Не е живо суштество. Штом не може да живее надвор од матката, не е живо и точка. Плус, ти кога последно забремени, па што си цел полн со мислења за абортус?
Ти одлучувај што сакаш. Тука дискутираме општо за абортусот кој што и како мисли, какви ставови има. Ако ти абортираш јас сигурно не би се бунел, дури и кога би те познавал или кога би биле роднини, би бил потполно рамнодушен. Па и бебе родено 6 месец не може да преживее а во стомакот а мрда, му чука срцето, има очи, раце, нозе и не е живо ни тоа? Не, зборуваме за скратување на веќе зачнат живот.
Не е живо. Легален абортус кај нас е до 12та недела, освен во екстремни случаи. И не ми одговори, кога ти последно забремени?
Сигурно дека нема да се буниш немаш право ама од вакви како тебе ке го забранат па ке се абортира нелегално и ке изумрат многу девојки и жени
Возрасна си како што знам, така се имаш изјаснето. Срамота е вакви дискусии да водиш. Искрено би се срамел да имам родител во вакво однесување како твоето. Бебе кое мрда во стомак има очи, раце нозе, органи не било живо.
Тоа ти е исто ко сеа мене да ме прашат за мислење за донирање сперма како јас да имам мислење дали би или не би коа ја реално неможам да донирам сперма јас можам да донирам јајце клетки и имам свој став околу тоа а за донираер сперма неам право да мислам
Искрено да ти кажам, тешко дека некоја, некогаш, ќе сака да биде со тебе. Немаш почит кон женското тело и женските чувства, потреби и желби воопшто. п.с. да ти бев родител, немаше вакви небулози да распродаваш и да ги нарекуваш мислења.
Колку и да звучи себично, за мојот живот одлучувам јас и само јас. Ако сакам дете, ќе имам. Ако не сакам, ќе абортирам. Почитувам и мислења различни од моите, исто така очекувам почит од нив истите. Фала многу и пријатно.
Секако дека немам право да се бунам но имам право да си го искажам ставот и мислењето. Јас само го искажувам мојот став во врска со абортусот и што тој значи за мене. Тоа е целата оваа дискусија ама некој упорно ме влече за јазик што би рекле.
Нормално Ке те замолам да ми одговориш на следново Кој е твојот став во врска абортус кај плод со тешки аномалии ? не лесни него тешки
Секој има право на живот нели, па така и на тој живот треба да му се даде шанса. Тоа е мојот став. Чуда се случуваат. А исто така постојат и многу луѓе со тешки аномалии па се три пати поуспешни од мене тебе или некој друг кој нема никакви аномалии.
@Vitaly, сакаш да прочиташ нешто навистина жално, морбидно и гнасно? Да се вратиме на Ирска, и да видиме што е навистина УБИСТВО... https://en.m.wikipedia.org/wiki/Death_of_Savita_Halappanavar Женава починала од инфекција поради тоа што не ѝ дозволиле нормален абортус таму, затоа што погрешно процениле дека животот не ѝ е во опасност. Сите тие активисти, „изопачени“ и „снегулки“ како што ги викаат таквите како тебе, пред и за гласањето ѝ оддаваа почит, а нејзините родители ѝ заблагодаруваат на државата што успеаја да го укинат тој диктаторски закон. Луѓе од 80-90 години се приклучиле на таа про-чојс „мода“ бидејќи знаат како било во минатото, со страотни приказни кога биле принудени нелегално да абортираат. Тоа е реалноста. Да не зборуваме за многу уште понеразвиени земји... НИКОЈ не вели дека абортусот е нешто позитивно, модерно, и најмалку посакувано за било која жена. Ама кога на некоја жена животот ќе ѝ приреди таква ситуација, нејзиното право да одлучи за своето тело е неприкосновено, закон не смее да ја спречува и никој не е вреден да ѝ суди. Се надевам еден ден ќе прогледаш и ќе пораснеш во вистинска смисла на зборот. Поздрав