Вие двајца место да се правите ептен паметни, купете си кондоми и ќутете. А ако жената сака дете од вас, самата ќе ви каже. Многу е побезболно вие да ставите зимска опрема на тие малечки органчиња, отколку жената да се клука со хормони или па да абортира затоа што некој "маж" сака да се испразни во неа како да е канта за отпадоци..
А во реалност, ако тој не го сака детето, ја тера да абортира. Ако го сакал, било одлука и на двајцата. Sure
Како ќе се одреди кое зачнување е последица на силување, а кое не? Што ако некоја излаже дека е силувана за да абортира? Што ако вистинска жртва нема траги од силување? Што ако жртва имала траги од силување, но не отишла веднаш на доктор затоа што била во шок, па сега веќе ги нема? А ако жртвата не била во шок, зошто едноставно не се напила апче за ден потоа, што им го препорачувате на оние што им се „згрешило“? Ме интересира логистика.
Да де.. ти ако свршиш во неа а таа во себе си вика - нема да оставам бремена, нема да останам бремена.... и стварно нема да остане..
И во суштина жените кога ќе останат трудни додека може да се абортира 50 пати ке се предомислат и ке речат ќе абортира и некој ќе ги убеди да родат и после ке слушаш МАМА најповеќе те сака те носев 9 месеци итн.... Освен СИЛОВАЊЕ све др дозволува женското
Што ако ја затруднил со цел да ја задржи? Што ако не е психички стабилен? Што ако не се знае кој е таткото? Што ако таткото починал? Знаете кога се создава некој закон се мисли на сите што ако кои можат да се случат. Векови се работело на истиот. Добро е што вие експертите сте сосема небитни кога се во прашање вакви сериозни теми.
Никаде не пишав дека треба да се донесе закон со кој само силувани жени ќе имаат право на абортус. Апсолутно НЕ! Ниту се работело со векови на ист закон,ниту пак се мислело на сите. Да чинат законите,нема да ги преправаат по 5,10 или 100 пати.
Прво баш фино што ти е вака смешно и забавно, одговара со темата. Ме интересира дали некогаш си учела право? Дали го знаеш и разбираш процесот низ кој треба да се помини пред да се донеси еден закон? Дали знаеш дека ни најдобриот правник не може да ги предвиди сите ситуации кои што може да се случат? Нормално е да се менуваат како што се менува и светот, тоа не е нешто лошо, напротив. Само затоа што ти не се согласуваш со нешто не значи дека не чини.
Навредливо звучи тоа "маж сака да се испразни во неа како да е таа канта за отпадоци" ама ај, не е тоа тема сега...
Еден паметен коментар и од тебе да видам. Има такви случаи и тоа многу, и заедно како попчиња, одат на абортирање. Добро ете решивме. Ќе има закон за абортус па која и кој како сака така нека прави.
Што ако затруднела за да го задржи (богат бил, возраст небитна може и дедо бил)? Што ако не е психички стабилна (постојано гледаме разни ситуации каде бебето настрадало.....)? Што ако не се знае кој е таткото (хе хе хе)? Што ако таткото починал? Пак ќе "досаѓам", закон да има, но од етички аспект, од човечен аспект, не би било убаво да абортира. Сепак изборот и совеста се нејзини. А чекај, знаете како се абортира? Кој е процесот од старт до крај на вадење на фетусот?
Како тоа затруднела за да го задржи? Тоа не е бензиска пумпа бе другар. Може со сила да го истресе она у неа? Ај не тресете зелени. Во време кога секоја втора се бори со проблем за зачнување вие мислите ќе се лизнеш на плочки од спе*ма и готово тројка ќе се роди на зимо.
Добро може не за да го задржи оти бил богат чичо, може затруднела од љубов на пример... https://tocka.com.mk/vesti/278496/t...-godini-postar-maz-bidejki-seksot-bil-odlicen Џабе коментираме, ќе нѝ избришат мислења. Сепак законот останува. Истотака и за лезбејки ќе има закон, критериуми за во ЕУ. Многу ќе биде полесно тогаш.
А да научевте да ги вадите на време наместо да продавате приказни овде? Попрост коментар не можам да дадам, ама не разбирате вие од збор, девојкиве убаво ви објаснуваат, ко на дрва да објаснуваат. Ај гледајте си го вашиот и научете да раководите со него пред да солите памет на жени кои имаат мака која само тие самите можат да ја разберат.
Мажи што за бременоста велат 'ништо тешко', а тестирани на симулирани породилни контракции во траење од 1 милисекунда го повикуваат Господ (или го гледаат ). Па нешто слично, како за абортуси и се поврзано за жената мислат мислењето им е релевантно. Мажи и татковци биле викаат, маж оти имал однос или направил дете, татко оти еднаш сменил пелена. Така тоа било, и јас навистина се омажив за Момоа
Си знае секоја за себе. И не е наша работа, и ние да знаеме. Не и' сме во кожата. Според кој 'вистинска вредна причина'? Види го бе! Абе кај се наоѓате вакви 'интелигентни' да си е*иш векот?? То дете не е само на жената! Тој шо го склепал шо мисли?? Напрај го, и само ќе израсне?!? 'Мајката ќе го гледа, јас ќе си го прчам Стојко!' Таа што ти родила 2 деца (нека ви се здрави и живи), тешко нејзе со тебе. А и пази како ги воспитуваш тие деца. Да не бидат ко тебе ко ќе пораснат, сексисти, шовинисти! Јас сум родител, и одговорно тврдам, дека појма немаш!