Дали има некој материјали или некоја литература за абортус, потребни ми се за семинарска..? Ви благодарам однапред
Zdravo zenshki...imam edno prasanje..ako mozi nekoj da spodeli iskustvo? Vcera pravev abortus...vcera tro sto prokrvariv pojke nemam nisto se slusnav so doktorot mi veli normalno e mozi podocna da pocnis da krvaris..nekoj iskustvo?
Владата ги изгласа измените на Предлог-законот – се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста 'Со новиот Предлог-закон жените веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста и никој друг нема да решава за прекинот на бременоста. Правото на жената за прекинување на бременоста е само нејзин избор. Со измените на Предлог-законот, се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери кои го одолговлекуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Новиот Закон предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена.'
Да, слободно. Јас како машко не сум за абортус, но сум за слободен избор на жената доколку сака да абортира. Ионака елѓибјити лобито е силно во цунамито за намалување на човечкиот наталитет, на разно разни начини, со разно разни алибија.
И јас сум за слободен избор на жената, на страна политики. Наместо да се прават скришни нелегални ризични абортуси, со законот ке се прават во соодветни установи од лекари специјалисти каде ризиците по жената ке видат сведени на минимум.
Те прочитав и во другана тема ама и тука истото што има врска лгбт во врска со абортус и од каде таа забелешка дека лгбт сака да се намали наталитетот? Баш истополови парови сакаат да имаат деца на секој можен начин. А за абортусот секоја жена има право да донесе одлука за причините за тоа, за своето тело.
За лгбт искрено јас не би ги дискриминирал, секој има свое право за сѐ, доколку не крши закони и не претставува опасност. Е сега, за посвојување: потенцијални илјада мајки и илјада татковци, на просек илјада дечиња, од икс причини стапуваат во геј бракови и тоа се петсто женско бракови и петсто машки бракови, со туѓи посвоени вкупно илјада деца. Или најпросто, неродените илјада деца ги посвојуваат. Успорување на наталитет. За абортусот, исто мислење имаме.
На секој можен начин не опфаќа само посвојување имаат опција сурогат мајка или во брак меѓу две жени со напреднава медицина може да родат. Така да оваа теорија дека ќе има успорување наталитет во случај на посвојувања од лгбт заедницата лабава некако а?
Гледам ептен го успорија, хомосексуалци има од самиот постанок на човекот, па веќе планетата не нѐ собира.
Секојдневно се одлучуваат жени на тој чекор. Мислам дека за негативен природен прираст најмногу придонесувате ваквите со природна контрацепција. Штом отвори уста, одма знаеш дека дете не сакаш со него да имаш
Мајка ми е против абортус. Ама не заради тоа што е "убиство" туку затоа што никогаш не знаеш што може тоа да ти стори на тебе здравствено. А и таа самата има абортирано ама после раѓање на 2 деца затоа што 3то не биле финансиски спремни да издржат. Јас доколку останам бремена а не сум во врска со личност со којашто сум спремна да чувам дете (брак само заради затруднување не доаѓа во предвид) или ако не сум способна сама да го растам, ќе абортирам. Нема никој да ме спречи. Ни мајка ни татко, ни државата. Мое право е, а и не вреди да се роди дете што ќе има мизерен живот.
А таблетки од оние кои спречуваат оплодување дури и неколку часа после секс? Ем поевтино, ем безопасно, ем без грижа на совест.
Да де... безопасно е... за тебе Хормони се тоа бе.. манки А да користиш кондоми? М? Плус, ќе имаш право да не си за абортус, кога ќе можеш да забремениш.
Како да не сакале сите. Шо збораш?? Ти мислиш дека постои жена која посакува абортус??? Оти мора абортираат, а не оти сакаат!
Ја ви викам, се потпишал инспириран од истоимениот хорор филм, а и не за џабе Он топик: Секако дека поддржувам абортус. Тоа е вродено право жената да одлучува што со своето тело и својот живот. Мажите би ги прашала за мислење, како што кажаа погоре, кога тие ќе раѓаат.