Има и некои што излегле од тела на жени неподготвени за родители, кои ги задржиле и родиле само ради ваквиот мајндсет и страв од Госпо, па од нивното однесување си патат цел живот. Па после депресии, анксиозност, намалена самодоверба... али битно не се „убијци“ мајките, ги донеле на свет, се оствариле како родители. Е до тоа води контролата над нечие тело. За домовите веќе да не ни спомнувам, излишно е да се објаснува на возрасни и разумни луѓе со некаков осет за реалноста. Да сервираш пропаганди (којзнае од кое верско сајтче е тоа сликата, по фонтот вришти ) нарекувајќи жени убијци, и да не те чепкаат и цитираат - тоа само по дома може, btw.
Еве ќе ти одговорам. 1.Мене не може маж да ме натера на однос без заштита освен ако јас не се согласам. Значи кој е крив? 2.Пак жената сама го бира партнерот. Ако го прифатила таков, треба да си знае за последици. 3.Да не знае кој е татко? Сувишно е да одговорам на ова. 4. Родител може да почине ненадејно недај Боже и кога е детето поголемо.
Aj jaс ќе ти поставам други прашања. Што ако има тешка аномалија? Поназад ја прашав и другата членка. Што ако е силување? Што ако заштитата потфрлила? Што ако бременоста е ризична за жената?
Ама Библијата вика и да не се расфрла семето. Зошто тогаш имате односи со заштита? Според Библијата секој однос треба да е без заштита.
Ако заштита потфрлија, јас раѓам, за други не знам. Ако животот на жената или детето се во опасност колку што знам е во ред да се иде на ваков чин. Исто важи и за силување. Се друго од типот на " не сум спремна" јас не прифаќам. @DAngel не мешај баби и жаби. Јас зборам од човечки аспект, не како вели Библијата. Каде спомнав Библија? На кантар не се мери грев "абортус" и заштита.
Фино што си ти толку стабилна и самоуверена во тоа, ама ако тебе нешто не ти се случило, не значи дека не постои. Имаш ли читнато малце по темите какви примери на токсични врски има, примери на манипулација, проблеми и контрола од дечковци во врска со заштитата? Што е смешно и сувишно за одговарање тоа ако се случи да не знае кој е таткото? А за последното, шта речи... Има можност и кола да нè удри секој ден кога излегуваме на улица. Ама исто е да имаш таква морбидна претпоставка во глава, и навистина трагедија од тој тип да се случи на бремена жена? Ама врти - сучи, битно вината секогаш е кај жената. Тоа е тоа.
Па ти и да не прифатиш, некоја што треба да абортира многу ќе и биде гајле реално. Неа и' e битно да најде само добар доктор и добра установа каде што ќе се изврши абортусот, а тоа тебе ништо во животот не ти менува. И ако не си спремна да му пружиш живот на тоа дете, поарно абортирај отколку животот пекол да му биде. Многу повеќе се за осуда таквите кои битно родиле, битно не се убијци ама што детето пати цел живот ради нив не е важно. Едит- не ми одговори ако плодот има тешка аномалија.
Абе може човек да има свое мислење, став? Како хиени сте. Ај пораснете, прошетајте малце по гинеколошки ординации кај што жени се борат со години за неплодност, па тогаш ќе ви одговорам. Не да ви лета умот... Али ок е, не ви замерувам. Сум прошла и ова, ама за среќа ептен помала од вас.
А ти како така јадеш дома убава храна додека некој таму надвор умира од глад? Сега ќе речеш храна и човек, пардон, ембрион не се споредува, ама пак е за живот, луѓе и деца умираат од неухранетост. Или да речам зошто си родила свое дете, кога си можела да посвоиш некое од дом и да го усреќиш?
Постојат и жени кои се борат со години со неплодност, а самите се ЗА право на абортус и се свесни дека секоја жена има апсолутно право на своето тело. И на форумов, и во реалноста. Е тие жени се навистина зрели и пораснати, а не оние како вас што најгласно се фалите дека сте такви и се мислите попаметни од некого само ради возраста.
Aj вака млади дами, заљубени сте гледам(среќно), па еве ви "попушти" како што велите заштита. Што ќе правите?
Норлево. Мене ми се случи.Нема на 17 години сигурно дете да раѓам. Знаеш колку стрес претрпев?Ќе ме испогазеа коли, цел живот ми се премота пред очи.Влегов во цркав буквално, палев свеќи, бацував икони се молев.После по кратка постапка отидов во аптека. Многу те почитувам како личност овде, ама за темава не се согласувам со тебе. Не сите и секогаш се спремни дете да имаат и да е тоа планирано.Абортусот е лично право.
Претпоставував дека вака ќе биде одговорот, тоа говори доволно за тебе драга. @Feminka22 половиот однос не е игра само за задоволување страсти. Си ја научила лекцијата. Замисли да не постоело апчево?
Верувај ми, внимавам секој пат.Се прекинувам по сто пати за да проверам да не пукнал кондомот или се изместил или било што. Секунди беа во прашање, буквално ме ,,фрли” за да не настрадаме и двајцата.. Не сакам да замислам што би било да не беше апчево.. Сега веќе страв ме фаќа да имам однос најсериозно, и од многу внимавање пак може нешто да бидне.
@Petra777 eве да ми се случи мене, ќе абортирам без да ме боли долнава што ќе кажат Петко и Стојна. Ама знаејќи се себе, треба навистина да имам лоша среќа да ми се случи тоа.
Ок. Јас не зборам кој што ќе рече. Јас сум прва тука што ме заболе што мислат други. Хипотетичк биднало. Абортираш. Ти кажуваат дека пак ќе речам недај Боже дошло до некво повредување на матка и сл. и шанси за бременост се минимални или немаш? Пак ќе те боли долната?