Е ако е од мене детето не дозволувам абортус. Ако му чука срцето (после 40тиот ден) да одговара за убиство! Може вака?!?!?
Самохраните родители се за восхит. Ако жената нејќе да го одгледува,не мора.Нека го роди и нека му го остави на мажот штом тој сака да се роди.Нека си го одгледува тој сам.Ако и двајцата го нејќат,можат да го дадат на посвојување. Оној кој има памет,знае дека со раѓањето на детето се добиваат нови обврски.
За убиство може да одговара кога ке убие човек. Абортусот е прекинување на бременост. Надвор од матката, фетусот од 40 дена не може да функционира, срцето не може да чука и со тоа фетусот не е човек, ете толку е едноставно.
Па добро, јас би останал самохран родител во тој случај. Не мора да дава алиментација. Исчезнувам со малото и на ѝ го. Има сѐ.
Четириесетиот ден од бременоста зачукува добро, кој колку знае. И да, човек е. Ова влегува во закон за абортус сонци. Од четириесетиот ден натака, само ако е силувана. Со докази со сѐ .Чекај, ќе видиме деновиве. Сепак јас сум за да има повеќе слобода за абортус .Не е секоја психа за да роди и чува дете, таа од Струмица родила и го убила. https://tocka.com.mk/vesti/299996/b...icanka-koja-se-porodi-doma-e-pronajdeno-mrtvo
Ако не сакала, ставам кондом. Нема сосила ништо. Јасно ми е, има фраери што сакаат да ја задржат правејќи ѝ дете. Со тоа прават зло, најмногу на детето...
Апсолутно. Тоа никој, ама апсолутно никој не го негира. Затоа и се гласа законот за абортус, за тие што знаат дека не би биле родителите кои ги заслужува едно дете. Гледаш, се сѐ согласивме
Абортусот е подеднакво совесна работа како и раѓањето. Секој од свои причини, секој со свое право, секој со свој живот
Нека голтне апче ако пукнал, до дваесет часа после секс ќе помогне да се спречи бременост. Или нека чека до триесет дена, па нека абортира.
Јас предлагам како метод на контрацепција васектомија. Нека ве легнат на хируршки стол, нека ви ги подврзат. Па ако сакате деца, реверзибилна е, легнете пак на стол, па правете деца. Ама Боже пази да е на ваш полов орган да се атакува. Еден нема да прифатите. Пошто сте сонциња нели кои сакаат само жената да ја заштитат. Пак ќе повторам, гледајте си ку*от и оставете ги жените сами да си одлучуваат за телото.
Не е човек, фетус е. Ајде најди ми барем една стручна литература во која фетус во 6 недела е наречен човек.