@Ivan-Ice Имаш право на твое мислење секако, ние не фрламе со камења по тебе затоа што имаш различен став , туку пробуваме да разбереме зошто размислуваш така како што размислуваш. Вака како звучиш, испаѓа дека ние што сме за абортусот да биде легален, сме децо мразачи, самиот чин абортус го зимаме здраво за готово, било ќе помине. Не гледај само пред себе, погледни и наоколу. Отвори на интернет,гуглај да видиш со какви проблеми се соочуваат жените ширум светот. 13,14,15 годишни девојчиња силувани, уништени, затоа што некој перверзњак решил да се олесни во нив и да си продужи со животот. А дали тоа девојче ќе биде исто после тоа? Дали животот за неа ќе биде ист? Дали секогаш кога ќе го погледне тоа дете, нема да и текне на хоророт низ кој поминала, дали ќе го гледа со очи полни љубов, како сестра ти што го гледа нејзиното? Друго, аномалии. Не можеш да осудиш некој родител ако се реши на овој чин, со намера да му ги скрати маките на сопственото чедо. Тие луѓе се за восхит, вистински херои, којзнае каква снага во себе треба да соберат за да речат да и да пресудат на своето дете. За да не живее живот, кој не е достоинствен за обичен паразит, а камоли за човечко суштество. За да не го гледаат како умира секој ден, наместо еднаш. Само поддршка, со осудување и префрлање на кривица, нема да помогнеш на некоја која поминала низ тоа, ниту ќе предомислиш некоја која се спрема на таков чекор.
Абе до кога со живеење у фантазија дека на децата им е потребна само љубовта на родителите? До кога ке прескокнувате една работа, која во одредени моменти е многу, ама многу побитна од љубовта? Зборам за пари. Нели мислиш дека луѓе кои немаат топол дом, кров над глава и пристоен кревет, а немаат пари ниту за јадење и облека чувствуваат љубов кон детето? Абортус никако, а тоа што детето ке мизерува не е битно, нели, се додека има љубов...
Кога станува збор за аномалии секако дека секоја жена има избор дали ќе го роди или не. Ама не велете туку така дека треба да му се даде шанса на тој живот, а откриено е дека ембрионот има тешка смртоносна аномалија. Не коментирам за Даунов синдром. Примерот што го кажа @Joi е веќе аненцефалус. Детето буквално се раѓа без голем мозок и череп и големи се шансите дека ќе умре при раѓање, евентуално по неколку дена. Тука не гледам некоја шанса и причина за надеж. Ама пак ќе кажам изборот останува на бремената жена. Ваше е малце да се едуцирате пред да кажете некоја глупост и пред да осудите.
Абе, може едноставно да не сака некоја да роди оти не сака деца сега во моментот, има други планови. Може е премлада, може е бременост од секс за една вечер, може веќе има деца жената и не сака повеќе. Не мора да бидат само екстремни причини како аномалии и прозиводи на сексуално насилство. Дури не ни мора да кажува причина зошто тоа го направила. Зошто мора да бараме причина во туѓите одлуки?? Никогаш не сум абортирала. Еве, сум имала 'среќа' да не забременам повеќе пати отколку што сакав, ама Боже мој, сакам да имам опција да одлучам дали ќе родам или не ако се случи непланирана бременост. Нема што да бараме ничија дозвола, нити да се правдаме пред било кого, зошто и како сме го направиле тоа.
Убиство е чин извршен врз живо суштество. Абортуд е оперативен зафат на отстранување на фетус од најразлични индивидуални причини. Ако фетусот не се развива добро и правилно или ако дијагностицираат аномалија и самите доктори предлагаат чистење. Абортусот е тема многу посложена и покомплексна и никок нема право да суди што е исправно што не. Не дај боже само ниедна жена дс треба да поминува низ ова.
Затоа постои заштита. И таа не е 100% сигурна, ама едно е да се скине кондом, а сосема друго е свесно свршување внатре. А ги има такви кои ризикуваат и после абортираат.
Не зборувам за користење на абортусот како контрацепција. Нормално дека треба да се заштитиш со контрацептивни средства, ама и покрај нив, некогаш може да се случи бременост.
Секако дека е иста но јас не сум пишал директно како што кажа ти. Да но абортусот е скратување на живот, тоа бебе ако не било абортирано ќе било живо нели. Има луѓе со многу тешки аномалии но тоа не ги спречило да бидат успешни. И јас велам не дај боже ниту една жена да поминува низ тоа ама некои девојки абортусот го применуваат наместо контрацепција. Искрено не ме интересира дали некоја девојка абортирала или не, јас само кажав што за мене значи абортусот. Мислам дека светов ќе беше подобро место за живот ако оние кои промовираат абортус и го прават тоа како да е нешто најнормално, наместо тоа промовираа кондоми и заштита од забременување. Факт е дека повеќето од абортусите се направени поради невнимание при секс а помалку бидејќи бебето имало тешки аномалии.
Мојот став е многу едноставен. Абортусот треба да биде право на жената и исклучиво нејзино. Овие кои сте против, дали сте запознаени со целава ситуација или ја гледате исто како што ги гледате и други проблеми на форумов? Преку клучалка? Кога веќе зборувате на тема која што дефинитивно може да уништи нечиј живот барем размислете добро и согледајте ја од повеќе агли. Ми се смачи да читам цитати од Библијата како сериозен аргумент. Абортусот нема да престане да постои. Независно дали ќе биде во современа и опремена болница изведен од доктор или ќе биде во сосема нехигиенски услови и изведен од лице без основни медицински познавања. Независно дали ќе има оргомен број на жени кои ќе одат во други држави само за да можат да аборитаат или тоа ќе го прават во болница во државата во која живеат. Вие само размислете која од овие варијанти ви се допаѓа најмногу. Жена која што се одлучила на ваков чекор не е убиец.
Човеку, се преиспитувап ли пред дс напишеш нешто бе........која девојка или жена користи абортуд како средство за контрацепција....дали си ти свесен какви психички, а не дај боже и физички предизвикува абортусот........врз кој податок си го донел ова мислење декс имс жени кои даваат дс им свршиш внатре и после одст да се чистат како контрсцептивно средство да ми е дс знам ........... Свашта
Има секако дека има и такви случаи. Пијана состојба, не знаат што прават, девојката забременува и се одлучува за абортус.... Што повеќе да се каже тука? Дали си ти свесен дека со абортусот скратуваш живот? Или не е битно тоа?
Ако е пијана, значи не била свесна што прави и тука вината е во тој што ја искористил, дури ова може да се смета за силување.
Абе ајде, како ви одговара така, секогаш мажот е виновен, за се. А ако на неа и се присакало секс иако била пијана? Таа не го искористила мажот? Јас стварно немам коментар за некои работи што ги читам напишани од возрасни луѓе.
Ако ја види пијана мажот како маж може да и помогне во таква состојба да се отрезни или да ја остави да спие на мир, а не да гледа да ја искористи за да се задоволи. Штета што ретки се таквите.
Човеку знаеш ли процес нс репродукција како иде?? Кој кого оплодува ?? Ако е девојката пијана не значи дека дечкото треба да е вол и без контрола да и го истури внатре. Тотални глпости се ова што го пишуваш. Еве ај вака....... Ебеш пијана девојка и остане трудна.....не е убава не е твој тип, туки си сакал само да ја ебеш и ништо поише со на да имаш.....дали ако одлучи да го роди ќе склучиш брак со нејзе или ќе нема брак ама ќе гп признаеш детето и ќе плаќаш алиментација, ќе бидеш како повеќето идиоти нема дс признаеш и ќе де влечкате по судови или ќе ја охрабриш да абортира за и ти да се раатисаш??
И што треба поради нашите глупости да скратиме нечиј живот само нам да ни биде добро? Не јас не би го направил тоа никогаш, не би имал секс со девојка која сум ја видел само еднаш така да неможам да се замислам во таква ситуација бидејќи не сум таков тип. Тие кои направиле таква глупост нека му ја мислат. Јас само кажав свој став во врска со абортусот незнам што се запнавте со мене волку.