Кај мене не беше со сакање, срцето на бебето престана да работи и мораше да ме чистат под итно. Не беше мој избор за жал.
Значи ако случајно забременам, можам да абортирам иако плодот е здрав? Во кои клиники во Скопје тоа го прават?
Za site sto gi interesira, Vo sistina abortus cini 10000 den. so anestezija, celata procedura trae saat ipol, nema bolki, treba da se pie antibiotik i ergometril kapki nekolku dena. Vo 7 nedela od bremenost.
Имаш соодветна тема за абортус. И контрацепцијата е грев, според христијанството. Според нив секоја намерна заштита од бременост е еднаква на абортус. Користи си ги јајце клетките, не дозволувај да пропаднат Така намерно спречуваш да се креира живот. Ти не си креаторот, креаторот е Бог. Тој треба да одлучи кога да те заштити од бременост - а кога да забремениш.
Сега сме во абортус. Религијата ги изедначува абортусот и контрацепцијата. Според религијата се едно исто. Ако имаш одговор на тоа - повели. Ако немаш, јбг... оди користи си ги јајце клетките, ај.
Хахаха па ми објасни, многу очекував од дискусијава. Па уште “оди користи си ги”, јбг немаш аргумент на кој можам да ти одговорам зашто очаен ти е обидот да мешаш религија (очигледно ни тој концепт не ти е јасен) во твоја полза
Прашувам за братучетка,жената има 3 деца и е месец ипол бремена па ја интересира дали некаде во Македонија можат да се најдат Cytotec ili Misoprostol тоа се таблети што предизвикуваат абортус до 2 месеци,ги има кај гинеколозите или во аптеките или во некоја од соседните земји?
Еве на линкот одма над тебе пишува дека не е регулиран абортусот со таблети кај нас. Значи само од странство ако ги најде и тоа ќе биде сама на своја одговорност, без надзор од лекар. Друго, не се таблетиве до 5та недела? Ако сака да абортира - само во болница.
Офффф.. јас колку бев против абортус и полна со предрасуди. И еден ден во 13та недела ми рече гинеколог фати систина ова нешто не е добро. Во систина 5 гинеколози ми рекоа хитно прекинување плодот не е добар може твојот живот да се стави во прашање. Колку плачење болка и жал поминав затоа што мораше да абортирам. Од како осетив на своја кожа имам друго размислување. Како да чуваш уште едно кога веќе имаш 3 деца и едвај излегуваш на крај со трошоци? Како да чуваш бебе од човек што те силувал? Доволна траума е што нема да заборавиш дека те силувале а не да гледаш плод на тоа секој ден. Не е крив плодот што настанал но треба да си способен да го исчуваш и да станеш родител а не само да го истресеш. Гледам секакви случки во околината и треба да постои абортус. Но не и да се злоупотребува.