Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.629 глас(а)
    73,0%
  2. Не, никако

    602 глас(а)
    27,0%
  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.657
    Допаѓања:
    181.855
    не ми требаше дискусија сакав да ми одговориш со да или не ама ти успешно избегнуваш одговори
     
    На Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ова како навреда да го сфатам или? Ти си таа која треба да прогледа и порасне, да се свести што пишува, искрено.Не ми е битно кој абортирал и зошто, јас го искажав својот став во врска со темава. Поздрав.
    Има кој да суди, не се грижи.
    Ме праша кој е мојот став во врска за абортус со тешки аномалии, јас кажав. Ова не е прашање на кое може да се одговори со да или не.
     
    Последна измена од модератор: 27 мај 2018
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.657
    Допаѓања:
    181.855
    ауууфф и тоа како може да се одговори со да или не исто ко и прашањето за абортусот
    пак ке те потсетам тешки аномалии со кој нема да има нормален живот
    пр проблем со мозок срце парализа плод без раце нозе и многу други
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Да, у право си. Имај добра ноќ.
    Па кажав погоре, да не пишувам едно исто пак.
    Прашањето беше кој е мојот став во врска со абортус со тешки аномалии, пробај да си го поставиш прашањето себеси и пробај да дадеш одговор само со да или не.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.657
    Допаѓања:
    181.855
    Може сум глупа и не свакам
    сватив дека си против абортус
    само не сватив дали си против и кога плодот е со тешки аномалии
    а ти вешто префрлаш топка и прашањето ми го вракаш назад мене јас да го одговорам
    ти треба да одговориш не јас
    сеуште чекам одговор
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Точно! Не посочи една жена која абортирала, туку сите комплет ги нарече 'убијци'!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Секој има право на живот нели, па така и на тој живот треба да му се даде шанса. Тоа е мојот став. Чуда се случуваат. А исто така постојат и многу луѓе со тешки аномалии па се три пати поуспешни од мене тебе или некој друг кој нема никакви аномалии.
    Copy-paste од тоа што ти го одговорив. Мислам дека можеше да сфатиш од напишаното дека сум против абортус дури и со аномалии.
    Ај скриншот направи да видам каде сум пишал дека тие се убијци. Упорно ме влечете за јазик и очекувате да кажам нешто што нетреба.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.657
    Допаѓања:
    181.855
    ОК е го сватив твојот став
    ондак не би било проблем утре други ден здравје боже да те благоспови господ со едно бебенце со хидрацефалус пр само запомни и тогаш си против абортус
    толку од мене на темава
    имај добра нок
     
    На Lolo5 и Vitaly им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304

    Ако абортусот е убиство (тоа го рече), последователно жените (веројатно и докторите) се убијци.
    Логика.


    Еден од многуте твои постови на темава за тоа, дека абортусот е убиство.
    На:
     
    На Lolo5 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Да тоа се мои мислења но никаде не сум пишал дека жените кои абортирале се убијци така директно како што пиша ти.
     
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    @Vitaly знам за случај во некоја земја во Ј. Америка, ми се чини беше Парагвај. 14 годишно девојче било силувано и забременила. Ама не ѝ било дозволено да абортира бидејќи абортусот во земјата бил дозволен само ако животот на мајката е загрозен.
    Околу ова што би рекол а? Тоа истрауматизирано девојче сметаш дека треба да му даде шанса на тој живот? Имаш храброст да кажеш дека абортусот е убиство и овде?
    И гледам си го изигнорирал моето претходно мислење. Зашто се гледа дека од наука не се разбираш, баш како што претпоставував. Ти сигурно не ни знаеш што е дна, па со тоа си нашол да се правдаш што е убиство. (facepalm)
    И вирусите имаат дна па не се живи, и секоја факинг клетка има дна вака чисто информативно..
     
    На Lolo5, sparklie, blackwave и 11 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И ноктите и косата имаат ДНА, па сигурно не шета како орангутан.
     
    На Lolo5, sparklie, blackwave и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    57.585
    Пол:
    Женски
    Аман бе @Vitaly никоја не абортира од арно, јер и текнало не сака да го роди па ај ќе го абортираме. Ти немаш ни најмала претстава низ што поминуваат тие жени мислиш воопшто немаат грижа на совест потоа? А што е со тие што имаат спонтани абортуси, и тие се виновни? Сепак абортус е, спонтан или не јас не гледам разлика. Или тоа е ненамерно убиство.|( Абортусот не е помодарство, нешто што го правиме бидејќи можеме. И јас сум против кога абортусот се користи како контрацепција. А и не за џабе е дозволено само до 12та недела да се абортира, дури сеуште е само ембрионче. Зар тие млади девојчиња што се силувани немаат право на живот, туку нивниот непосакуван ембрион имал? Тие девојчиња кои цел живот е пред нив, мора да родат бидејќи убиство бил абортусот. А со тоа што се убиени нивните шанси за живот, за исполнување на соништата нема врска.

    Еее ние жените какви убијци сме секој месец убиваме по еден потенцијален живот. Таа јајце клетка можела да се оплоди и да стани бебе, ама ојде во неповрат. :( А за мажите да не зборувам.
     
    На Lolo5, sparklie, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Директно-индиректно, пораката е иста.
     
    На Lolo5, theowndemon, MagsDestiny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Пред да роди сестра ми едно мало преслатко суштество воопшто абортусот не го свакав сериозно и се чудев зошто жените после абортус се тажни, плачат.... Знаете тоа го доживував онака површно како вадење заб да речема. Но откако ја имаме внуками јас не можам да си замислам некој од моето потесно семество да абортира, пред се мислам на сестра, девојка, жена,.... Едноставно после внуками толку ги засакав децата што не би можел јас тоа да го поднесам емотивно а можам да замислам како им е на мајките, според мене не постои оправдување за да некоја жена изврши абортус, освен ако животот и е загрозен.
    Знаете, читав многу коментари дека немале услови, дека тоа дете незнам требало да има којзнае што.... Не, тоа дете треба да ја има само љубовта од родителите и најблиските, се останато нема врска.
    Па луге мое, дали само знаете дека нема ништо поубаво отколку кога ќе ве гушне едно такво слатко мало суштество, тоа е најискрената прегратка за која вреди човек да живее и која неможе да се спореди со ниту едно друго чувство.
    Простете на емотивноста но тоа е нешто појако од мене.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    Жена во Тексас по три спонтани конечно успеала да остане бремена 4 месеци, за што била пресреќна бидејќи сакала да стане мајка. Но, на снимање и откриле дека плодот има ретка болест поради која не можело да развие целосно мозок и череп и дека нема да преживее по раѓањето. Докторите и препорачале да абортира, но за тоа треба да плати околу 7000 долари бидејќи во Тексас е изгласан закон со кој е забрането осигурувањето да покрива абортус, освен ако не е загрозен животот на мајката.
    Дури и жената да е силувана или да носи плод со хромозомски или физиолошки деформитети, мора да го роди, што е доста трауматично или да влезе во долгови и покрај тоа што плаќа осигурување, што е сурово.
    Можеби не може да се забрани абортусот, но некои политичари прават да биде речиси невозможно тој да биде достапен за многу жени. Пред некоја година беше воведен закон кој поради непотребни регулации остави само 19 клиники кои вршат абортус во Тексас, што значи дека некои жени ќе треба да патуваат 300 и повеќе километри за да абортираат.
    Поубаво објаснето од жената од случајов: https://www.reddit.com/r/TwoXChromo...insurance_coverage/?utm_source=reddit-android
     
    На Lolo5, Lella, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ембрион не е внука ти.
     
    На Lolo5, blackwave и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Те сфаќам од една страна ама од друга не. Велиш нема оправдување.
    Кому е таа жена должна да се правда? Ако е силувана? Таа со трауми цел живот ќе живее, зарем ќе мисли на мајчинство и ќе сака да роди дете на силувач?
    И не, дете не се гледа само со љубов. Ајде не јас, нека ти каже некоја од мајките овде колку трошоци треба за тоа дете.

    Сѐ уште вие мажите не сфаќате дека немате комплетно право да осудите жена што абортирала?
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, blackwave и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Незнам зошто тргнувате од најекстремен пример, кога јас зборував за нормална бременост а не за екстремно забременување, силување или кога животот и е загрозен на жената и сл.
    Не реков дека некому треба да се правдаат, само реков дека нема опрвдување во смисла пред самите себе вклучувајки го туку и машкиот родител, утре да си кажат дека ете заради таа и таа причина мораше да го отстраниме нероденото дете или фетус, ембрион.... како сакате кажете го.
    Јас никому не судам туку само дадов пример како јас го доживувам тоа пред и после рагањето на внука ми.
    Не се живее од љубов, но по таа логика од 1941-1945 не треало да се рагаат вопшто деца? А богами и доста години потоа кога дошла колективизацијата кога во име на државата им земале се, ниви, стока... завладеала огромна сиромаштија кава што впрочем била векови наназад за македонскиот народ а наталитетот бил највисок. Нели мислите дека во последно време станавме премногу комформисти и повеке даваме значење на соптвениот конфорнитет отколку за она највредното и за кое всушност човек вреди да живее а тоа она што ќе го остави зад себе?
    Ок, незнам не навлегувам во дискусија дали е или не, но според мене штом тоа суштество се оплоди и секој ден расте, се зголемува се оформува... за мене тоа е подеднакво вредно како било кој од нас и заслужува да го здогледа светлото на денот. Секако без претензии да мојот став го наметнувам или да одлучувам јас за тугите животи. Пак ќе кажам, кога би бил јас во таква ситуација да јас се прашувам никогаш не би можел да донесам одлука за да се изврши абортус затоа што потоа нема да можам да живеам со тоа.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Секако дека знаеме :) Меѓу жените во темава што разбираат други жени кои абортирале има и многу мајки со свои деца, а и тетки, братучетки, луѓе кои сакаат деца. Тоа нема врска со темата.
    Контрадикторен си, прво велиш порано не си ги разбирал жените зошто им е толку тешко по абортус а дека сега емотивно не можеш да замислиш како им е, потоа велиш нема никакво оправдување за такво нешто...
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.