Па другаркати прво би ја советувала да оде на гинеколог да се консултира и потоа од таму ќе ја упатат каде е најсоодветно да го направи тоа,инаку зафати се прават и во клиниките и во приватните болници е сега колку во приватните е поскапо се разбира,никако не смее сама бидејќи знам дека истиот ден ги пуштата и имаат невероватни болки во телото насекаде така да мора да има некој со неа... Одете прво на гинеколог...
Ако мајката е девојче од 15 години (имаме таков пример меѓу нас), дали тоа дете е спремно да роди? Дали тоа дете е е спремно да биде мајка? А како тогаш тоа дете е спремно за секс?
Па немора да значи дека ако некој е спремен за секс, веднаш е спремен да биде и родител. Сите знаеме од колкаво значење се децата, семејството... и тоа не е ни малку лесна работа. Јас не сум против абортусот затоа што секој има право на избор, а се знае и до која недела од бременоста е дозволен. Дали е подобро тоа дете да се роди, а да нема услови за еден нормален живот? А да не го забораваме тоа дека ниедно средство за заштита не е 100% сигурно...ете може да се случи да пукне кондомот, а што тогаш? Со ова не сакав никого да убедувам, а уште помалку да навредам.
Вака... Се случи една ситуација на една моја блиска личност, можеби забележавте во сдп напишав... Ситуацијава е малку комплицирана... Таа само што заврши факултет, моментално бара работа, а дечко и е невработен исто така, но има и друга ситуација. Тој живее под ќирија со мајка му. Ја згрешиле работата и сега таа сака да абортира. Моето мислење на темава го имам кажано, сакам да слушнам и ваши мислења. Таа е решена да го абортира, и несакам да и се мешам во одлуката... Сепак, но не е ни мала, има 24 години, а тој е постар со година-две од неа... Вие што би направиле?
Па пошто сум јас 90% против абортус (освен ако фетусот не се развива нормално) би рекла дека треба да си го задржи детето. Бидејќи спомна дека има 24 години и завршила факултет, до некаде и време и е за мажење. Ќе си направат мала скромна свадба или пак само регистрација а во меѓувреме и двајцата ќе продолжат да си бараат работа. Не гледам причина зошто би го абортирала. После тоа не само што постои ризик никогаш повеќе да не забремени туку и целиот живот може да и тргне наопаку. Да се "убие" живот не е мала работа, а и највероватно ќе се оладат и односите помеѓу нив двајца и таа врска тешко дека некогаш ќе заврши со брак.
Незнам ситуацијата е малку деликатна, но сепак за се се има решение. Јас лично не сум за да абортира сепак не е мала, велиш финансиската состојба не им е сјајна ама сепак дечкото може да се потруди и да најде било каква работа барем за машко е полесно за работа. Ајде да иде и да абротира и ќе останат ли заедно? Неверувам дека ако сега абортира и останат заедно за година две ќе се сменат работите, куќа не се купува така лесно. Јас сум за да не абортира! Да не беа во врска и да беа помали погрукчие ке гледав на работиве, а вака сум против абортусот!
би абортирала јас лиЧно не сум била во слиЧна ситуација ниту ја знам ситуацијата у детали....али од проЧитаното го делам мислењето на девојката. на крај краиста без разлика дали е правилна одлука или не, би се слозила со нејзе у секој слуЧај засто нејзино тело, нејзин зивот и она сама ке ги снесува евентуалните последици од одлуката. како мало образлозување зосто - тоа е нејзино право и нејзина одлука, никој нема право да ја осудува, критикува или соли памет засто не и е у коза. -наса е одлуката да донесеме дете на овој свет мегутоа наса е и одговорноста да му прузиме она сто е неопходно. изигрувањето маЧЕник не носи млеко на тоа дете. -она нема работа, знаЧи и кога ке се роди тоа дете тој статус ке остане непроменет, неговата финансиска, стамбена ситуација во моментот се неповолни - на сето тоа стави и други икс компликации кои ке се појават и мозат да допринесат нивниот однос само да се влоси. доколку постои лјубов и разбирање верувам дека мозат да го надминат овој тезок период, и да се поклопат коцките сто би рекле и да имаат подобро утре.
Може да има и 34 год. и да не биде спремна да биде мајка. Ако тоа е нејзина,нивна одука тогаш тоа е вистинската одлука. Финансиите несмеат да бидат пресудни како за мајчинство, така и за брак. Неможе сите да бидеме богати, но можеме на детето, тогаш кога ќе бидеме спремни да го имаме, да му го пружиме сето она малку материјално што го имаме со многу љубов и разбирање. Колку само богати деца се жртви на амбициите и кариерите на своите родители. Таквите “родители“ подобро да ствараа капитал, а не деца. Никогаш необраќам внимание на жените кои држејќи дете во раце просат, покажувајќи го детето како ефтина роба.Не, не сум бесчуствителна. Ги презирам. Но...секогаш има исклучок.Шетајќи низ ГТЦ поминав покрај жена која проси. Одбивно ја погледнав, а таа во тој момент и незабележувајќи ме се наведна и го бакна своето дете. Тоа беше најубавиот бакнеж кој го имав видено, а јас бев онаа што требаше да биде презирана. Спојлер малку отидов офф
Нејзин живот, нејзина одлука. Не знам колку сме ние компетентни овде да го разглабаме нејзиниот личен проблем односно одлука да ја прекине бременоста. Но еве општо земено на тема абортус, значи навистина се ежам, ама буквално, кога ќе чујам - време и е. Време за што? Имаме некоја животна табела која одредува кога точно ШТО треба да правиме во животот? Чек да ја проверам да видам за што ми е време мене? Време ми е да какам, 9 саат помина а првото кафе го испив. Ама мене не ми се кака - ама мораш, време ти е! Sir, yes sir! Let's do the robot talk. Изгледа јас можам комотно да се откажам од животот затоа што ми поминало времето Абе ајде. И што ако и е време да се мажи а што ако таа не сака да се мажи? Не се чуствува подготвена, зрела, едноставно не сака? Со сила ли треба? Плус отсекогаш сум тврдела - дете не е куче, ајде ќе се снајдеме некако за јадење - ќе му даваме помија, што и да е, ќе преживее. Јас сметам дека финансиите се и те како битни и пресудни за тоа некој да се одлучи на млади години дали ќе има или не дете. Ако процени дека може да му дозволи на своето дете да има едно здраво детство со задоволени основни потреби и желби - во ред. Ако не - е не треба да се иде главом против ѕид. Не една фамилија гледам на улица - со децата во раце, валкани, гладни, несреќни ама битно - божји благослов се, ги родила, си ги наредила 6мина едно до друго ама нема ни за леб да им даде. Се прашувам каков живот е тоа?! Абортус е прашање на избор. Личен избор а јас нема што да сум против личниот избор. Давање нов живот е прашање на одговорност. Ние сме одговорни за нечиј друг потенцијален живот. Ако не можеме да му го овозможиме - па да, сум за прекинување на истиот во неговите зачетоци. Подобро прекин после месец дена да речеме, отколку не дај Боже самото дете да си пресуди после години измачување затоа што мама мислела дека - ете, ќе се снајде некако. Не дај Боже цел живот да ја мрази ради огорченост. И исто така не оправдувам - кај парови каде што се гледа дека ни на крај на памет не им е да се земат, евентуално кратко време се заедно - девојката ќе открие дека е бремена, ајде свадба брзо! И што сега? Свадбата е демек гаранција за меѓусебна почит, љубов или за подобар живот на тоа малото кое ќе се роди? Многу повеќе ми смрди на малограѓанска одлука од стилот на - само да не не зборат луѓето, што ли ќе си помислат? Евентуално - христијански грев е да се воспитува вонбрачно дете (а демек секс пред свадба не е?!). Да не почнам да се расприкажувам со судбини на мои пријателки кои останале сами со децата...глава ќе ви се сврти Ама ова последново е секако друга тема веќе. Сума сумарум. Абортус = право на избор, и секоја една идна мајка или не, треба да го има тоа право. Не презирам ниту осудувам никого и почитувам секаква одлука. А одлука за абортус и те како знам и можам да разберам.
Ве молам само никако не ја поврзувајте спремноста за имање секс, со спремноста за мајчинство. Сосема 2 различни работи. Ако девојката се реши да почне со сексуален живот тогаш се што и треба да биде информирана за заштита, а не да се сонува како мајка и дечиња трчкаат околу неа. Демек ако била спремна на секс, требало да биде и спремна деца да чува, бре. Што ако јас несакам да имам деца воопшто? калуѓерка, а?
Го подржувам и те како. На пример, имаш секс до дечко ти, пука кондомот, пиеш апче за ден подоцна, но ти пак, остануваш премена. А си на факс, амбициозна си, и децата се последно нешто на што мислиш, сакаш прво кариера и да си го средиш животот, а после мајчинство. Нормално дека ќе абортирам, сум за, и секогаш ќе бидам.
строга забрана за абортусот.....големо НЕ....погледенете ги сликиве од абортуси по светот,извинете можеби ке ве растревожат но тоа е вистинската слика на абортусот....и јас сум била во тинејџерските години и сум разлисувала дека треба абортусот да се дозволи без да ги знам последиците негови.....но сега го имам најспротивното мислење ....НЕ за абортусот .....тоа е убиство....ќе речете тоа не е убиство!ма тоа сеуште не е дете...ништо не разбира ....не не...грешете ..... погледенете ги сликиве од абортуси по светот,извинете можеби ке ве растревожат но тоа е вистинската слика на абортусот http://www.mttu.com/abort-pics/
девојки дали сте биле на некој бабински начин на абортирање ..? што мислите за тие застарени методи? ........ колку дена лежевте во болницата за време на абортусот и колку пари ве чинеше тоа ...?
jas ja nosev starosvaticata na abortus zatoa sto ne se razvivase dovolno plodot pa morase vo neuromedika 7000 den so celosna anestezija i po samiot cin od koga ja razbudi ja a traese 20 min lezese uste 10-15 min.toa e
Oва се бебиња кои се гледа дека се даааалеку од 2-3 месец! или ова е тешка пропаганда (родени мртви од некои X причини, па ајде ќе велиме дека е абортус) или е навистина абортус, јас имам слушнато за еден вид на абортус, кога фетусот е веќе поголем значи накај 5-6-7 месеци! со инекција преку стомакот на жената се боцка, се умртвува, и после жената го пораѓа мртво! значи не сум се информирала многу многу за темава, како иде таа процедура, е сега ова навистина не знам дали е вистина, дали постои ваков абортус, или е дезинформацја Aма како и да е, не знам што чекале тие жени толку време, можеле да абортираат господе боже додека бебето било се уште едно обично гравче Hо, абортусот е право на избор!
И никако бабински начини на абортирање Самата кажа тоа се застарени методи, и можат да предизвикаат сериозни проблеми и последици. П.С. Претпоставувам дека под “бабински начин“ подразбираш нелегален абортус.
Ден 1: Со самото зачнување е формирана нова и уникатна личност. Веќе е одреден полот на детето, бојата на очите, косата, формата на лицето и уште илјадници други особини кои ги поседува. Ден 6-14: Ембрионот се прикачува за ѕидот на матката на мајката. Ден 17: Мајката веројатно се уште не се ни сомнева дека е бремена (ова е време кога нејзината менструација доцни само 2-3 дена), но кај нејзиното бебе веќе почнуваат да се формираат крвните садови и тоа веќе ги произведува неговите први крвни клетки. Ден 18: Менструацијата на мајката касни само неколку дена, но срцето на бебето веќе почнува да чука. Иако на почетотокот пулсирањето не е рамномерно, многу брзо ќе се стабилизира. Ден 20: Целосно е поставена основата на: мозокот, 'рбетниот мозок и нервниот систем на бебето. Започнува развојот на неговите уши. Ден 22: Започнува развојот на очите. Ден 26-27: Започнуваат да се формираат белите дробови на бебето, тие ќе му го овозможат животот надвор од утробата на мајката. Ден 28-32: Се појавуваат почетоците на малите рачиња, а по 2 дена и почетоците на ноџињата. Почнуваат да се развиваат носот и јазикот и веќе започнува да се појавува лицето. Започнува да расте тироидната жлезда. Крвта тече низ вените на бебето и е одвоена од крвта на мајката. Сето ова само по 14-18 дена каснење на менструацијата кај мајката. Ден 36: Се појавува за прв пат боја во очите на бебето. Ден 40: Бебето ги прави првите рефлексни движења. Кога ќе се допре околу устата, го наведнува вратот. Во мозокот може да се детектираат првите електрични бранови или тоа ќе се случи по 1-2 дена. Ден 41: Почнуваат да се формираат и прстите на рачињата, а по неколку дена ќе се појават и прстите на ноџињата. Сето тоа се случува додека менструацијата на мајката касни само 27 дена. Ден 42: Се развиваат нервните патишта, кои ќе му го овозможат чувството за мирис. Почнуваат да се формираат зглобовите на бебето. Ден 44: Се формираат пупките на млечните заби. Почнуваат да се формираат очните капаци, кои ќе ги заштитуваат очите. Присутни се внатрешните органи на бебето, иако не се зрели. Формирани се 99% од мускулите на бебето, секој со своите нервни патишта. Ден 52: Почнуваат спонтаните движења кај бебето. Во наредните 4 седмици бебето ќе развие цела палета на нови движења: икање, муртење, поткревање на вегите, движење на усните, движење на рацете и нозете, вртење на главата, протегање, дишење на течноста во која се наоѓа, отворање на устата, прозевање, смукање ит.н. еве како се развива бебето....а дали абортусот е во првиот или во 5 месец сосема е исто....се уништува живот и јас сум против тоа
Cе уништувал живот!.... Oк, се уништува живот. ама замисли некоја затруднела при силување.. и што треба сега да прави? да го роди детето, само за да не му го уништи животот, а притоа таа да си го уништи својот, чувајки дете кое настанало од силување? или некоја 14-15 годишна, затруднела, и што? да раѓа целата младост и цел живот да си го уништи? Aјде ве молам......... Hе оправдувам абортус кога станува збор за зрела жена, со финансиска поткрепа, ама за овие другиве случаеви оправдувам! Cекој си има право на избор, а абортусот е едно од тие права