Без осет сте. На сликите за кои давате такви одвратни коментари има живо битие. Личност. Душа. Карактер. Темата е за абортус. А вие почнавте да демонизирате деца со аномалии чиј живот тече. Одвратни ми се вашите мислења.
Бабе, овие деца можеби се попаметни од мене и тебе заедно. Ми се згади од коментарите кои ги читам. Цел ми беше да покажам дека и тие деца можат да успејат и дека се дефинитивно брилјантни. Не смее про-чоиз да се доведува на рамниште на про-абортус.
Во ред е душо, ама отвори нова тема, не ги ставај во тема каде што се говори за уништување, за нераѓање..не оди...
Што мешате тука деца со Даунов синдром? И што ако не се сите паметни и брилијантни? Или така полесно ќе ги прифатиме оти нели, сите ние паметни и брилијантни сме. За другото девојче, со 22 операции, деформитети, изобличеност и неспособност никаква за функционирање без помош, е веќе друго. Излишни се сликите на нејзините родители и очекувани се секакви коментари.
@Bridget @baba Rada Значи не почнав јас, почнато ви е уште сабајле. Ама лов на вештерки ви е омилена професија. Видеата се избришани Имав убава намера. Како си давате за право за веќе родени деца да зборите дека се гадни? Како не ви смета оние што кажуваат за децата дека се гадни? Патетични сте.
Силата и енергијата која е потребна за секој нов ден да станеш, да избришеш солзите, да ставиш насмевка на лицето, и одново и одново да даваш не 100% туку 1000% од себе за една детска насмевка е за восхит. Не го може секој тоа. Доколку некој свесно решил да се бори секој ден за таа една прегратка, една насмевка, еден поглед и контакт со очи...работи кои сите други ги земаат здраво за готово, не судам. Добро е кога родителите се свесни за предизвикот и подготвени да чекорат по тој пат. За оние другите, кои не се, повторно не се осмелувам да судам. Која е таа граница до кој момент детето се мачи, до кој степен на деформитет, болест или ретардација е прифатлив а до кој не...повторно, не можам и не сакам да проценувам. Не дај боже да е човек во таква ситуација, да треба да реши дали тој мал зрак светлина кој од време на време се појавува го осветлува црнилото во кое тоа дете би живеело. Тоа е и суштината на правото на избор. Секој со својот.
И Даунов ги вклучив зошто исто така се открива уште во бременост. Така?! Зошто би имало тест за рано откривање ако нема некаква цел така?! Не бидете селективни. Јас знам за прекината бременост во 5ти месец зошто бебето беше со даунов и аномалија на срце која имаше 50 50 шанси за оперативно средување. Не осудив и никогаш нема. Не сме сите исто спремни. Некогаш нештото ти е премногу и ок е. Ама тие луѓе што избираат сепак да се борат, да бидеме искрени - похрабри се и имаат нешто многу во себе што така избираат и се за почит. Кој како сака нека избере ама без гадости...аман...
https://www.femalista.com/punishing-women-death-penalty-cut-abortions-idaho-candidate-says/ И така, повторно мажи се дрзнат да одлучуваат за женското тело. Мисли човекот дека смртна казна би била соодветна за жена која абортирала. Ако не па, и на клада на сред плоштад се палат. Witch-hunts all over again
https://www.irishtimes.com/news/politics/abortion-referendum Во Ирска денес се оддржал референдум за укинување на ригорозниот закон со кој абортусот не е легален дури ни во случај на силување, инцест или фатална малформација на плодот - туку само кога животот на жената е загрозен. Главната актерка во една од моите омилени серии, Catriona Balfe, некое време уназад на социјалните мрежи беше активна околу ова, па оттаму видов повеќе по хаштагови за ситуацијава. Дури и многумина од Ирците исселени низ светот допатувале дома за да гласаат, а има и многу твитови за постари луѓе - особено жени свесни за своите права кои гласале за. Додека овде кај нас млади луѓе судат водејќи се по беседи на религиозни блогови... #имаразлика Според линков, најверојатно успеале - и браво за нив
Па и ти судиш на некој начин тоест обратното од нас. Ние сме против убиство ти си за, тоа е тоа. Вие што промовирате абортус дека тоа е најдобро нешто само поради помодарство за да не ве сметаат за заостанати да промовиравте кондоми светов ќе беше подобро место за живот. Па уште и жени свесни за своите права велиш. Искрено ама најискрено за право ли е да скратиш нечиј живот и да не му дадеш шанса да биде подобар човек од тебе?
Да не беше трагичен муабетов, би се смеела. Зиготот не е живо суштество. Ај вака, знаеш што значи "да скратиш нечиј живот"? Тоа значи да убиеш жив човек. Ембрионот не може да преживее откако ке се изврши абортус, па најлаички кажано, абортусот е остранување на потенцијален живот.
Абе ајде. И со тоа ќе ме убедиш дека абортусот не е убиство? Штом расте, мрда, има органи, тоа е живо суштество. Зиготот како и секој роден човек има DNK.
Не ти грешка ме свакаш Јас не викам дека е табу тема туку не ми е јасно тебе како машка особа како оваа тема за абортус толку те засега? Мислиш дека ти како машко си комплетентен да имаш свое мислење за абортусот ?
Ова е форум и сите имаме право да се изјасниме. Ептен ме интересираат вакви дискутабилни теми па затоа.. Зошто да немам свое мислење за абортусот? Мислам дека не е забрането законски.
Пак не ме разбра Таман работа да немаш право да дискутираш и таман работа да некој ти забрани да дискутираш туку ти или било која машка особа не сте дирекно засегнати со темава па така да не би требало да се замарате со темата