Во врска со легален абортус: чини некои 8000 денари (горе-долу), целиот процес е со целосна анестезија и трае околу половина час. Потоа се будиш, ти требаат 10-15тина минути освестување, се облекуваш и дома. Нема болки (физички), нема видливи последици. А методот мислам дека е она со гребење, незнам како стручно се вика. Методот со вакумско извлекување на плодот мислам дека уште не е застапен кај нас, или евентуално може да го има по приватните Е сеа психа и тие работи незнам да ви кажам, тоа си е до жената
Кога одев на пракса жените после абортусот лежеа 2 саати па после можеа да си одат дома, да се соземат од анестезијата.
Па ваљда тоа е избор на девојката, јас сум видела како си идат после 10мин од будењето....Може е индивидуално, секој нели различно се освестува. Ама незнам точно да тврдам, ова ми е од кажување и едно време поминав во болница па што гледав што и како се дешава со девојките што доаѓаа на абортус. Дури не ми се веруваше како сето тоа е едноставно и како стануваат и за кратко си идат, ко ништо да не било Мене да ми се деси такво нешто мислам со денови нема да можам да станам од тој кревет. Затоа заштита девојки, абортусот не контрацепција
Девојки односно мамички ми треба ваше мислење.. Ситуацијата е следнава.. Имам една 3годишна ќеркичка и останав бремена сега по втор пат. Но има еден проблем што за мене е голем. Сопругот работи теренска работа и си иде еднаш во 3 недели а јас живеам сама со свекор и свекрва на ист спрат, и воопшто не е чувствувам спремна за второ дете. Како пево немам услови сама да го гледам,второ стамбеното не ни е решено уште (чекаме господата да се повлечат на долниот спрат,за ние да си досредиме горе), и стварно незнам како да постапам. Мозе е себично од моја страна, ама тоа е мое мислење.. Да сте на мое место вие како би постапиле?
Не сум мамичка ама сум со огромна желба да бидам Што вели сопругот во однос на ова? Се согласува тој? Јас не би го абортирала, во никој случај, доколку финансиски можеш да си дозволиш уште едно дете. За тешко ќе ти биде, ама сигурно ќе имаш помош од неговите, од твоите, а и млада си Роди го бебчето, не ја скратувај можноста на ќеркичката да добие братче или сестриче
Пеперутка, како мајка две деца ке те искарам зошто воопшто си го направила детето ако не си подготвена? Жена си и веке мајка, па знаеш и како се прават и како се чуваат... Е сега кога веке биднало, одлуката неможе да ја донесе друг за тебе (вас). Прашуваш за совет па мислам дека кога веке имате спрат, ке се средите. Не си немажена девојка на почеток на студии без никакви примања, која останала бремена од некој .... За помош, си треба помош но девојчето ке ти биде 4 годинки, веке ке стане самостално, ке ја дадеш во градинка па ке можеш да се посветиш повеке на бебето. Пак нели вие ке си одлучите но секогаш сум ЗА живот. Искрено, мене децата ми донесоа среќа. Многу работи се средија, што велат се наместија коцките. Поздрав и со среќа
Мм е за второ дете, но остава на мене сама да си решам. Рече дека ја имам неговата подршка без разлика што и да одлучам, зашто ме разбира и ја сваќа ситуацијата во која сум. Е сега Shana ме праша зашто сме го правеле? Епа ненамерно е направено, бидејќи се пазевме, ама не сме се допазиле очигледно. Фала ви девојки, од вас побарав мислење зашто знам дека не сте директно вмешани и ке зборувате непристрастно.
Прво види што ти кажува срцето, после разумот . Може само ти треба време да се навикнеш на идејата за уште едно бебе. Ако се проблемот старите, па веројатно ќе имаат толку разбирање и разум да ви остават повеќе простор кога ќе ви се прошири семејството. Во врска со сопругот, мојот не работи теренски, ама секако не помага многу многу. Дома е, ама како да не е . И да го земе малото, веднаш вика „Тебе те бара“ или „Не знам што да правам, плаче“ или нешто сл., па исто како да сум сама. Е сега, јас сум и така малку посамостоен карактер, а нормално, сите сме различни. Во секој случај, размисли убаво, моја другарка абортираше кога забремени по вторпат (заради финансиски причини) и не можеше да се помири со тоа со месеци. Криеше од сите, само јас знаев, па кога ќе се видевме, се отепуваше од плачење зошто морала да си го убие бебето . И помина кризата, потоа си роди и второ, ама навистина многу страдаше тој период. Затоа размисли како би го поднела ти тоа. И кога веќе бараш мислење, јас би го родила
никако не го подржувам абортусот. на јутуб има клипови од постапката на абортусот и би советувала секој што помислува на тоа да прави абортус да пише на јутуб абортион и нека изгледа некои од клиповите и на постапката и на објаснувањата од доктори што отворено кажуваат за тоа што всушност е тоа.
Пеперутка, не е убаво оваа битна одлука да ја носиш сама.Седни убаво со сопругот, сите за и против на маса и заеднички одлучете.
Не го поддржувам абортусот воопшто! Се извинувам ама мое мислење е доколку правилно се постапува за време на секс, нема да дојде до "несакано" забременување. Незнам дали ме сваќате но навистина, ако ДОБРО се внимава нема шанси да дојде до забременување. Забременувањето не е едноставна работа, треба и некои фактори да се исполнат за да дојде до тоа. Само што, ние прво гледаме да се задоволиме, а потоа мислиме на последиците. А во врска со твојот случај пеперутка, ова не е толку едноставна работа. Треба многу сериозно да се разгледа проблемов бидејќи се работи за живот на едно човечко суштество за кое немаме никакво право да му одземаме ништо, бидејќи нели, тоа не е за ништо криво! Можеби тргнувам и премногу осудувачки, можеби утре и мене ќе ми се случи, но ЦВРСТ разговор и добро размислување пред одлука е единственото нешто што можам да те советувам. Значи не напаѓам, само искажувам свое мислење, што секако е дозволено нели? Секое добро и дај Боже да ја донесеш НАЈДОБРАТА одлука! Спојлер Се извинувам на предолгиот пост!
пеперутке роди си го бебнцето.....да имасе 4 5 дечиња можа велам можда немасе да ти речам така,ама ако цекаш на старите ехаааа никогаш не ке појдиш за друго,а плус реално решено ако малата ти е веке 3 и пол дури се роди другото 4,ами ако абортираш сега на колку време разлика ке родиш после?според мене баш ти е идеално и точно.незнам дали вака дека јас сакам второ сега работам ан случајот ама пак ми дојде и се разочарав а какво ли ке биде разочарувањето да си го поништиш бебчето... сепак тоа е моја точка на гледање а ти одлучи како ти е најдобро за твојата ситуација...секое добро и кажи што ке одлучиш
несакам да бидам погрешно сватена но пеперутке како би ти било тебе во овој момент некој да решава дали да те остави да живееш или да те убие?оти сепак тоа расте во тебе се развива значи живо е.не е за ништо виновно.потсети се на чувството кога првпат си го земала во раце првото дете.немој да го лишуваш од живот второво.не осудувам никого само Господ е тој што ке ни суди но никако неможам да ги сватам тие што го одобруваат абортусот на нормална бременост.
Јас мислам ,,ДА ЃИ АБОРТИРАШ СТАРИТЕ ГОСПОДА,, бес зезанција разговарај со мажоти кажиму дека сакаш второто дете да СЕ РОДИТ И ДЕЕКА ТИ ТРЕБА ПОВЕКЕ ПРОСТОР ПРОБЛЕМОТ СО СВЕКРВАТА МАШТИ ДА ГО РЕШИОТ ВО ЕДЕН ПОТЕЗ !, со усте ке се шитет ??? леле бе луге колку се без чувства стариве ????? да сум на твое место ке си спијам со две прекрасни ангелчиња три недели дури е мажот на терен !
Да даа, одлучивме и ние така. Сега треба само да си дојде мм и да им каже на господата дека имаат помалку од 9месеци да си го адаптираат просторот на долниот спрат и конечно да се слегнат долу. Девојки фала ви на советите, од се срце, ме охрабривте во одлуката да го задржам бебулево. Маж ми е ептен радосен за оваа одлука и вели дека само јас сум го правела да се чувствува како најсреќен човек на земјава. Се надевам дека тоа чувство ке трае....
После абортусот kolku cini abortusot ?? ... mozno e da sum bremena i razmisluvam za abortus... i ako moze malku podetalno za abortusot cenata i rizikot od nego ??
A зошто веднаш размислуваш за абортусот како решение?!?! А цените на абортусот секаде се различни, но под 3000 ден не верувам дека се. Подетално сакаш? Те успиваат, го вадат она што се создало во тебе, она што сака да ти го уништи животот, се будиш, саат-два собираш импресии и правец дома на доживотно каење. Ризик се знае-можно е да не останиш пак бремена-ама можно но не и 100% сигурно. Ноу хард филингс, ама размисли МНОГУ добро пред да се одлучиш за абортус.
Цената на абортусот зависи од тоа каде ќе го правиш. Сепак, мој совет ти е да не биде тоа полуилегално во некоја ординација, туку да си одиш во болница. Која болница е твој избор. Прават и во државни и во приватните. Најважната работа е да е стручно изведен и тогаш можноста од несакани последици е сведена на минимум (но секогаш постои). Колку порано во бременоста ќе се направи, толку е помал ризикот.