Има. Само не си мрднал од столот подалеку да видиш. И ќе ми збориш опасност од лгтб,Боже боже. Ако твојата девојка се полезбејчи нејзино право и тоа не е опасност.
Абортус "да" ако има вистинска вредна причина и согласност од двата пола јас сум за тоа.... Е сега како родител кој има две деца и посакува трето, во брак една деценија и најбитно сексуален однос со МЖ без заштита резултат 2 деца абортуси 0... Сега зошто повекето жени ако не и сите се држат до МОЕ ТЕЛО МОЈ ИЗБОР.... па добро сами од себе сте зачнале НЕ имате избор во денешно време од 300 заштити да не дојде до тоа, но има исклучоци како СИЛОВАЊЕ-ОПРАВДАНО.. .. НЕ е понтета го носев девет месеци, тврдам мн поодговорни татковци има него мајки во денешно време за разлика од порано т.е. Многу работи прават машките родители кои во суштина би требало да го прават мајките.... Затоа во ред е да се абортира но нека биде прашан и таткото....
Здраво девојки, пред околу 3 години имав абортус во приватна болница. Дали документите за тоа се сеуште достапни во болницата и би можела да ги земам?
Еве причина плус за да има закон за абортус. Ќе го роди и ќе го фрли во контејнер. Ретард .... https://m.mkd.mk/crna-hronika/19-godishna-devojka-se-porodila-doma-policijata-go-bara-bebeto
Од преслекување капење ... Работи кои треба да ги прави мајката која во најголем процент кај нас го користи породилното отсуство од раб, а има мн случаеви што таткото оди на раб се врака и ги прави тие работи а мајката е дома
@Soprugot Како мислиш тоа се работи мајката треба да ги прави? А таткото што? Немој да речеш да помага од време на време, бидејќи за сопствено дете не можеш да помагаш како туѓо да е , туку имаш иста одговорност како и мајката.
Кој е родител и го има тоа искуство во животот ке разбери што сакам да кажам без разлика дали е машко или женско
А мајкава што прави додека е дома, си седи и си ужива додека бебето валкано плаче во позадина? Па кутриот татко, се враќа истоштен од работа и уште треба да го избања и да го пресоблече детето Јас не знам жениве како вака си ја наредивме, ем ние одлучуваме за абортус, ем си седиме дома на породилно, ем мажите ни ги бањаат и пресоблекуваат децата, ла-ба-во. Пошто само тие две работи се, да го избањаш и да го пресоблечеш, какви други обврски имаш околу едно бебе?
@Soprugot Те разбираме, сакаш да кажеш еднаш си го пресоблекол своето дете и тоа е тоа, критериумот за нај родител. А жената еј, си допуштила такво излежавање, породилно земала и се дрзни да лежи, наместо да го чува детето, па мора неговиот татко тоа да го прави, а фино за тоа време можел на Фемина да си седи. Жени, кучки еј
Мене не ми е јасно зошто си се собираат само мажи политичари и си одлучуваат за закони против абортус а жените никој не ги прашува? Значи, ДА, апсолутно го поддржувам абортусот.
Јас сум и pro-life и pro-choice. Ајде,поддржувам абортус во случај кога бременоста е резултат на силување. Но,не и кога бременоста е резултат на сексуален однос во кој партнерите не користеле заштита,а тие сакаат да се изврши абортус затоа што не сакаат дете(или ако едниот партнер не сака,небитно дали е мажот или жената). Па,ако не сакате дете,користете заштита,бре,луѓе,или ич не се фаќајте. И не е во ред само жената да одлучува за тоа.Тоа фетусче е дел од двајцата.