Сигурна сум дека секоја мајка го сака најдоброто за своето дете и ова нема никаква врска со мајчинството на една жена. Причините можат да бидат различни, а да го засегаат и животот на детето и мајката. Поради тоа гласав ЗА абортусот како право на избор. Но сум против како мерка за контрацепција.
Твоето тело е само твое.Фетусот нема да биде само твој бидејќи ќе има гени од двајца. За секоја жена исто. Затоа не е фер жената сама да одлучува,освен во исклучителни ситуации(силување,болест,mirror syndrome). Ако мажот е совесен и стабилен треба да му се овозможи да си го земе детето и да го одгледува. .
Прво вратете се во школо на биологија кога се учат стадиумите на развој на плодот пред ембрион да рамните со родено дете. Второ, тие мУжи што сте против абортус, јас предлагам да има закон со кој на секој маж задолжително ќе му се обрежува колбасот. И нема противење. Ваш к*р ама друг ќе одлучува за него. Како што вие се дрзнувате да кажете која да абортира која не. Трето - никоја не абортира така од ќеф. Чиниш едно сабајле станала и онака насмеана од уво до уво рекла - Еј што убав ден, ај тркнав до болница да извадам ова од мене. Финансии, ја напуштил партнерот, заштитата потфрлила (да, и тоа е можно), силување итн. Таа ги претепела последиците и таа ќе одлучува како да ги носи тие последици, дали абортус или ќе раѓа. И велите ако не абортирала тој фетус ќе се родел, ќе живеел. За да се роди, од чие тело ќе зависи додека не излезе? Од мУжот мој или од мене? Од мене? Значи јас ќе одлучам. И ај што имате партнерки, имате. Туку ако имате ќерка, тешко на неа со таков татко.
Зборувате за раѓањето дете, дете воопшто и целиот тој процес како едно купување чоколада. Еве ја неќам, на ти го, дај ми го, нема да го абортирам, ти земи си го со себе, as simple as that. Ма није проблем, ќе го поносам 9 месеци, ќе ти го причувам, после ќе ти го дадам.
Кога ја читам оваа тема, добивам впечаток дека се пишува нешто што не се мисли, или недоволно се размислува кога нешто се пишува Од една страна се прокламира слободоумие, независност, слободен избор, немешање во личен живот... Од друга страна се осудува истото и се пика носот насекаде
Некоја ако не е спремна да има дете, значи не е спремна воопшто да ја тера цела бременост. Зошто не ти е јасно? Цели 9 месеци со сила треба да го носи плодот за да му го даде на бившиот маж? Зошто друг да одлучува за нејзиното тело? Жената е предмет или рационален човек? Лесно е да се роди дете и да се фрли некаде на одгледување, работата е што некои жени не се спремни ни психички ни финансики да бидат првенствено бремени, а после и мајки.
Давањето на детето на партнерот или на посвојување е совесно.Не е совесно да се убие живот во зачеток.Тоа малечко точкиче е невино,а дека треба да се мисли што и како понатаму, треба.
Епа да де, ќе му го дадеме тоа малечко точкиче да го гледа Гледаш, пак се сложивме. Или тоа малечко точкиче без женско тело никогаш нема да стане ништо повеќе освен едно малечко точкиче?
Ама што ти смета тебе жената да го има ова право? Ти ко жена не осеќаш емпатија за разно разни дешавки што им се случуват на иљадници жени токму поради тоа што се ограничени на ова поле ?
Веќе спомнав ситуации во кои поддржувам абортус. Не треба да се уништува/убива живот во зачеток освен ако нема друго решение.
Се имам веќе искажано на оваа тема дека сум против абортус и никогаш не би го сменила мислењето. Но што цурац ме боли друга ако абортира бе!? Дај доста со прстот и другите. Ако не патите од еден комплекс онда од друг. Страшно.
За темава воопшто, немам некој особен став, видов гужва па ми падна пораката на Енџи во очи. Секои маж и жена се господари на своето тело, па што знаат нека праат со себе. Но верувам дека еманципирана, современа и образована девојка или жена никогаш нема да дозволи да и се случи ситуација која доведува до насловот на темава и чувствувам дека ликови од форумов премногу се ставаат во кожата (освен ако не се лажам па вистина се такви) на ликови на рурално-затуцани и лесно сексуално искористливи тинејџерки, девојки и жени, ликови на неизживеани и распашани „урбани дами“, категорија на граѓани која верувам највеќе ги полни ординациите за абортус.
Во една серија што ја гледав (Sex Education) имаше епизода во која тинејџерка абортираше, па беше прикажана клиника за абортус и атмосферата таму пред интервенцијата. Сите девојки/жени беа напнати, исплашени, потиштени... Абортусот е одлука која ниедна жена не ја донесува од ќеф и со радост. Ниедно посакувано и планирано дете кое би било среќно и би живеело со родители подготвени на родителство, не се абортира. И тие жени не се никаква опасност за општеството. Ако толку ви е жал за невини млади животи - сите вие што сте полнолетни може да земете да посвоите некое напуштено дете, да го чувате макар и сами ако сте сингл (оти нели мислите дека сите потенцијални мајки и така би можеле). Или барем да помогнете на некаков начин на некое непосакувано дете кое знаете дека живее во токсична семејна средина, наместо ко по обичај да плукате по младината и да ги правите сите родители светци. Пошто тоа се случаи на оформени луѓе со чувства и разум што се за греота, за разлика од фетусите.
Камо да беше така лесно за посвојување. Јас имам кажано дека ќе посвојам кад тад, зошто знам дека цифрата која ја посакувам да ја имам нема да можам да ја родам. Но во земјава е далеку од лесно да се посвои.
Нити сум должна да ти одговорам, ниту нешто посебно сакам. Ама еве, чисто до инат. https://www.boredpanda.com/coerced-...oogle&utm_medium=organic&utm_campaign=organic https://www.google.com/amp/s/amp.re...got_a_girl_pregnant_and_she_wanted_to_get_an/ Нема потреба ништо повеќе со тебе да комуницирам.
Знам дека не е лесно, хипотетички пишав. И да беше полесно, не верувам и не очекувам од луѓето на кои реферирам стварно да ја преземат таа одговорност за самите себеси.
@LiliBoz Мислам дека повеќе поентата на нејзиниот пост беше околу тоа колку е лесно на форум да глумиме загриженост за фетус, а во реалност се нешто како членот од претходно, три минути го чувал своето дете и кука, велејќи дека тоа треба мајката да го прави
За крај ке се искажам.... Мн повеќе се за абортус па ако сакате брее не мора ни заштита да користите слободно нека прска повозбудливо е па одете абортирајте 1,2,3,4,5,6......и кешки све да ви биде ок и умствено и психички.... А за тоа ваше тело да си гледаме таквиот еден прост пример ке ви дадам.... Моја мн блиска особа посвоена е био мајката имала афера со студент останала трудна имала и фамилија деца во меѓувреме.... Ја носела 9 месеци ја родила ја оставила во болница а нејзиниот био татко можеби нема поима дека има ќерка. . Е од такви раб треба да биде прашан и таткото и консултиран дали абортус или да се роди фетусот детето човекот