@Someonespecial била побрза. Сврти се, разгледај малку околу себе, примериве што ги набројав се случуваат и тоа секојдневно. Форумов е доказ. Убаво ќе беше да бевме сите стабилни, среќни и заљубени, грешки да не се случуваа. Ама само убаво ќе беше, врати се во реалност, не е толку розово. Мило што и го постави прашањето на @Feminka22. Абортусот постоел и пред апчето. Во лоши, нехигиенски услови, изведувани од непрофесионалци. Често завршувале фатално. Интересна работа, жениве сепак ризикувале. Не може да ги спречиш луѓето да имаат секс, ниту последиците од тоа. Може само да се потрудиме секоја жена која ќе се реши на таков чекор да добие најбезбедни улови за истото.
Aко такво нешто се случи, вината ќе ја барам во лекарот кој го извршил абортусот, а нема јас да се каам што сум абортирала. И не е само абортус, секоро било која медицинска постапка може да има лоши последици ако не е извршена правилно и во соодветни услови. Веќе да бидам и малку поискрена, па и подобро нека се случи тоа, отколку нечиј живот да упропастам, иако ќе речам пак, вината во друг ќе ја барам.
Во 21 век уште се дискутира за ова, а стапнавме на месечината, се спремаат и луѓе за на Марс да одат, откривме вештачка интелегенција, ај назад во инквизиција и вештерки бркајте Ова е балканското, побитен ми е туѓ двор, не може да осудувате кога не знаете какви причини има таа личност, како она се чувствува и ред други работи ај на вас ќе ви ги дадеме тие деца па чувајте ги. Инаку и јас сум за заштита како примарна контрацепција, ама не секогаш успева како и други х случаи зашто некоја останала трудна, ама што има мене да ме занима дали некоја персона што не ја ни познавам ќе абортира.
Јас сум ЗА жената да одлучи дали ке абортира, a се борам за бебе 3 години. Тоа дека абортус е убиство не е точно, ако е за така мајка природа и Господ колку фетуси "одлучиле"да не се родат.Значи и за посакувани деца некогаш не излегува како што треба,е сега и од зачнување до зачнување има разлика. Во долга врска зошто да се абортира ако парот во блиска иднина сака да основа семејство.(затоа и секоја втора невеста е трудна) ,но кога се случува кај млада неподготвена и неискусна девојка, она треба да има право да си одлучи. А народот секако ке зборува, и ради некој не извршени абортуси утре ЕНЕ ЈА ПИЕ ИЗЛЕГУВА ДО КАСНО, СИРОТО ДЕТЕ НЕМА КОЈ ДА ГО ВОСПИТА, ШО ГО РОДИЛА АКО НЕМА СО ШТО ДА ГО ИЗДРЖАВА И РЕДИЦА ДРУГИ РАБОТИ. Затоа секој нека си бере гајле за себе
Ако неќиш да те цитираме, оди, блог пиши си. Форум е ова. А ти сееш говор на омраза, и преку таквоето ми се и газдиве на форумов, а и модераторите, со толерирањето на истото!
Не знам зошто борбата со неплодност било како се поврзува со правото на избор за абортус. Ете и јас пар години се борев со неплодност, и неуспешни инсеминации, и биохемиска, и на крај конечно со ивф стасав до најубавото нешто во мојот живот. Но ако некоја жена е во ситуација кога не само што раѓањето на бебето нема да го смета за најубавото, туку ни за воопшто нешто убаво во својот живот, од ред причини (било субјективни било објективни), зошто треба да ја жигосуваме и осудуваме? Никој од анти-абортус армијата нема да и помогне. Правото на избор не е присила на абортус, туку баш тоа - можност да се направи избор. Ако тој е во правец да се задржи плодот - прекрасно, ако не - со среќа во иднина.
Абе луѓе различни сме сите. Јас разбирам дека има луѓе како тебе @Petra777 на кои абортусот ви е неприфатлив. Дали од религиски или филозофски причини сеедно. И океј е тоа што ви е така, ваше право си е тоа. Ама има и луѓе кои сакаат да го направат тоа и морате да сфатите дека тие не гледаат така на тоа. Е сега како што ти имаш избор да си го родиш детето и да си го гледаш, секоја жена има право да не го. И з б о р, пак ќе повторам. Не може сите да се согласувме, ама може сите жени да се почитуваме. Не е толку тешко да оставиш некој да живее како што сака. Доволно е кочници да не се ставаат.
Па на 19-20 години нормално е да не се осеќа психички (а и финансиски) спремна, и јас 21 имам па ни во лудило не би раѓала сега. Ама погоди што, не е твоја работа кој е способен, кој не е, има жени и што никогаш нема да сакаат да родат, раѓај и чувај си ги твоите деца, а за другите нема никој сметки да ти полага.
@KateKane абе ок е се ова, али и ја ако сакам ова да го наречам убиство, тоа е мое право, така? Како поинаку да наречам корнење дел по дел на невино човечко тело, само заради тоа што некој неспособен за чување (а не верувам дека има таква жена) непромислено донесува одлука за ваков чин.
Абортусот е штетен и за мајката, мора тоа да се има во предвид. Познавам не една туку повеќе жени кои во младост останале бремени и сега борби водат за дете. Жално но вистинито. На страна од тоа, мора да се земе во предвид како се изведува абортусот. Јас би вовела во школо на час да гледаат анимиран филм изведување абортус, за кога ќе им текне дека поубаво е без презерватив да знаат на што се изложуваат.
Не е 'право', туку злоупотреба на правото на говор и ширење говор на омраза. Убијци ги нарекуваш тие што абортирале. Стварно не разбирам зошто се толерира овој речник на форумов. Еден ден.. ќе биде земено во предвид, во вистинска смисла на зборот, и ќе биде санирано и правно. Немој тогаш да биде: Не сам знајала
Денеска секоја втора жена се бори со неплоднос и се борат за дете,без разлика дали абортилрала или не тоа е се до начинот кој го живееме,кој знае со што не трујат и живееме во стресно општество.
Твое право е да мислиш за абортусот што сакаш, меѓутоа да наречеш жена убиец, а она сигурно со леснотија не се решава на таков чекор не е добро. Ако гледаме биолошки на спречување на бременост тогаш треба и ејакулирање надвор, мастурбација, користење заштита и секоја неоплодена јајце клетка да ги наречеме убиства нели? Пошто сметаме генетски материјал, а не оформено суштество. Користење апчиња за контрацепција исто. Користење апче за ден потоа исто и тоа учествува во пропаѓањето на зиготот нели? Ако гледаме филозофски, животот на едно дете треба да тече убаво за секое дете да има среќно детство, нели? Кај те фаќа повеќе жал, за дете кое не е родено, или дете кое е фрлено во сиропиталиште, гладно, дете кое можеби никогаш нема да осети родителска љубов? Ти текнува што се случи пред година/две во центарот за згрижување за деца кога излезе бремено девојче од таму? Ништо не се разбра, така се заташка случајот, а девојчето било силувано неколку пати. Документарки што им прават на деца оставени по манастири си видела? Излезе скандалот во Бостон каде не знам колку попови беа вмешани во педофилија. Истите тие што први лаат против абортус. И најискрено те прашувам, за кое дете ти е повеќе жал, за некое кое не е родено и не било ни оформено или за дете фрлено на немилост јер не биле способни да се грижат за него?
Jas sum Za,sekoja edna zena da ima pravo da odluci dali ke abortira ili ne.Ima eden kup pricini koi vlijaat na nejzinata odluka.Podobro e vo bolnicki uslovi otkolku ne legalno.Posledici moze da ima,toa ne go sporam,no retko koja zena bi se odlucila na abortus od cista mira,sigurno ima pricina stom prezela takov cekor.I za kraj bi rekla samo-dosta e veke samo zenata da bide taa koja snosi posledici,bez razlika dali mora da se kluka so hormoni za zastita ili da abortira.Neka se zamislat malku i mazite,pa ima zastita i za niv,uste oddamna trebase da se svesni za toa,a ne odgovornosta na zenite samo da se prefrla.
Во фамилијата имам два случаи (веќе во поодминати години) оставени од мајки уште од раѓање. Чиста случајност тие ми се веќе како мајка и татко. Одгледани се од баба, дедо- небитно. Денес се родители за пример, полни со љубов. Од таа љубов замисли се создал мојот сопруг. И јас се чудам од каде оставени на таква немилост тие се многу подобри од деца израснати со физиолошки родители.
Не одговори, прашањето беше дали ти е жал за девојчето силувано во домот, а не за некој кого го чувале баба и дедо. Дали ти е жал за бебињата оставени на улица, по домови во никакви услови? Не тие жал за тие што цел живот не осетиле прегратка и родителска љубов, што питаат по улици (или и уште полошо)? Не викам дека нив требало да ги абортираат, само викам дека животот на дете кое е несакано од мајка му може да оди во многу различни правци. И јас имам многу близок роднина што е посвоен, има се што имаат и деца што живеат со биолошки родители (размазен е може и повеќе од нив), но не се сите со таа среќа.
Жално, навистина е жално да се употребува зборот убица и убиство кога се применува абортус на една жена....греота за нашите баби, прабаби, чукун баби итн.....сигурно душички би се превртувале во гроб за вакви неумесни изјави и тоа од жени Прабабата моја имала десет абортуси(кај постоеле презервативи тоа време), шест живо родени деца и незнам колку и починале....немале леб да јадат а камоли за презерватив да и текнало..абортирале душички на ЖИВО, без анестезија, со обична жица од закачалките..греота.... @Petra777 те молам немој да се противиш на слободната воља на секоја жена употребувајќи го погрдниот збор....плиззз
Значи ти имаш предрасуди дека децата што се растени без родители во никој случај не би можеле да израснат во нормални родители? Иначе зошто би се чудела.
Можеш да си имаш твое мислење и став за што би ти направила, а за што ќе направам јас ич не можеш да имаш мислење и став. А и да имаш, твојот став е тотално нерелевантен. Друго, што тотално го избегавате цело време е дека забрана на абортусот не го намалува бројот на абортуси, само се изведуваат на црно, по подруми и со отрови од бајачи. Зарем тоа било кому можете да го посакате?