Во 21-ви век, ризичноста на абортусот како медицинска процедура никако не може да биде аргумент против абортусот. Конечно, и породувањето како медицинска процедура не е без никаков ризик, па никој не го користи тоа како аргумент за немање деца.
Прво здраво. Вака сега имам 25 години, пред четири години направив абортус, помина све добро. После тоа се мажив и останав бремена, сега имам ќерка од 20месеци. Денеска дознав дека сум пак бремена. Цело време мислам и мислам дека не сум спремна за уште едно дете. Со ќерката многу се намачив и до ден ми е само во раце, со нишање шп саат време за да заспие, ноќта се будит по 3 пати и пак со нишање од 2 саати за да презаспие, а и тежит верувајте, други не сака да ја земат, дома живееме во една куќа, свекор,свекрва,баба, брат на маж ми, неговата жена и нивното бебче од 3 месеци, нашата куќа се прави, додека дојди да се преселиме сигурно ќе поминат уште две години. Све е како под притисок, све како секој со секој да не можиме да се поднесиме, само правење лице. Жално ми е и тешко, мислам дека не сум спремна за уште едно дете барем не додека се преселиме ама ете дојде непланирано. Се мислам да абортира, од една страна си викам еден абортус имав, па бев бремена па сега пак да абортирам, да не си направам проблем, од друга страна не сум спремна ни физички ни психички, барем уште малце време да поминеше. Пишувам чисто да си се искажам, и некое мислење од вас. Поздрав
Биди спремна за одговори од секаков агол. Прво не сме овде да осудуваме едностанвно доколку можеме да помогнеме со совет би помогнале. Не сум за аботус ,зошто? Можеби дека сум во деликатна ситуација бидејќи се борам за бебе,и јас имав абортус не по моја желба секако,но процедурата дали си сакал или не е иста. Мој совет можеби второто бебе ќе биде различно од првото,мирно, а можеби и првото би се променило кога ќе дојде другото бебе. Ова би било мое мислење доколку би била во твоја ситуација. А за нерви секако ги губиме со секојдневни непотребни работи а кај деца се само период,брзо растат
Ај нешто да не е во ред со плодот или тебе не дај Боже, па да помислуваш на абортус. Ама да посакуваш да абортираш дека сте во гужва дома, куќата ви се прави, другото дете ти се будело ноќе (која глупост). Детето ти сама си го научила така да заспива со два саати нишање. Јас на моите им потпирам шише со млеко и ги оставам со повремено ѕиркање. Ако се многу уморни веднаш заспиваат, ако не се толку уморни, можно е пола саат да беснеат во креветче, да се смеат, да си прават муабет на нивен јазик ама си заспиваат кога ќе се уморат. Јас сум со близнаци, и ние сме тука некаде со возраст, и јас ги кревам двете, ама ти сама си го научила да ти биде цело време во раце. Моиве кога ќе се уморат од трчање, одење сакаат во раце да ги земам, ама обично се многу раздвижени и не сакаат многу гњавење во раце, освен кога ќе се заиграме нешто. И ти си задолжена за нивното темпо на живот, треба да се потрудите да го нормализирате во смисла на спиење, станување, навики на заспивање. Како што ти се искажа така и јас се искажав во врска со твојата ситуација.
Првото и второто ми се 1.5 година разлика. Имав толку ужасен пораѓај со првото, плус, до пред година се будеше буквално ма 1.5-2 саати и буквално не преспиваше. Како бебе 2-3 пати по 15 минути а покасно ни толку, па маки нејадач...не знам како ми текна на второ Ама биднало. Еве го и второто. Година и неколку месеци. Во секој смисол полесно од првото. И детето е друго а и јас. Подобро сум организирана, помалку паничам, поискусна... Е и трето имам Три месеци е. Шок беше. Нека е живо и здраво ниту на момент не помислив на друго освен да го потрошам последниот атом енергија и да ја доносам бременоста. Некогаш мислам ниту за едно не сум спремна, не па за три и преиспитувам секој чекор секоја одлука, некогаш па дека во еден здив ќе се изгледаат и дека го правам тоа како профи. Совет немам, ти си знаеш како ти е. Само искуство споделив.
Жената си живее во околности- такви какви што се со уште 10 луѓе во заедница. Сигурно не и е лесно. Можеби и ќе го роди а можеби и не. Треба ли читава и при здрав памет да ги изгледа тие деца? Не знам како е дојдено да бременост, можеби и требале повнимателни да бидат ама не е моја работа. "Последиците" ќе ги сноси секако таа- што го научила детето во раце На карајот на краиштата ако одлучи да ја прекине бременоста секако дека не е убиец
Секој си гледа различно на појавата-абортус. Мое е како јас гледам на тоа, и јас сметам дека е убиство. Дали е фетус, зигот, ембрион, тоа е веќе живот и одземањето на тој живот е убиство. Мое гледање на работите, имам право на тоа како што имаш и ти. На крајот на денот сите постапуваме онака како што сметаме сами дека е исправно, а не како што ќе ни каже некој на форум. Членката си пиша на јавен форум и треба да е спремна на секакви мислења. Да поддржувам абортус од вакви причини ќе се сметам како соучесник. И целиот пост и беше себичен. Наведените причини за абортус и беа смешно трагични. Сите имаме кој потежок кој полесен живот, не живееме сите сами со мажот и децата, финансиски не сме сите сјајни, а членкава како што кажа градат куќа и кај и да е ќе се осамостојат.
На сите му сметат плчењето на ќерками, играчките биле радтурени, дома не било средено, ќерками е рикачка,плачка, (како не ти е смачено цел ден на плачиш) дел од коментарите на јатрвами, можеби кажани не во лоша смисла, меѓутоа постојано, неможам да ги слушам како така зборуваат, па таа е дете не можи да седни и да гледа телевизија, дома не ми се одит верувајте, шукјур што одам на работа, кпга ке си одам одма ја земам ќерката и си ја шетам, остатокот си го поминувам со неа надвор или на долниот дпрат, само да не ги боли нив глата од нејзиното плачење, секоја врчер верувајте си легнувам со плачење и си викам, не се нервирај ке поминит, и таа ќе порастит све ќе се средит. Едноставно сум како во депресија, не ми се разговарат со никој дома, кога ми каснеше само 2 дена знаев дека сум бремена, непланирано и јас незнам, пазевме ама ете бидна. Не сакам да се разправате, не се лутам на никој коментар, напротив ми е мило што ќе ми кажите нешто, не битно дали добро или лошо, ќе научам и јас нешто од вашите коментари ќе видиме што ќе биде Баш ми е мило, сите да ти се здрави и живи, мило ми е што го сподели своето искуство Не велам дека ради домашните услови сакам да абортирам, намачена сум, немам нерви, мислам дека не ќе можам да се справан со две
Dusho moja dali vredi poradi jatrvati sto jade mnogu g... da se sekirash? Daj razmisli ubavo ako nejze i smeta tvoeto detence ondak ona nek se odseli od tamu pa neka ima mir kolku saka. pred jatrvati nemoj nikogash da go karash deteto ochigledno e deka ona se siti so toa koga te gleda tebe kako go karash maloto.jas da sum na tvoe mesto ima da se prcham so mesheto a i so drugoto detence ima site igrachi na sred soba da gi rasprcham pa neka lae od strana ona kolku saka. Znae li mt deka sakash da abortirash?
У Уфф нее, само му кажав сабајле, сега е и тој на раб, и јас, кога ке се видиме после ке прајме муабет.
Па и психичкиот момент е доволна причина за абортус. На децата им треба здрава и смирена мајка, пред сè друго. Не ми е јасно од каде пак вие повеќе сигурни и од членкава (која јасно си кажала дека во моментов не се чувствува спремна за уште едно дете), тврдите наголемо дека ќе се кае, дека греши, дека е убиец - чувај боже. Срамота. Срамота што во денешно време жена на жена никогаш не може да и' биде поддршка или рамо за плачење, макар и витруелно. Многу поразително за женскиов род, навистина многу. Ако за некоја тоа се куп глупости, за друга воопшто не се и не гледам причина за исмевање, омаловажување, па и лепење етикети. @ЛаЉе, ти сама најдобро си ја знаеш и ситуацијата дома и твојата моментална состојба - во смисол, како се чувствуваш и дали си спремна на следен чекор, без разлика на одлуката. Јас искрено погрешно те разбрав, мислев дека живеете сите напикани на еден спрат и дека немате услови за проширување на семејството, итн. Некако твојот пост така го доживеав, но можеби неочекуваната бременост те погодила, па затоа и исходот е таков каков што е и малку паничиш. Би паничела и јас, така да, те разбирам. Јас не се согласувам со фразите „кај едно, таму две“ и ним сличните, тоа било поминало некогаш. Во денешно време не се работите толку црно-бели, има мал милион нијанси помеѓу, не се сите искуства и сите поимања на нештата исти. Но, крајната одлука секако ќе си ја донесеш сама. Разговарај со сопругот, не се оставај сама во такви моменти и размисли убаво дали ќе ја продолжиш бременоста или не. Детето не е ниту големо ниту мало и нормално е да се секираш како би се одвивале работите понатаму, па затоа мислам дека најлогичен чекор пред да пресечеш е да разговараш со сопругот и заедно да одличите што понатаму. Јас сепак мислам дека погрешна одлука не постои и никој нема право да ти суди.
Мора да седнете и сериозно да разговарате со сопругот како што кажа. Можеби уште не ти се стабилизирани емоциите од дознавањето на бременоста па затоа така си се почуствувала. Разговор со сопругот, ти ќе си седнеш сама, ќе си размислиш како се чуствуваш па ке си донесеш една одлука, ама прво нема ти се средат емоциите а и многу зависи каква поддршка ќе добиеш од мажот, според мене тоа би било пресудно за второ дете, и не во смисла само на психичка поддршка туку и помагање по дома и околу децата. И јас се согласувам дека нема погрешни или исправни одлуки на долги стази. А одлуката мора да се донесе сега и со ситуацијата каква што е во моментот. Плус друго нешто, побарај помош од лекар, на гинеколог прво па акто треба и од психолог, и депресијата може да влијае ти влијае да се чуствуваш така како што опиша.
Од прилика сме во слична ситуација , ама еве ме со трето на пат.2 абортуси -1спонтан и 1принуден заради конизација . Второто дете ми е 2ипол год кога читам за твоето како да го опишуваш моето ,абе од ластовичка пишти вришти, сеуште се буди навечер за млеко.ако не ја смирам кога вришти обавезно бљуваници повраќање .Остави ги кој што вели "сит на гладен не верува" такво си е детето и готово. Првото ми е гулапче не смеам да се пожалам . Третото го планиравме (си имаме некој ете таков договор "раѓам до 30" после затварам фурна ) Ама бидна дури после пола год баш коа најмалку очекувавме (дури почнав да се плашам дека нешто не е ОК што не бидна одма) Мене сопругот МНОГУ ми помага околу нашата "плачка " а и околу домашните обврски. НИКОЈ друг ниту ни дава ниту чува. А да видиш како трча малава по маслото за стрии мачкаат со тате заедно , церемонија е тоа без нејзе не смее никако. Па на папокот бацува дрдори на бебе пее нешто ("мене бебе леде "-ја гледало бебето од папокот) На сите еха со нас ги водиме деца среќни ние уште повеќе. Си туфкаме со мм како ќе не биде и се молиме третово да не биде како второто И абортусот влијае на психа и плачливо-захтевно дете влијае на психа. Одлучи си ти лично што би можела да издржиш.
Девојки фала ви на сите што одвоивте време за мене. Одлуката е донесена, ќе си родам уште едно бебче, сега мислите и стравот уште сега ми се како ке се породам, многу ми е страв, ако веќе еднаш родив, уште сега се мислам како ќе биде.. сопругот не сакаше абортус, ме подржа во секоја смисла и го сакаше ова бебле. Фала ви на сите, на сите да ви се здрави и живи дечињата, уште многу господ да ви дава на сите
Баш ми е мило што донесе таква одлука. Те читав јас од вчера уште меѓутоа неможев ништо да искоментирам оти сепак сметав дека одлуката е на тебе. Солесно да си ја поминиш бременоста и што побрзо да сисе преселите во куќата која е во изградба. И јас живеам заедно со свекрва моментално, спратот каде што ќе живееме сеуште не е спремен за преселба и се надевам дека дури да се роди бебушот до декември ќе ни е готов спратот, меѓутоа и да не е тоа е што ќе поседам уште некој месец со свекрвата. Хехехе и подобра е од ко разбра за бебушот, гледа да не ме нервира некако, дури и се понуди да купи количка или креветче што ме изненади оти обично не беше заинтересирана многу околу нас. Ама ситуацијата со бременоста ја омекна некако. Како и да е најбитни се бебушите и сега треба да мислиме на нив и да бидиме среќни трудници, на приговорите од јатрвата ич не обрнувај внимание, таа нема право да ти приговара за твоето дете, плус и таа има бебе од кај знае дека нејзиното кога ќе порасти тро нема да е белаџиџе. Уживај во бременоста мила, и сакај си ѓи двете дечиња, ајде второто можеби ќе е помирно. ( Пример јас сум била како мала мн палаво бебенце, нон стоп вардење, само плачење, јадење пребирливост максимално до толку сум ја измачила мајками што нејкела да слушни за второ дете, меѓутоа ко ја родила сестрами таа била спротивно од мене, мирно бебенце не ни плачела, сама си играла, дури чудно му било не сетиле дека има уште едно дете дома) Поздрав мила и се најдобро ти посакувам
Вистинската и најубавата одлука, ма да не требаше воопшто да си дозволиш да одлучуваш. Господ те наградил со живот, си имаш маж, друго дете, не си сама. Плус градите куќа. Ќе видиш здравје Боже кога ќе се опуштите во новата куќа, ќе ви пристигне и трето Мене па ич не ме погодуваат коментарите за мојот коментар. Тоа е мојот став за абортусот и секогаш ќе бидам за животот. Ајде сега со лесно и игнорирај ги зајадливите коментари од јатрвата. А куќата ако сака нека полета, глеј си го прво детето и мажот, па за друго ако остане време.
http://www.iflscience.com/health-an...-refusing-her-prescription-on-moral-grounds-/ И сега, и ова е во ред?
Законот им е ептен недефиниран. Работник на работно место има право да одбие да ти даде тоа што го бараш од негови лични причини втф?? Според мене не треба од истите тие морални лични причини ниту да работи во аптеката каде држат морнинг афтер пил. Следно што кондоми ке одбива да продава.
Да, според законот нивни, лекар и смее да одбие да те лечи врз основа на негови морални или верски убедувања. Има многу такви случаи кај што лекари одбиле да лечат ЛГБТИ лица. Замисли лекар јеховин сведок што одбива да лечи пациенти кои примале крв