Остави нека биде абортусот избор без да велиш дека е убиство. И те тагнав со мое мислење во врска со ембрион со аненцефалус и те прашав дали во тој случај оправдуваш.
Силување е. Секој однос во кој едниот партнер не е во состојба да даде свесна и недвосмислена согласност е силување. Моралот ти е искривен до немајкаде. Твојата неукост ги преминува сите граници на нормалното размислување.
Не оправдувам во никаков случај, 100 пати кажав. Нека биде јас не сум ти забранил ниту тебе ниту на некој друг. Абортирајте слободно но тоа ќе остане мој став и нема да го сменам само за да ви се допаднам вам. Во такво општество живееме нели, секој има право на мислење и свој став па така да ти нема право да ми кажеш што да велам или како да мислам.
Дете со аненцефалус не може да преживее... Зошто би му се давало шанса воопшто како што рече дека и на ембрион со аномалииа треба да му се даде шанса дека чуда се случувале.
Има такви кои навистина не боли. Кои сакаме да смениме нешто кон подобро. Сакаме барем поддршка да им дадеме на жените кои одлучиле на овој чекор затоа што верувам не им треба некој кој ќе им даде дополнителна грижа на совест.
А па вие една сериозна дискусија што водите што да ти кажувам. Или по ваше да биде или чаре нема. Што да кажам друго за возрасна жена која мисли дека бебе кое е живо во утробата на мајката, има нозе, раце, му чука срцето а таа мисли дека тоа не е живо?
Дечко, животот не е фер и обично на вакви типови кско тебе им го дава тоа што не го сакаат.......така да не се сили многу и не биди нефлексибилен во ставовите, туку кажи си скраја да е, да не даде Господ да се соочувам си вакво нешто, зашто во тие моменти ќе направиш сѐ за да ја види жена ти среќна ........ И абортус ќе подржиш и со ѓаволот ќе се ракуваш, така да......
А јас што друго да кажам за човек кој не е доволно (или воопшто) запознаен со поимите за кои се дискутира, а се дрзнува да се инаети 10 страни на ваква чуствителна тема?
Ниту ти, ниту некој друг човек на планетава го смета ембрионот за живо суштество еднакво на веќе роден човек. Кажан е примеров, ама пак ќе те потсетам. Кога би можел да спасиш само едно од пожар во болница, дали би спасил едно живо дете или 150 ембриони? Не мора мене да ми одговориш, доволно е сам да сфатиш дека ембрион и жив човек не е исто.
Веќе имав пишувано на оваа тема. Не ти, никој доктор не може да каже со сигурност да каже кога се смета за живо.
@Vitaly не разбираш едноставно... Кога девојката е пијана, дрогирана, под било какви супстанци - тоа е силување исто како при насилен сексуален напад без согласност во будна состојба. На крај ќе дојдеме до тоа дека ни за абортуси од силувани девојки немаш разбирање и емпатија, што го наслутувам и воопшто не ме изненадува Еве и да не е силување, друга честа ситуација не само во филмови туку и во реалноста - при однос меѓу млади луѓе (макар и со контрацепција, пошто и таа не е 100% сигурна), девојката забременува, а „фраерчината“ ја остава на цедило дури и ако се во врска. Плус може и да нема финансиска и секаква поддршка ни од фамилија... Непланирани деца дури и во брак, поради финансиски и секакви други причини, кога повторно и контрацепција можда потфрлила... За разни тешки психофизички аномалии веќе и да не зборуваме, со справувањето со самата таа ситуација на било каков начин - дали абортус или раѓање, жената е ХЕРОЈ, не за осуда. И да, прогресивни луѓе, про-чојсери се ЗА сексуална едукација и користење заштита и НЕ го препорачуваат никому абортусот како контрацепција. Во која невладина што се бави со сексуална едукација на младите и да отидеш, ќе ги видиш истите тие луѓе со исти ставови кои ги плукаш овде. Не знам како да ти објаснам, со цитати, да ти нацртам или на кој јазик да ти доловам (не знам полски, еве некој ако знае и нека ти преведе, лол ) дека про-чојс не значи про-абортус, дека абортусот никој разумен човек не го смета за убав, среќен момент на жената - туку за право на избор со своето тело и живот, како решение во несакани ситуации, после кои треба таа жена да се поддржи, а не осуди.
си ги бранам своите ставови исто како вие своите. Нема на ме убедите никогаш во ништо. Јас си имам свои ставови така да не ги прифаќам вашите поради помодарство или само за да ви се допаднам вам. Ако различно размислуваме незначи дека не сум запознаен со поимите за кои се дискутира. Ембрионот сам неможе да преживее нели, но затоа може да се доразвие во утробата на мајкаси. Со членката поточно зборувавме за бебе кое вече мрда, му чука срцето, 6 месец, членката кажа дека тоа не го сметала за живо. Како би можел да спасам 150 веќе мртви ембриони надвор од стомакот на мајката? Трескаш глупости.
Каде тоа е легален абортусот во шести месец? Ти остана уште некој начин да покажеш како појма немаш од тоа зад кое стоиш?
Индуциран пораѓај. Не дај Боже (многу ми е страв од ова), нешто да му се случи на плодот, да престане да му чука срце пример, ги пораѓаат со провокации.
Што ако се замрзнати кога веќе се абортирани? Ако се работи за ембриони настанати по вештачки пат секако дека не би посегнал да спасувам експеримент кој се коси со природата и Бога. Не дискутиравме за абортус туку ја прашав дали смета за живо бебе кое веќе мрда, и дава знаци на живот во утробата на мајката. Никаде не сум пишал за абортус во 6 месец не се прави со сила како што не треба. Незнам како не ти е срам веќе упорно да ми ги извртуваш мислењата. Кој спомнал абортус во 6 месец? Јас сигурно не! Јас ја прашав членката дали го смета бебето за живо во 6 месец, таа кажа не.
Во ред е да се размислува различно. И во ред е да имаш свој став. Ама свој став можеш да имаш кога си целосно запознаен со темата на која се дискутира. По твоите мислења видовме дека не си. Си ги читаш ли аргументите? Знаел тој многу девојки што се глупирале, па абортусот го користеле како контрацепција. Мхм, да. Ти кажаа? Дур се тепаш во темава со 10 жени кои се трудат да ти објаснат нешто, можеше за промена да седнеш и да се едуцираш за што всушност се зборува. Знаеш ли што значи да си во ситуација да треба да одлучуваш за такво нешто? Да не сте им во кожа во таков момент на тие жени.
А зошто би ја прашувал за бебе во 6 месец во темава, кога тоа веќе е одмината бременост, плод кој веќе одамна е решено да се задржи? „Став“ кој се гура упорно без никакво знаење и факти и со неточности, е рамен на брукање