Еве во Алабама суд прогласил абортиран фетус за личност со свои легални права и име , и заедно со потенцијалниот татко (кој патем сега има 19, а абортусот бил извршен во 2017!) ја тужат клиниката во која неговата девојка го абортирала фетусот. (линк) Да, добро читате, ова стварно се дешава низ светот, за разлика од она со фемструации и сличен шит. Језиво лудило...
А јас никако не сфаќам што ви е поентата на тие што сте против? Да секоја што абортира биде осудена за убиство и да лежи затвор? Ако сте против абортус, не абортирајте и остајте другите да прават како сакаат. Многу посложено е од тоа да речеш само дека има своја ДНК и свое срце. Ама многу посложено. Едит- интересното е што на сликата поназад телото на НЕКОЈ ДРУГ сепак е во друго тело.
И што ако? Демек се наметнува прашањето дали би сакала да ме абортирале? Ако се случело тоа немало никогаш да знам за себе, за Танче која живее во Скопје. Ќе бев некоја друга личност, ама никој не ме убил така. Не е исто да дојде да ме убие некој сега и да ме абортира кога уште не знам за себе.
Колку сперматозоиди и колку јајце клетки никогаш нема да станат деца Жално ми е дури да помислам. Фино ви реков, контролирано, од 14 години, од кога прв пат добие. Одма, ни една јајце клетка да не се изгуби. И после секое раѓање, таман созрее јајце клетката - пак. И така, да не се троши никаков генетски материјал.
Чекај, оправдувањето за тоа е дека јајце клетката и сператозидот не се засебни организми, ама зиготот веќе е. И плус дека има своја днк и срце. Јас тогаш предлагам да се суди за убиство и на сите што досега сте земале некој антибиотик, бактерициди, фунгициди, итн. Сте убиле некое друго тело со своја днк нели..
Поентата ни е дека фетусот е живот во зачеток. Фетусот има свое тело,дел е и од жената и од мажот затоа што има гени од двајца родители. Затоа жената не треба сама да одлучува за тоа дали треба да се роди бебето,освен во ситуации во кои таткото не е присутен,ако не е жив,ако не е психички стабилен или ако бременоста е резултат на силување. Може да се разбере извршувањето на абортус и ако жената се соочува со mirror syndrome. Не е во ред да се абортира бебе затоа што жената нема пари да го одгледува или затоа што не го сака.Во тие ситуации,подобро е да го роди и да го даде на посвојување. Може да користи заштита или да избегнува односи за да не ѝ се случи бременост.
абе во Библијата фино пишува и да не се истесува семето надвор, а види, не останале трудни пред брак, ако секс пред брак имале.
Само јас и никој друг имам право да одлучам и да решам дали сакам да станам родител, мајка,..толку и точка. Подобро ќе абортирам отколку да го родам и да го дадам некаде.
Жената не го прави бебето самата.Затоа и мажот треба да има право на збор и тоа да се регулира со закон. Во претходни постови имав спомнато дека во исклучителни околности може жената сама да одлучува. Проблем е и тоа што некои аномалии не се детектираат во првите три месеци од бременоста,па се комплицира донесувањето на одлуката. Потребен е закон кој ќе предвидува повеќе ситуации.
Кога ќе може он да ја износи бременоста тогаш. Дотогаш нормално дека нема да бидат прашани. Да не се повторуваме. Усвоен закон, мрднавме чекор напред, другото не е битно. Вие хуманите и незасегнати, негодувајте до сабајле ако сакате, бакнавте иста затворена врата како поповите. Ваше дете не абортирајте, напротив подарете и 15 животи на планетава ако сакате, и не мешајте се во туѓ живот и избор. Фала лепо.
Кога мажот ќе ме праша дали смее да го издрка или да апстинира, е тогаш и он ќе може да има право на збор... Абортусот е лично право само на жената и не мрдам од овој мој став. Три абортуси имам и не се чувствувам како убиец, напротив, трезвено и реално беа согледани сите можни позитивни и негативни страни.
А патем зошто да чека да го роди и да го даде на посвојување? Нека и' го извадат од телото и нека порасне тоа бебе надвор од телото на жената. Ама такво нешто не може нели? Ај сега да чујам пак дека моето тело и неговото се посебни
Посвојувањето е хумано затоа што бебето преживува и добива шанса да биде посвоено од луѓе кои навистина ќе го сакаат.Па и да не биде посвоено има можност да стане здрава и независна индивидуа која можеби ќе има моќен ум со кој ќе најде начин како да се искорени некоја болест или ќе придонесе на некој друг начин. Ако не сакате дете,едноставно е,пазете се.
Oвој аргумент ми е патетичен. Јас тогаш можам да кажам на некоја да го абортира бебето зашто тоа може да биде некој сериски убиец.