Јас би ја затворила темава...доста е тапење на тапи агли. Може ли некој да знае дали сум ја бремена, може ли некој да знае дека сум абортирала...се додека јас не кажам во јавност, никој нема да дознае...значи одлуката паѓа на жената, и само на жената и никој тука неможе ништо да стори
Што врска има ова со правата на жените? Мое право е како ви постапил кога би се нашол во ситуација која ја објасни членката. Дискутиравме долго и дојде на ред тоа, зошто поточно не ми текнува. А ти зошто на пример ме прашуваш ова? Поентата на тоа беше дали тоа бебе таа го смета за живо, не беше спомнат абортус таму. И ти се брукаш во мои очи, чисто информативно да ти кажам, а мене не ме интересираат туѓи мислења.
Да не цитирам никого посебно ќе се обида да го доелаборирам мојот став како не би стекнале погрешен впечаток за мене, особено во делот за кој велите дека јас сум бил против абортус. Јас во принцип сум со либерални сваќања на работите особено во делот околу личните слободи и права, а ова прашање спаѓа токму во таа група. Во ниту еден момент не реков дека некому треба да се забрани било што па и абортус. Само реков дека јас не би можел да донесам таква одлука и да продолжа со животот секој ден замислувајки какво би било детето, како би изгледало сега, да ја замислувам неговата насмевка едноставно да ме прогонува тоа што јас сум донел одлука во нечие име и за сметка на туг живот.... и да не патетизирам понатаму. Но секако не сум за тоа да некому тоа му се забрани, ниту пак сметам дека оние што се за не ги сакаат децата и сл. Исто така продолжувате со екстремни случаи ако немале леб да јадат,немале кров над глава, ако била 13-14-15 години...... Знаете ако некој нема кров над глава, нема леб да јаде, од каде му пари за абортус и дали воопшто им е до секс на тие луге па уште да си го дозволат тој корформитет да не пазат? Исто така не се согласувам ниту сега ниту било кога дека парте на детето му се побитни од љубовта. Еве пак ќе ја земав внука ми како пример, таа не знае за брендови, не знае за скапи играчки, не знае за многу работи. Но многу добро знае да ја почувствува љубовта која и ја даваме сите ние посебно родителите, и многу добро знае да почувствува кога тие се тажни, нервозни или среќни.. Парите и нивната важност никој не ја спори, туку ја спорам нивната пресудна важност дека се најбитни. За крај ќе го појаснам и ова, кога го читате мојот став сватете го тоа дека се однесува за нормално македонско семејство и како мој личен став кога јас би бил во ситуација да одлучувам а не за екстремни случаеви од типот кој некои од вас ги наведоа.
Ако правото на абортус, нема врска со правата на жените, јас не знам што има? Сериозно, од срце, земи прочитај некоја книга, оди на некое предавање за човекови права. До тогаш, немаш ама апсолутно, никаква основа да се занимаваш, коментираш и имаш став на вакви теми. Исто како оџачар, да разглаба за квантна физика. Те молам значи!
Нападот е најдобра одбрана. Сфативте дека неможете да ги индоктринитете вашите глупости во мене па после неинформиран сум бил. Поздрав. Поточно за тоа што пишав те прашав што има врска со правата на жените не за абортус. Ако досега не си научила дека бебе 6 месец во утробата на мајката е живо веќе ти е касно и за читање и учење тебе.
А каква одлука па ти ќе треба да донесуваш кога немаш можност за несакана бременост? Кога ќе имаш матка, тогаш имај и мислење на темава.
А ова па колку е иронично, твоиве осуди за абортус истовремено со бисерите против вештачко оплодување... Да се нарекуваш про-лајф и да се лигавиш дека сакаш деца, а да разглобуваш и судиш за борба на луѓе со неплодност преку инвитро, дека одат против природата Уствари и самиот назив pro-life наспроти правото на избор е една голема иронија. Вие не сте за живот, ниту повисоко морални, ниту сакате деца повеќе од нас. Само сте тврдоглаво игнорантни. Ама среќа што сте малцинство, и сè поголемо малцинство ќе станувате. Се едуцира, се свестува, се гласа, се побиваат назадности. Вие терајте си по свое, ама светот оди напред
Ова ви е најјакиот аргумент во целата тема. Вие не сте едуцирани туку индоктринирани. Има разлика. Јас немам намера да менувам ставови само за да му се допаднам на било кој. Работава е или биди како нас или си неук, неписмен, игнорантен, тврдоглав.. А вие душички, само љубов од вас излегува.
Не те нападнав. Ти кажа дека тие ембриони биле абортирани, а не се, што докажува дека не си доволно информиран.
Да Витали, најјакиот е. Ме гледаш ли мене да одам наоколу и да ширам мои „мислења“ за теми како, што знам, рак на простата. Невалидно е моето мислење на таа тема од причина што никогаш нема да бидам засегната од неа, па затоа лесно би ми било да зафаќам moral high ground.
Кажав и како би постапил во друг случај, тоест кога тие ембриони би биле создадени по вештачки пат. Ова е форум како што знам и нема ограничување кој каде да пишува. Сите сме луѓе и имаме право на свое мислење и став. Ова не е работа за која само жената треба да одлучи бидејќи бебето сама не го направила, според мене.
Тоа само ако девојката смета дека треба да побара совет од некој друг, независно дали од дечко, сопруг, швалер, родители, комшии, луѓе на форум или гатачки (и такви работи има).
Немој да бидеш вулгарна Истото мислење ми беше избришано затоа што било вулгарно. А сексизмот е сосема во ред, таман работа. Женски права, што беше тоа? Само еден куп небањати и небричени феминистки
Витали, многу ме интересира, дали ти нас не тролаш? Ама ова бре тролање е на големо, во огромни размери. И што е најтрагично, немаш општи познавања. Не можам да одлучам на која тема имаш најчудни ставови. Во тесна борба се абортусот и ин-витро оплодувањето. Ја можам да ти гарантирам дека има два пати повеќе луѓе со аномалии кои не се успешни. Оние со тешки аномалии не можат да функционираат сами, на тие личности им е неопходна помош од друга личност. Ама не знам дали ти воопшто си свесен за тоа. Да кажеше дека девојките пијат норлево како контрацепција, ке се согласев, ама абортус како контрацепција? Ова веќе е трагично. Луѓе кои се соодветни за тоа велат дека алкохолот делува на централниот нервен систем и ја намалува способноста за рационално расудување, како и дрогата (и тешки и лесни дроги) а ти велиш и се присакало. Епа ај објасни, дали луѓето кои направиле сообраќајка при возење во алкохолизирана состојба, особено оние кои починале поради сообраќајката, им се сакало да го направат тоа?
Иван и мене првиот одговор на прашањето дали таткото треба да биде прашан ми беше, да секако. Потоа размислив. Девојката можеби била силувана. Можеби таткото и не се знае. Можеби не го прифаќа детето. Можеби не е доволно психички спремен да даде одговор. Можеби починал. Доколку не се наведи јасно може многу компликации да се направат. Целосно ти го почитувам мислењето но остава многу дупки и прашања кои се покомплицирани од тоа што изгледаат.
@Rebecca_R за жал, има многу девојки кои абортусот го користат како контрацепција. Ако останам трудна, ќе абортирам. Не ги разбирам. @WildMk мислев на оние што свесно имаат незаштитени односи и кога ќе останат бремени си ја чукаат главата. Јас ако имам секс за една вечер ќе користам заштита. Па ако се случи да се скине тоа ќе биде Божја желба.