Сите што се против абортус забораваат дека пак никој нема да ги праша. Строги закони против абортусот нема да помогнат да се намали стапката на абортус, напротив, ќе придонесат за зголемување на стапката на нелегални и ризични абортуси. Ќе се абортира по диви клиники, ќе се пијат чаеви од бајачки и гатачи (оти да не се лажеме, знаеле уште од пред нашата ера како да абортираш). Ќе се случуваат и повеќе дефекти од неуспешни обиди за абортус, ќе умираат жени при абортус, па некои ќе посегнат и по чедоморство. Ако некоја решила да абортира, еден закон нема да ја спречи, само ќе и го доведе и животот и целокупното здравје во опасност.
Кој ве прашува бре вас родени без матка за нешто што се однесува исклучиво за женското тело. Честитки за законот иначе, редно беше.
Зошто да мора? Од непланирана бременост? Од недоволни финансиски средства? Од од.. од што? Јас повеќе сум за контрацепција отколку абортус ама ај, избор си е избор.
Силувани девојки најчесто абортираат со катастрофални приказни зад себе. Девојка чиј живот е во опасност. Девојка која е малолетна. И секоја има приказна зад себе. Како бе судите вака... како?
Еве што сум пишал: "За лгбт искрено јас не би ги дискриминирал, секој има свое право за сѐ, доколку не крши закони и не претставува опасност. "
Да, ама и не мора да има секоја трауматична приказна позади чинот. Може едноставно нејќе да роди во дадениот момент и тоа е сосема океј.
Епа да де, затоа закон за абортус, и јас со раце и нозе сум З.А. тој факин закон. Знаеш зошто? Затоа што нема да биде "еј трудна сум сакам да закажам абортус" ќе се селектира сонце. Несреќните девојки што ги наброја, ќе имаат предност. Козметичарките, uh, just...
Јас не би ги нарекла несреќни туку храбри. Јер у себе носиш живот а знаеш у душа дека неможеш да му дадеш колку и да сакаш. Цел живот ќе ја носиш таа болка у себе. И затоа не вели "од што мора" и "зошто мора", бидејќи патот до таму не е едноставен.
Ај вака просто. Јас имам право да си се пијанчам и да шетам пијан доколку не претставувам опасност. Имам право да си бидам тоа што сум во моментов (стрејт) доколку не претставувам опасност (манијачење, смарање итн). Имам право да бидам каратист сѐ додека не почнам да претставувам опасност. Фегетот има право да биде геј сѐ додека не почне да претставува опасност. Просто ко грашок.
Значи прво интервју дали си силувана. Тие што ќе речат да слободно абортус другите назад дома. Глупости. Некои жени можеби и не ќе можат да докажат дека биле силувани...или само тие што физички биле малтретирани па силувани ќе имаат предност? А силувани жени во брак? На кој број на листава твоја за предност ќе се?
Нормално, кога тргнат да ја силуваат жената прво вика: 'Еј абе стави кондом?, Он: "Да срце, а ќе ти смета и свеќи да запалиме, сакам поромантично да биде" Вака или така, било која девојка или жена што останала трудна, а поради х причини сака абортус, правото е нејзино. Јас не знам, ете на ваквите како Д Бој, што ви прави разлика? Ваше ли е телото, вас ли ќе ве боли, па си давате за право да коментирате вака, невкусно.
Како може некој геј да биде опасно или некоја лезбејка да биде опасна? Како и ние што се пијанчиме и тие имаат исти права. Просто е. Не претставува опасност, понекогаш глупоќата е опасна, па убедувањето преоѓа у кавга.
Реалноста е многу помрачна отколку што мислиш. Затоа нема предност или приоритет за абортус. Секој си одлучува за себе, бидејќи никој не знае низ што таа жена поминала и зошто се одлучила да не го роди своето чедо.