срце активно ги вмешуваат во нормален социјален живот. АМА, тие деца треба да се вклучуваат и покажуваат со цел покренување на свеста за лица со такви состојби, во никој случај во корист ниту на про-лајф, ниту на про-абортус (бидејќи ова не е про-чојс веќе) кампањи.