Јас го знам тоа.Нема потреба тоа да го кажуваш. Ти беше таа која тресна дека кога се создава некој закон,се мисли на сите што,ако,кои,можат да се случат. Тоа е неточно.Ете па,во вториот одговор на мој пост кажуваш дека ни најдобриот правник не може да ги предвиди сите ситуации.Одлучи се! Само дадов мое мислење за абортусот.Не критикував закони на широко. Жената не го прави сама детето,па затоа треба и мажот да даде свое мислење,барем во некои ситуации, во зависност од околностите.
Смешно е. ама ич не е смешно чоек! Ми иди да му залепам една наопачечки, оти 'имам вистинска вредна причина'
А како се создава закон ако не се мисли на сите? Законот се создава за доброто на сите. Ама по твое изгледа за недоброто.
Не се создаваат законите за доброто на сите бидејќи и не се предвидуваат сите можности и ситуации. За некого,еден закон е добар,а за друг,истиот тој закон е лош. Ако станува збор за силување или ако мажот е починат,во ред е жената сама да одлучува. Но,ако не е така,треба да го слушне и мислењето на мажот. Ако ептен од некоја причина не можат да се грижат за детето,да се даде на посвојување е похумано решение отколку да се убие.
Ептен ве погодува абортусот како тема и ептен сте хумани сите што сте против, затоа и се полни домовите за деца без родители, до последното место. Хуманост на дело.
Во некои земји абортусот е кривично дело. Жената не го вади сама од себе,но планира да го извади и друг ѝ го вади,отстранува.Плодот умира. Убиство е.
Епа пресели се во тие држави, и мирна ти глава Не може бе од ваши себични и нерационални побуди да дозволите уништување на туѓи животи. Супер, забранет е абортус со закон. Колку жени умираат како последица на тоа што е забранет абортусот?
Не за доброто на сите туку за најмногу добро за најмногу луѓе. Не се совршени не е исто и со не се добри. А што ако мажот навистина не е психички стабилен? Може и не е во состојба да одговори. Многу површно гледате. Како секоја жена што абортира го прави тоа оти е прејако. Многу ретко жена би абортирала ако до неа има стабилен партнер, ако е во исполнета врска, ако знае дека тоа дете ќе расти во здрава средина. Па дури и се ова да има и пак да одлучи на абортус тоа е апсолутно нејзино право, а етички би било вие да не осудувате и да си гледате вашата работа.
А што ако жената е психички нестабилна и не би абортирала ако има стабилен партнер освен кога има швалер кога е млада а сака да експериментира
А жената ако избере дека не го сака фетусот во нејзиното тело, може на мажот да му го пресадат, па нека го носи и 18 месеци ако сака, а не само 9.
Значи секс ако е женско строго за деца правење А машките кога сакаат, оти нема 9 месеци да го носат и одговорност никаква.
Не ми се верува дека го реши проблемот со една реченица. Како не им текнало море на ова порано? Толку едноставно да ти било.