Ако така гледаш на нештата, тогаш ниту еден хируршки зафат не е безбеден. Сè си носи некакви последици, ама да се вадат информации од ракав и да се рамни абортирањето „на црно“ во неубави услови со абортирање прописно во некоја клиника, во денешно време е навистина апсурдно, па и смешно. Психичкото опоравување е индивидуално исто така, а некоја која би била во спротивната ситуација од оваа на Анушка и не би била спремна за бебе, верувај најмалку би била интригирана од „психичките последици предизвикани од абортусот.“ Како што веќе пишале, најбитно е дали некоја девојка/жена е спремна за дете и дали истото е посакувано или не. Девојчево си ја прифатило бременоста, па едноставно не гледам причина за абортус. Ама ниту за коментирање вакви небулози.
Ако одиш по таа логика и од ич ништо може да имаш физички и психички проблеми. По тоа што таа го напиша се гледа дека го сака бебето, кажа дека била среќна кога дознала дека е бремена. Затоа не е хумано и не е во ред да ја охрабруваме да абортира.
А ти ги прочита претходните коментари? Никоја не и' пиша да абортира, сите и рекоа дека нејзината желба е најбитна и ако таа одлучила да ја задржи бременоста, да ја истера до крај и да не се обесхрабрува од муабетите на другите. Никој не спомна дека МОРА да абортира, ама некој очигледно не ги ни прочитал коментарите на другите пред да го додаде и својот.
Точно. И од ич ништо може да имаш физички и психички проблеми. Никој не ја охрабрува да абортира. Девојката била среќна кога дознала дека е бремена, сака да го роди, има подршка од родители. Најмалку е битно што ќе зборат луѓето, тие секогаш ќе си најдат нешто за зборење. Само, како што реков, нејзино е да одлучи, а не да и ставаме мисли во глава.
Ама девојче, ајде посочи еден единствен коментар во кој било која членка и рекла "абортирај го"? Ајде, те молам. Буквално сите и рековме дека е ок да сака да го роди иако партнерот не се согласува, и да не и е гајле за коментари од душебрижници штом ја има поддршката од нејзините. Потенцирање на фактот дека процедурата е безбедна не е исто што и поддржување на истата. Стварно не е во ред да истапуваш со вакви коментари.
Да не ги прочитав немаше ни да пишувам. Не биди толку дрска не те фатив за врат. И јас тоа го реков, да ја охрабриме. Ми бодеше очи тоа што членката пиша дека абортусот бил безбеден, ми изгледаше како да и дава предлог да абортира. Во вакви моменти не би требало тоа да го правиме, кожа ми се ежи кога ќе помислам на момент како и е на оваа девојка.
Јас сум членката што го пиша тоа, еве пак ќе ти повторам: безбедна процедура е. Немаш никакво професионално медицинско познавање и изедначуваш факт за безбедност на процедура со скандирање дека секој треба да се подложи на истата - тоа е само чиста дрскост. Баш и треба во вакви моменти да се потенцираат сите околности, а личноста сама да одлучи. Таа веќе одлучила да го задржи и тоа е прекрасна вест, и со среќа нека и е. Доволно е од вакви небулози!
Во случајов, не сум јас таа што е дрска, туку некој друг, посебно со тие фрази на крај. Јас многу смирено ти поставив прашање, еве ти прекрасно ми одговараш со убави фрази. И да, очигледно не си прочитала ништо, затоа што ниту една не и' рече да абортира, особено пак не јас. Слободно врати се на претходната страница и одново прочитај ги одговорите пред да и' се пуштиш на некоја друга со вакви ниски фрази. Веројатно не се ни разбираме, па затоа „дискусијата“ ја завршувам тука.
Не треба да ја охрабруваме, треба да и дадеме до знаење дека не постои погрешен избор. Дека единствено е битно што сака таа, а не што зборат комшиите, ниту пак еден куп анонимуси на форум.
Не знам дали за мене беше ова, ама нигде немаше такво нешто, и јас и сите останати до една ја охрабривме токму во тоа да го задржи бебето. Само се „фативме“ за тоа спомнатото со осакатеноста, бидејќи е чувствителна темата - читаат и девојки кои не се подготвени за бебето и немаат поддршка, па не треба на темава да наидат на нешто застрашувачко.
Не не е безбедна, никој не дава 100% гаранција. И во вакви момент не треба да даваме секакви предлози бедејќи таа одлучила и треба да ја порджиме наместо да и предложуваме нешто за кое ќе се кае ако го направи бидејќи пиша дека е среќна што е бремена само проблем е што ќе биде озборувана од околината. Да и помогнеме да го реши проблемот, да и дадеме до знаење дека не е битно што другите ќе ја озборуваат и дека тоа ќе помине за неколку дена додека не најдат друга мета а не да и предлагаме абортус. Треба да ја охрабриме и да го подржиме нејзиниот избор.
Во право си дека никој не дава 100% гаранција. И во право си дека треба да ја охрабриме и поддржиме, бидејќи, очигледно е загрижена за тоа како ќе рагира нејзината околина. Ако не беше, немаше да го постави прашањето на форумот.
Па никој не дава 100% гаранција за ништо во животот, и за никоја, ни најбанална процедура. И никој не и предложува ништо за кое би се каела, разграничи ги веќе тие поими, и не води инает. Сите ја поддржаа во нејзиниот личен избор, никој не рече дека не и чини, само ти оправаш криви дрини.
Човек спонтан ќе добие додека ве чита сите вие како верглате едно те исто!!! Еве јас ќе и кажам да абортира слободно ако е многу млада, ако нема работа, ако не завршила образование и ако не се осеќа дека и е време за да стане мајка....никако не одобрувам да го роди а мама да и го чува!
@анушка899 ти го сакаш тоа дете, поддршка имаш, што повеќе ти треба? Ништо. На твое место, и јас би го родила. Се согласувам со претходните коментари, дека самохраните мајки се само силни и храбри жени за кои не може ништо лошо да се каже и од тоа не треба да се срамиш. Ти ќе бидеш среќна и тоа е најважно. Не прави нешто за кое ќе се каеш цел живот. Дечко ти се покажал дека е кукавица, но ете подоцна можеби и тој ќе го засака детето па ќе се срами што така глупаво изреагирал. Депресија... Тебе среќно и лесна бременост.
За што учиме медицина ние толку години, за да “осакатиме“ луѓе ли? Немој со вакви примитивни сфаќања, бетер звучи дури од тие што мислиш дека ќе зборат у твоето мало градче за тоа што ќе си самохрана мајка. А и не живееш за комшиите, искрено кој фактор ми се мене во животот на пример Стојна и Петра од соседната зграда? Никаков. Ете ти го и одговорот. Не си ни прва ни последна што ќе бидеш сама мајка, чим го сакаш детето и имаш поддршка од мајка ти, мислам дека е супер одлука, а и денес самохраните мајки реално се многу почитувани и гледани како херои, а и херои се. Секое добро, со среќа и убаво да си ја истераш бременоста ако решиш да го родиш. П.С Може звучев малку грубо на почетокот, но сепак не можев да останам рамнодушна на тоа што го прочитав.