Фетусот, упс, детето, кај многу мажи не е дел од него, кога се во прашање обврски (како во случајот со сопругот од погоре) плаќање алиментација и сл. Зошто би бил дел од него, кога станува збор за одлука?
@DAngel , @RoseRain , @Lianna Anna Заштитата не е за џабе измислена.Кој нејќе дете,треба да ја користи.Ако се плашат дека заштитата ќе потфрли,тогаш не треба да имаат секс.Тоа е. Жената не го прави сама.
И ти ако не подржуваш абортус, едноставно не прави абортус кога ќе затруднеш. Ништо не ти менува во животот дали јас ќе чувам дете или ќе се одлучам за абортус. Ама баш ништо. Научете се да не водите рачуни за туѓи животи for fucks sake аман.
Ајде вака лејдис. Дајте ми една причина, ако не е силување и ако не е несакајќи, односно ако е планирана бременост, со партнер, зошто да се абортира? Од раскин везе?? Е ваквите желби за абортус ќе бидат о.т.ф.р.л.е.н.и. и законски забранети, од прва рука! Но само за мажена жена. Така да, 90% од случаите ДА за абортус. Сепак ќе се раѓа
Не не, ако го роди, а скотот што го направил не го прифаќа, има да плаќа алиментација и да го гризе совест доживотно. Еве јас како машко, не сум родител, сингл сум, па еден ден кога би станал родител би бдеел над нив, не е битно дали би сменил памперс, дали би миел по дома, ќе помагам на жена и детенце максимално. Сите живееме за тоа нели?
Еве вака. Се женам, по две три години развод, по разводот дознава дека е бремена од мене во втор месец. И? Абортус или не? Таа сака јас неќам. Што праиме? Законот шчо велит?
Па на денешнава безработица голем дел од нив и не плаќаат алиментација. А и да плаќа н тоа дете не му требаат 100е, му треба татко. Некако многу се измешаа баби и жаби на темава.
Ептен ќе го гризе совест. А и едно што се утепаа со плаќање алиментација. Ќе се радува што таа не го сакала детето, а тој си добил од азда да кора да го гледа. Ќе слави копилето и ако ептен мода ќе вади некоја ситна паричка, колку да помине ред. Законот вели да се сликаш.
Абортус. Кога ти ке имаш матка и кога ти ке треба да легнеш на хирушки стол за да ти направат абортус, е тогаш ке можеш да одлучиш што сакаш а што не. Се додека жената е таа која е директно засегната од бременоста, таа го има последниот збор.
Премногу провоцираш на темава и не заслужуваш одговор, ама еве ќе те цитирам. Зошто па тебе некои непознати луѓе да ти даваат причина зошто би го абортирале нивниот фетус? Кој фактор си ти во туѓ живот? Кога ти ќе се најдеш во таква ситуација, слободно барај и причини на жена ти зошто да абортира, ама за непозната Трајанка ич уво да не те боли. Ако е планирана бременост и се е во ред, кој рече дека би абортирала? Или колку да се пише нешто на темава, онака од досада? Тие што поддржуваат абортус, НЕ СЕ за секоја бременост да се прекинува. Се читате вака што пишувате прво, пред да испратите одговор. И во контекст на муабетот погоре: Ниедна заштита не е 100% сигурна. На ништо не можеш да се потрпеш со толкава сигурност зошто во секое време може да се зачне фетус, ама тоа не значи дека не треба да се има секс и да се бега од мажи.
Имаше случај во Америка, останала девојката трудна. Дечкото не и дал да абортира. Таа му рекла дека детето не сака да го гледа, други планови има, ќе го роди и ако тој толку го сака може да го гледа. Жената го родила детето, се откажала од старателството, му го дава на мажот и плаќа повеќе алиментација од што и одредил судот секој месец. Тој не е среќен, како можела да си го живее таа животот и да патува, и да напредува во кариера додека тој гледа дете. Епа гледај, сам си избрал. Да сте во таква ситуација, ќе ја молите сите да абортира. Само се надевате дека ако и направите бебе ќе остане со вас и ќе ве трпи со тие грам ипол мозок што ги имате.