Кога веќе влегуваш во таа професија, пред врата оставаш секакви лични, морално-етички, религиски, политички или било какви други убедувања, влегуваш и ја работиш работата за која си дал заклетва, третирајќи ги сите подеднакво. Ама нели, God save fucking America, се имам изначитано секакви нивни so called закони, па веќе ништо не ме чуди, дури ни ова
Во врска со последниот линк, и во Македонија според чл. 13 од Правилникот за хоспитална култура, работникот има право да одбие да изврши некоја здравствена услуга, ако има етички или личен конфликт со пациентот, освен кога пациентот е во животнозагрозувачка состојба или му е потребно укажување на итна медицинска помош. (Службен весник на РМ бр. 43 од 18.03.2015)
Законите не чинат. Страшно. Затоа секуларноста е толку важен сегмент на општеството, од којшто кога се забегува - ете може да се загрози дури и безбедноста на луѓето. Откако ќе облечеш бел мантил, за тебе важи Хипократовата заклетва и професионалната етика, а не заповедите од имагинарното другарче. Ако абортусот, дури и неопходен во животозагрозувачка состојба на жената, за тебе е убиство - ич не се нафаќај да бидеш гинеколог. Сите што се водат по хардкор религиозност во извршување на работата, од слаткари што не сакаат да прават торти за гејови до вакви дегутантни случаи во гинекологијата - сè тоа треба да лета од работа според мене. Па нека си работат во рамките на некоја секта, а не на отворен пазар на труд.
Никој не брани да се има религиски, политички, етички и слични ставови, но истите секој разумен поединец знае дека треба да ги остави на страна, да не ги меша во својата професија, а уште помалку да ги наметнува. Зар сега јас да одбивам да пружам помош само зошто некој не е православен христијанин, или етнички македонец, или десничар, или белец, или хетеросексуалец, или било која друга поделба? Апсурд. Ако ти мислиш дека си супериорен со своите убедувања, тогаш воопшто не се нафаќај да работиш во толку одговорна професија во која животот на друга единква буквално зависи од тебе, само, кој да сфати...
Не е дека законот не чини, баш е демократски, му овозможува на човекот да делува според своите уверувања, ако ти прифаќаш педери како нормална појава, право на абортус како право на избор на мастики итн. можеби некој, без разлика што е по професија, дури и доктор, може да нема мислење како твоето па и тој има право на избор. Дури овде изборот, за разлика на пример од твојот или нечиј друг во врска со наведеното, му е ограничен, исклучоците се јасни, освен ако пациентот е во животнозагрозувачка состојба или му е потребна итна медицинска помош. Тоа значи дека ако на ургентна дојде некој пред искрварување до смрт, сигурно докторот нема да го праша дали е педер или лезбијка, или дали абортирала некогаш, туку ќе му пружи итна медицинска помош. Или на гинекологија ако донесат пациентка во загрозувачка состојба со спонтан абортус, сигурно нема да ја остави на операционен стол. Е сега ако треба да препише терапија/инјекција или да треба да аплицира инјекција за умртвување на жив и здрав плод, може да одбие и тоа да го препушти на друг доктор доколку има друг во смената или да и предложи да оди кај друг доктор или да дојде во друга смена, состојбата не и е итна, бебето нема да ја изеде одвнатре. Пред да скокате одма за законите, треба да имате предвид дека тие се толкуваат и предвидуваат исклучоци, кои вие не сакате намерно да ги приметите. Така и со фармацевтот, може да одбие да даде медикамент кој ќе умртви плод или сличен медикамент, не е единствена аптека, секогаш може да се обрати во друга аптека.
Не си ја прочитала статијата. Фармацевтот одбил да даде лек за исфрлање на веќе мртов плод. Престанал да се развива во 9 недела. А лекарот проценил дека жената треба да го прими лекот, наместо да прави киретажа. Мртов плод во матка за кратко време може да направи големи компликации. И мене не ми е логично да имаш право да одбиеш да издадеш лек или да извршиш медицинска интервенција во животозагрозувачка ситуација поради лични убедувања.
Во Хипократовата заклетва стои дека лекарот нема на жена да и` даде средство за пометнување на плодот. И далеку е од секуларна зашто се дава со заклетва кон сите “богови“, почнувајќи од Аполон. Така да, гинеколозите кои вршат утробни убиства ја погазуваат Хипократовата заклетва.
Статијата не ја ни прочитав, немав време да ја отворам, го коментирав нашиот протокол. Во наведениот случај, според тоа што ти го наведе, ако случајот бил животозагрозувачки, немало лекарот да ја прати да ака трудна по аптеки да бара лек, туку тој бил должен во болнички услови да и го даде лекот а ако го немале веднаш ќе го набавела болницата па ако треба пациентот ќе си го плати. Па ако лекарот проценил дека е во ред да ја прати да бара лек значи дека пациентката има време да се обрати и во друга аптека. Пациент во животозагрозувачка состојба се хоспитализира а не се остава да бара лек.
И човек што има дијабетес или астма ако не прими лек, животот му е загрозен. Да бил на своја рака лекот па да разберам. Ама со препорака од доктое, нема тој аптекар што да меша негови лични етички причини во професија.
Законот му дозволува, има други аптеки, пациентката лекарот ја пуштил сама да бара лек, да проценил дека е во итна или животнозагрозувачка состојба, ќе била хоспитализирана.
Деновиве се врти темата за посвојување и згрижување деца без родители, па сметам дека прашањето е соодветно за оваа тема. Сите оние кои се против абортусот, особено жените кои се против абортусот, или како што милуваат да речат 'убиство', а се спремни да го дадат бебето на посвојување, би сакала да ми одговорат, ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ БИЛЕ ВО ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ? Дали абортусот е болен онолку колку што и реалноста на децата кои немаат никој свој? Дали некогаш сте се запрашале, како ке се чувствува детето кое сте го родите и сте го оставиле пред вратите на дом за сираци? Дали некогаш сте помислиле дека некој ден, детето ке стане доволно возрасно и ке се запраша дали неговата мајка е мртва или одлучила да го продолжи нејзиниот живот како ништо да не се случило?
Ќе си ја најделе среќата, накратко да ти кажам. Ама ете нека се изјаснат пак. И мене ме интересира што ќе кажат пак.
ПОГЛЕД ВО ТАЖНИ, ЗАМИСЛЕНИ, ВО ДАЛЕЧИНА ЗАГЛЕДАНИ ДЕТСКИ ОЧИЊА, БОЛИ И ГОРИ ПОВЕЌЕ ОД 100 АБОРТУСА, ПОВЕЌЕ ОД НЕШТО НЕ ВИДЕНО, ОД НЕШТО НЕДОПРЕНО!!!!!
kako se vrsi abortus vo sistina?dali moze so lokalna anestezija?kolku vreme se odviva cela procedura?
незнам дали воопшто некаде прават сега со локална.Можеби државна? А зошто е толку битно локална да е,стресот е голем така а богами и боли мн
За да не го пишувам истото, само ќе го додадам ова. Имам читано на интернет за оние деца што се оставени во дом. Сите го пишуваат истото - Подобро мајка ми да ме абортирала, отколку да ме остави во дом.
za drugarka mi prasuvam mnogu se plasi od anestezijata.a so celosna polesno li e zatoa taa ja primenuvaat?