Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.607 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    60.823
    Пол:
    Женски
    Јас цело време тоа го зборев во другана тема. Ама овде веќе идеме кон абортусот како филозофско прашање. За абортусите на црно на сите ни е јасно колку е безбедно.

    Пак ќе речам, се дури грижата ви е дури детето е интраутерино не ја гледате цела слика. Животот на детето тогаш не завршува, баш напротив тогаш почнува.

    А ако контра абортус филозофијата ви е базирана на добрина, љубов и сакање за доброто на детето нема да го гледате само како плод во матка, туку ќе го гледате како човек во целина и за цел живот, човек на кој му посакувате се најубаво, а апропо тоа живот на улица не соодветствува.
     
    На WildMk, dayla, Oxymoron и 10 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    225.512
    Пол:
    Женски
    на страна тоа. Убаво објаснив за што зборам
     
  3. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Прочитав се, коментирав и претходно, ама сега сакав малку поопширно да се искажам.
    Генерално мислам дека за се во животот пред да се донесе било каква одлука треба темелно да се разгледаат сите можни аспекти од таквата ситуација. И претходно го искажав моето мислење дека сум ЗА слободен избор на жената кога е во прашање абортусот.Нема потреба од дополнителни притисоци од околината, не треба да се наметнува ставот на другите и да се ограничува изборот на жената.

    Е сега ќе ги исклучам сите тие оправдани причини за кои што сите се сложуваме (медицински индикации, силувања), ќе кажам дека проблемот е заеднички, на мажот и жената. Значи зборувам за бебе зачнато од активен сексуален живот на двајца партнери. Мажот може да изнесе свое мислење, но крајниот и одлучувачки збор е само на жената. Таа одлучува дали ќе го роди детето или ќе ја прекине бременоста, а мажот треба да застане зад изборот на жената и да и пружи морална подршка (тоа е најмалку што може да го направи во една ваква ситуација).

    Секој си има своја причина за својот избор. Разумна или неразумна, правилна или погрешна, не е на нас да ги наметнуваме нашите размислувања и да судиме за изборот на другите. Дали изборот е правилен е прашање исклучиво на сопствен слободен избор.

    Она што ние можеме да го направиме е да апелираме, да се подигне свеста на народот. Односно, во 21 ви век, покрај толку средства за контрацепција, да се минимизираат ваквите несакани ситуации (пак ке кажам настрана ги тргам екстремните случаи). Младите треба да се едуцираат, како да се заштитат ако не сакаат или планираат да станат млади родители, а да не зборувам пак за полово преносливите болести.
     
    На WildMk и Alishan30 им се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Јас не, така погоре други пишуваа. Демек подобро е да го абортира отколку некој да го згрижи.
     
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.328
    Моментално и психички и финансиски да, неспособна. За неколку години се надевам дека ќе ги имам и двете и тогаш ќе се одлучам да имам деца.
     
    На WildMk и ane.bella им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Кога зборите од аспект на здравјето на жената, заборавате дека ризиците најмногу ги има кај нелегалните абортуси. Затоа активисти и организации се борат за тоа право на жената, по цена секакви малоумници, неандерталци и секташи да ги вреѓаат и колнат по социјални мрежи. И успеваат, за среќа. :)
     
    На ivi1987, Avery, staycalm и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Еве како мајка јас ќе ти кажам дека психички никогаш нема да се осетиш спремна. Еве дете држам во рака, си велам дали сум доволно добра, дали правам и давам се како што треба??
    А за финансии, еве ме не работам, па чувам. Се нагоре ти се само некои изговори заради некаков си страв кој го имаш подсвесно од деца.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    225.512
    Пол:
    Женски
    За да стигнеш до нелегален абортус треба претходно нешто друго да си правела :)
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Ама имаш маж до себе, во кој веруваш. Врската/бракот меѓу вас е сериозна. Планираш иднина/ се гледаш во иднина со него.

    Доколку и друг е во таква врска која цели кон заеднички живот/брак, нормално дека опцијата да го родиш детето ќе е голема, доколку сакаат двајцата.
    Но на 19, 20 години, кога уште не знаеш што сакаш, не знаеш дали по 3 месеци ќе раскинеш со партнерот и ништо не ти е сигурно (работа, финансии, дом, образование) тогаш не е во ред таа девојка да нема право на избор, нути да биде ,,принудена" да се мажи само за да го роди детето.

    Лично јас би родила непланирано само ако знам дека човекот до мене е тој до кој јас се гледам во иднина, во кој верувам и сум сигурна дека планираме заеднички иднина.
    Но не секогаш ќе си во таква врска а нескана бременост сепак може да се случи.

    Избор, тоа мора да постои.
    Што е најдобро во тој момент, секој за себе ќе одлучи.
     
    На Oxymoron, RoseRain и KateKane им се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Сомнежите или стравовите што сите ние како мајки ги имаме немаат апсолутно никаква врска со спремноста да се има дете. И те како се осеќав спремна за дете кога го родив, и психички, и физички, и материјално.

    Финансии немаш никакви па го чуваш? Живееш од 2-3000 социјална помош месечно? Немаш стан ни куќа, немаш образование за да најдеш поплатена работа? Семејството кога чуло дека си бремена те избркало од дома? Дечкото те оставил кога разбрал дека чекаш бебе? Ако одговорот на некое од овие прашања е не, апсолутно немој да се замислуваш дека знаеш како им е на жените кои се решаваат на абортус и ете си се решила да раѓаш.
     
    На ivi1987, Lolipop23, 1209 и 19 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Треба, ама за да се намали бројот на абортуси ни е потребно обемно сексуално образование, што црквата исто го одбива затоа што "ќе не научеле да сме хомосексуалци".
    Забрана за абортус нема да ги намали бројот на абортуси, само обемното сексуално образование може да го направи тоа.
    И без и со сексуално образование - луѓето ќе имаат секс. Ама за сечие добро, потребно е да се зборува за сексот, а не да биде табу тема.
     
    На Avery, 1209, FVP и 27 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    225.512
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше поентата погоре. Џабе каков било абортус ако примарни чекори не се превземат. Проблемот не лежи во гранките..
     
    На fana, dunika, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И во родителите.
    Оти од сите другарки први почнаа да имаат секс тие што од дома им викаа "немој да си помислила на секс". Сите што најстрого ги држеа почнаа најрано со односи. Мене ми се чудеа како сум била на 17-18 години година ипол во врска и не сме имале секс. Ама јас знаев сѐ за сексот, и ја немав таа потреба да се бунтувам и да правам нешто што "не е убаво". Оти, ако имаш секс на млади години, дома нема никогаш да те фатат - додека не останеш трудна, случајно. Па така, кога ти викаат "да не си смеела", 90% се шансите дека ќе се впуштиш во односи, и поголеми се шансите за непланирана бременост, оти од страв од сексот нема ни да истражиш за како се останува трудна.
    Чекам децата на Петра со "немојте секс пред брак" како ќе излезат.
     
    На John Snow, Harper, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    225.512
    Пол:
    Женски
    А ако умреш од алергија на анестезија пак докторот ќе ти е крив? :)
    Прстот во сите само во вас не :)))
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Што сакаш да кажеш, дека пациентите се криви во такви трагедии? :| (facepalm)
    А зошто мора за некои ситуации прстот да е воопшто вперен во некого? Свесни ли сте дека со вашето ценето мислење на кое имате право, може на некоја жена што чита да ѝ предизвикувате вина, да отварате стари рани?
     
    На ivi1987, ane.bella, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    225.512
    Пол:
    Женски
    А како тоа доктор да и е крив што е алергична? Секако дека не е она. Не е нејзин избор. Ама не е и на докторот. Прости ли ќе се прајме сега.. (facepalm)
    Јас не вперив прст, прашав само.
    Јас свесна сум, а ти свесна си дека во скоро секоја тема звучиш ко да мразиш деца? :) може погоре тоа што го рече беше во право - има личности кои подобро да биле абортирани...
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Немам коментар, само ќе речам... Дно.
     
    На ivi1987 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    225.512
    Пол:
    Женски
    Што е дно?
    Твои зборови се тоа.
    Ти си дно ?
     
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    225.512
    Пол:
    Женски
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.617
    Допаѓања:
    201.950
    Пол:
    Женски
    Од анестезија може да се умре и на породување. Just sayin' :)

    А се сложувам со погоре кажаното, дека е потребна сексуална едукација. И тоа да почне од дома! А не да биде табу тема на разговор со родителите. Значи, не е ништо ненормално, неприродно или страшно, сите луѓе имаат секс, мислам, па како опстанува видот?

    Абортусот во никој случај не треба да биде средство за контрацепција. И да, подобро е да биде легален, отколку законски забранет. Оти поголеми се шансите за компликации од интервенции изведени на црно, отколку ако е истото сторено легално. И не, не е наше да се мешаме во туѓи одлуки, ниту пак да ги нарекуваме убијци жените што абортираат.
     
    На ivi1987, Avery, Lolipop23 и 34 други им се допаѓа ова.