По таа логика не би требало да постои форум и поимот дискусија. Не се замарам како што мислиш туку само дискутирам. Ете и ти се замараш дека јас се замарам со абортус. Никој не рече дека сме директно засегнати, туку дискутираме само, за тоа е темава ако не се лажам.
едно е да дискутираш а друго е да имаш реална шанса да ги пробаш чудава е коа ке имаш реална шанса да ги пробаш ке размислуваш на подруг начин Инаку џабе е сто стапа по туг грб не болат знаеш Имај добра нок
Абортусот завршува фатално за кутрото човече чија мајка и покрај аботрусот пак ќе живее (во 90% од случаите). Баш така, сто стапа по туѓ грб малку се. Така и во случајов, нероденото бебе ако биде убиено нели не е живо тоа играчка е.
Тебе никој во ништо те нема убедено, само не знам дали си свесен колку неписмено звучиш понекогаш? Не, во сите теми во кои те имам цитирано звучиш како да немаш допир со реалноста. Дали некогаш си видел ехо од трудница во 5 недела? Зиготот тогаш е 2-4 mm. Спојлер https://cdn.sheknows.com/graphics/ultrasound/Rachel_5w6dembryo.jpg
@Vitaly Сеуште нема измислен емотикон, со кој можам да опишам каква ми е фацата секогаш кога прочитам некое паметување од тебе . Како што ти рекоа погоре, ова е прашање кое не ве засега вас мажите, туку личен избор на жената која го носи тоа суштество во утробата,кое живее преку неа , за разлика од вас мажите што 'само сте завршиле 1 процент од работата ', насптори 99те на жената. Кога науката ке напредне до тој степен, да може на мажите да им се вградат женски репродуктивни органи, да може да затруднат, да ја носат бременоста,да минуваат низ ненормални болови, да родат и да се грижат за тоа дете, слободно одлучувајте дали сте про или кон. Немате матка, останете воздржани. Мислам емпириски докажан факт е дека абортусите не можат да се спречат, според тоа зошто да не е легално и сиот процес да се одвива во цивилизирани услови, наместо на црно. Колку год сурово да ви звучи, легитимно право е на секоја жена да има избор дали да ја прекине бременоста ако не е посакувана, ако е резултат на силување, ако нема услови за издржување, ако детето има некои аномалии. Да не си во кожа само на таква жена, која се коси дали да донесе таква одлука или не.. Се остало е сувишно
За мажите а-ла @Vitaly : Не можеш жена да разбереш за некои работи, ако не си и ти жена. Исто како што за некои работи не можеш да разбереш црнец, ако ти не си црнец.
Знаеш дека и секоја бактерија и вирус има DNA така? Ако ова ти е аргументот дека абротусот е убиство, стварно немам коментар.,
Ништо поразлична од твојата, онаа на спешл и на дангел. Сте биле против убиства ама сте ЗА абортус. Каква иронија човече.
Жив е, расте, има ДНК, од него почнува да се оформува бебе. Абортусот е скратување на живот, исто како и убиство, сакала или не тоа е реалноста.
Ти имаш проблем со реалноста. Ако го извадиш од матката во 12та недела ќе живее? Исто колку ако ми извадат бубрег дека од него ќе порасне човек.. а има во бубрегот ДНК.
Абортусот е скратување на потенцијален живот, убиството е скратување на живот. Има разлика. Секоја индивидуа има право да одлучи за својот живот, па така и жената за нејзиниот - дали со дете или без.
Боже господе што читам.... Значи според тебе е живо само кога ќе се роди, се додека е во стомакот на мајката тоа не е живо суштество.. Возрасни луѓе споредуваат бубрег со бебе... Ако фетусот не се абортира од него ќе се развие и роди бебе, а бубрегот цел живот го носиш и од него не се раѓа ниту развива ништо, тоа е разликата...