За missed ab. Mrtov plod Антибиотикот и е препишан против инфекции,капките против крварење и да се врати матката во нормала. Требало до сега да ги има земено т.е одма после интервенција.
Мене ми дадоа упут за државна болница за missed abortion во 9 недела но јас отидов во Плодност, 11000 платив. Ми дадоа само капки Ерготил и антибиотици мислам Цефалексин. Немав ич крвање само еден ден и тоа малку. Кога бев на контрола по 2 недели ми рекоа пак да ги пијам капките бидејќи имаше внатре како хематом и потоа на наредната контрола беше во ред.
Уште читам убиство та убиство. Толку години поминаа не сакав да споменувам ама за да отворам очи на некои луѓе овде и можеби да спасам нечиј живот и дух ќе пишам. Спојлер Моја многу драга личност пред 5 години беше приморана на абортус од бескичмењак маж кој на 40 години не беше спремен за брак и дете иако првите недели ја лажеше дека ќе ја земе. Никој не и се понуди за помош, а мојата за жал не беше доволна. Единствена понудена помош и беше да абортира. Пет години поминаа, таа веќе не е тука, а кога ќе се чуеме секој пат си плаче по детето. И така кога ќе чујам дека жените што абортираат биле убијци црева ми се превртуваат. На пример приказнава на женава да ја знаете како што ја знам јас а немам намера детално да ја изложувам. Спојлер Во овој случај, таткото велеташаклијски и неговите се криви. Убијци. На неродено дете и на духот на неговата мајка. Ама како што разбирам, едно по едно го стигаат солзиве на девојкава. Не може некого толку да го повредиш и да ти биде глатко во животот, порано или покасно те стига причинетата болка пошто светов е размена на енергии на крајот. Да имам син и такво нешто да понуди на девојка има пред сите една воспитна да му мавнам па колку сака години нека има и ќе го натерам да го признае детето и да се обврзе цел живот да го помага, па сакал нека биде со мајка му или не. Ти било потопличко, помекичко и поубаво без заштита? Сега и тоа дете заслужува да му се понуди комоција од твоја страна. Од бескичмењаци мажи пропадна и светот и жените. Шуќур шо сеуште не сакам да имам деца па се пазам, бескичмењаци евривер...
Не е говор на омраза туку е вистина која ја прифаќаат барем христијанските верници. Таквиот став не им одговара на 99% од луѓето па се правдаат себеси и тоа го нарекуваат говор на омраза.
Е говор на омраза. Обрати се до МВР, ќе ти кажат.... или прашај некој правник, уатевр. Затвор можеш да лежиш за ваков муабет... ти како сакаш
И @tessie е верник и христијанка, fyi... Штета што пишува толку ретко, има толку лекции жената да оддржи на многу луѓе овде, за тоа што може и треба да биде верник во 21 век.
Според Христијанското верување, човекот живее од самото зачнување.. затоа и абортусот се смета за убиство. Абортус подразбирам своеволното одрекување од детето и негово убивање а не спонтани абортуси. @tessie бидејки очиглено другаркати многу жали( и се кае - бар во двете реченици кои ги прочитав ) за детето мој совет е да ја пратиш кај православен свештеник чисто да направи муабет со него и да му ја каже целата ситуација ќе и даде утеха.
Остави ти христијанското верување. Законите не ни се пишани по Библијата, а Библијата не е ни по државни закони, ни по природни пишувана. Ти верувај си во што сакаш, не абортирај ... не дека можеш, пошто си маж, ама не им кажувај на другите што да прават... па уште и да ги осудуваш
https://pravoslavie.mk/stavot-na-pravoslavnata-tsrkva-kon-abortusot/ http://www.govornaomraza.mk/page/index/6 Ве молам не ги заплашувајте членовите на форумот со законски казни за наводен говор на омраза, доколку го изразат своето мислење за тоа што претставува абортусот од аспект на нивното верско убедување. Со тоа атакувате на слободата на говор. А моето размислување во врска со абортусот е дека жената има апсолутно право да одлучи во врска со своето тело, секако почитувајќи ги одредбите на Законот за прекинување на бременоста и препораките на докторите. Ги почитувам сите права на жените и сметам дека борбата за целосно изедначување на жената со мажот уште не е завршена. Она што ми пречи во врска со абортусот е сфаќањето на истиот како средство за контрацепција и леснотијата со која се одлучува на абортус или пак се советува некоја жена да абортира. Не исклучено дека се можни компликации, ниту пак е сигурно дека жената нема да има ама баш никакви психички последици понатаму и покрај тоа што своеволно одлучила да ја прекине бременоста. Секоја одлука за намерно прекинување на бременост треба да биде внимателно разгледана и да биде земана во обзир како последна опција.
Тебе ти изгледа како говор на омраза, но мене ми личи за искажување на мислење за конкретна медицинска постапка и истото мислење е произлезено од верско учење и убедување.Едноставно некои луѓе се верници и сметаат дека со чинот на намерно прекинување на бременост се прекинува живот и не гледам зошто не би смееле да го искажат своето мислење на тема абортус. Секој од нас има право на свое мислење, се додека не поттикнува насилство или дискриминација. Од друга страна и верниците би требало да бираат зборови, зборот убиство не е соодветен,треба да внимаваат на чувствата на тие што поминуваат тешки моменти при вакви одлуки и да го искажат своето мислење со посоодветни зборови.
Епа нека не затворат сите нас што сме се изјасниле така како што се изјаснивме. Упс. Уште сме на слобода. Зошто?
Ај молим те нека ти каже правникот врз основа на кој закон искажување на убедување по основ на верско учење претставува говор на омраза? Баш ме интересира.