Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.607 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Апсолутно и на пород и на се. Анестезија е анестезија. Без разлика на зафатот.
    Не нарекувам убиец никого, секој за себе одлучува.
    Ама јас ако не подржувам готово нешто ми фали... Тоа е разликата.
     
    На Annath и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.122
    Пол:
    Женски
    Здраво, новопечени мамички. :hai:Блазе вас, абе се си знаете. Од сите подобро.

    Еве и јас, како мајка ќе ти кажам дека тоа апсолутно не е точно.

    Ниту од психичка, ниту од финансиска гледна точка. Не сум ги родила децата, ниту сум помислила да имам деца, без да се почувствувам подготвена. Како мене има мал милион.

    Тие деца, треба да имаат нормални родители кои ќе им обезбедат нормални животни услови.

    Ти, ако си во состојба да раѓаш неподготвена, има луѓе што не го прават тоа. И немаш право, да им го оспориш тоа право. Ако сакаш и 10 роди, спремна или не. Само не им рипај на глава на другите, за нешто што воопшто не го засегнува твојот живот, ниту ти менува нешто во истиот.
     
    На ivi1987, Chantal, 1209 и 31 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Еве јас како немајка, да кажам дека дефинитивно психички се чувствувам многу поразлично од пред 5 години. И од пред една.
    А за финансиски да не ни зборам.
    Ваљда нешто не е во ред со мене? Тука читам не требало да бидам спремна...
     
    На Oxymoron, KateKane, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто толку ти е тешко да разбереш дека некои луѓе едноставно сакаат да бидат подготвени. За бременост и растење дете збориш ко за чорба во која не е битно дали ке ставиш сол или вегета.

    Еве јас не би родила дете доколку финансиски не сум спремна за тој чекор. Не зборам во даден момент да сум вработена, туку да имам доволно пари за да можам да одам кај најдобрите доктори, да купам од најдобрата козметика, најдоброто АД млеко, најдобрите памперси... Списокот е долг. Ако увидам дека немам услови за живеење без нервози и притисоци, исто никогаш не би родила. Затоа што кога ке родам сакам да сум спремна да го пружам најдоброто. А никој нема да ме убеди дека најдоброто ке можеш да го пружиш со минималец или доколку си млад и невработен, па ке чекаш твоите да купат количка а неговите креветче. Јер, не сум на реклама.

    Немам страв од деца. Сакам да имам две. Ама сакам да имам деца кога јас сметам дека е идеално време за тоа. Иднината не можеш да ја предвидиш, ама никој не може да ме убеди дека доколку имаш заштеда на страна, истата може да исчезне магично и се да појде надолу.

    Секоја жена има право на абортус и не смее да биде осудувана доколку го направи тоа. Нејзина матка - нејзина одлука.

    Некои луѓе во ниту една работа не би влегле неспремни. Еве ке зборам за себе. Во брак не би влегла доколку не сум целосно сигурна дека тоа е вистинската работа. Дете не би родила доколку сметам дека не сум спремна. Ма ја ни секс не сум имала ако во даден момент не сум имала кондом а сум сметала дека треба да бидам заштитена.
     
    На Miss666, 1209, Sexybaby86 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Rebecca_R не лажи, за луксузни коли имаше, а за деца слабо, а?
    :rofl:
     
    На WildMk, John Snow, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.996
    Допаѓања:
    135.351
    Пол:
    Женски
    А зошто се меша нечие право на избор со свој став? :?: Ако јас сум против абортус зошто би ми сметало тоа другите жени да можат да го имаат како опција? :?:

    Можеме да се натегаме до недоглед, но никогаш не знаеме во каква ситуација ќе се најдеме самите. И јас викам би абортирала во некоја ситуација, го подржувам правото на избор, ама па тоа не ме спречува да користам заштита ако не сум спремна да имам дете. Заштита може да потфрли па било каква да е, тоа сите го знаеме. Абортусот како опција не ве спречува да се однесувате одговорно. Ал не знам зошто пречи да постои таква опција, па не е задолжителна да се искористи, нели?
     
    На ivi1987, Chantal, 1209 и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Цела заштеда ја потрошивме на лимузината, сеа од почеток треба да штедиме за бебе. :whew:
     
    На WildMk, John Snow, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.988
    До пред 2-3 години ќе абортирав, иако бев во 7-8 годишна врска.
    Денес веројатно нема. Не знам, ама веројатно нема.

    Се трудам да не направам дете, оти се' уште не сакам. Но, од аспект на стабилност и финансии, денес можам самостојно (без баби, дедовци, живеење кај нив итн) да чувам дете. Затоа и ситуацијата се смени.

    Но пред 3 години, кога ни пари, ни живеалиште имав, не ми паѓаше на памет да раѓам.
    Среќа не останав бремена па не морав да поминувам низ такви нешта.
    Но ако останев, и јас знаев, а и дм беше информиран што ќе се случи.
     
    На ivi1987, 1209, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.988
    @LiliBoz реално, породувањето е поопасно за жената од абортусот.
    Па ете, очигледно повеќе раѓаат, него што абортираат.

    И да, за лошо изведена интервенција е виновен тој што ја извел, а не пациентот.
     
    На ivi1987, WildMk, John Snow и 14 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    За алергија знаеш дека не е крив докторот.
    Не би рекла дека породот е поопасен зошто е Природна работа ИАКО има свои ризици. Тоа се сложувам.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.988
    Не станува збор за мое мислење, туку за медицински факт. Во животот на жената една од најопасните и најсмртоносните работи е породувањето. Неслучајно, пред да постои анестезијата и царскиот рез, дури и половина од породувањата завршувале фатално.
    Природно е и да се умре.

    Алергијата нема врска, туку ако лекарот ја повреди да не може повеќе да раѓа, тој е крив, а не пациентката.
     
    На ivi1987, WildMk, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Се е тоа така. Јас не реков ништо поразлично. Спомнав алергија од анестезија бидејки тоа не е вина ни на доктор ни на пациент.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    А идејата и поддршка за сексуално образование, од каде мислите дека иде? Јас да ви кажам - спаѓа на исто место со pro-choice менталитетот, додека за оние со став „абортус=убиство“ тоа е една од оние западњачки сатански ствари. Они би порадо со веронаука да им перат мозоци на децата, или барем во најмала рака имаат тотално различна слика за тоа како треба да изгледа сексуална едукација.
    Според мене, за сè се виновни конзервативни и патријархални родители. Доволно иронично и радикално можда звучи, но да, тврдам.
     
    На ivi1987, Sexybaby86, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    60.806
    Пол:
    Женски
    @Sesil имаш 2 типа на луѓе. Првите ти се оние што не оправдуваат абортус, што доколку би останале бремени би го родиле детето, меѓутоа го поддржуваат законот и сметаат дека е избор, односно право на жената.

    Имаш и други што сметаат дека треба да се укине правото на абортус, ги нарекуваат тие жени убијци и прават се што е во нивна моќ да наметнат вина на жената.

    Првите можам да ги почитувам, вторите никако.

    Не можам да почитувам човек што на друг уште толку му прави да му е потешко. Едноставно колку и да се трудам да се убедам дека секој човек заслужува почит, душава не ми дава кога знам дека осудува жена на која срцето и е во чвор, пошто нели барем во едно се согласуваме - дека не им е лесно.

    Последниов дел немаше врска со тебе инаку, онака си коментирам.
     
    На ivi1987, Lolipop23, Ambitious и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Ах бееее, да размислуваа вашите родители како вас, кај ќе бевте вие?!?
    Страшно! :x Секој пат исто па исто. Продолжете со дискусијата.:hai:
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.328
    Е ајде де, кај ќе бевме?
    Еве ќе ми поверуваш ако ти речам подобро да ме абортирала мајка ми отколку да ми го прави животот пекол?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.413
    Допаѓања:
    126.577
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто барате почит од оние кои се против абортус кога вие кои сте за абортус,ги напаѓате оние кои се против абортус.
    И полека малку,никаде не е посочена личност со име,презиме или корисничко име.
    Дискусијата е општа.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.328
    Ние сме за право на избор, а тоа значи жената да има право да одлучи да го роди, односно абортира, во зависност од условите во кои се наоѓа.
    Додека вие другите велите дека ако некоја забременила, стриктно мора да го роди.
    Ја гледаш разликата?
     
    На 1209, Bender Rodriguez, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.413
    Допаѓања:
    126.577
    Пол:
    Женски
    Пред неколку страни на темава коментирав дека поддржувам абортус,но само во некои ситуации:
    -ако мажот и жената се психички нестабилни;
    -ако мажот е починат;
    -ако бременоста е резултат на силување;
    -ако има mirror syndrome;
    -ако плодот има многу тешка болест или некое пореметување.
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.957
    Допаѓања:
    177.807
    Пол:
    Женски
    Сексуално образование очајно недостасува. И не тоа само за децата, туку во најмала рака и за родителите. За секого.

    Јас секогаш сум за живот. Кој уствари не е? Ама ако се нема елементарни услови да му се обезбедат на тоа дете за правилен и нормален раст и развој по чему само да се роди? Не е игра на среќа па ќе претпоставуваме дека ќе биде подобро. И тука немаат врска само годините, има исклучоци што родиле доста порано па израснале деца, оти сериозно си ја сфатиле новата улога и при тоа што е исто многу битно имале услови. Исто како што има возрасни, недоволно зрели, недоволно способни да се носат со улогата родител, од нивни лични причини не сакаат, или едноставно немаат услови за дете, и тука не се само финансиски, туку секакви можни.

    Факт е дека на абортус не се оди со широк осмех ко од поезија и од љубов. И не сакам ниту да помислам низ што се поминуваат тие жени за конечно да ја донесат таа одлука.

    Како идна мајка, покрај финансиски, спремна сум само во оној дел - спремна, да направам се што ќе биде потребно од мене за да одржам во живот, нов живот. Не знам што се ме чека, оти по прв пат ќе се соочам со се што ќе произлезе од новонастанатата ситуација, и колку и да читам и да се информирам и да ми кажуваат и прераскажуваат, сигурна сум дека кога ќе почувствувам на своја кожа, е различно и посебно.
    Уште додека беше само мала точка грашок ја сакав повеќе од себе, не можам и не сакам ни да замислам што се може да натера една жена на абортус. Само верувам дека не им е воопшто лесно да донесат таква одлука, па најмалку што може да се направи за тие жени, е да не им се отежнува уште повеќе, да не им се крати изборот и условите за нивната безбедност. Толку.
     
    На ivi1987, Peperutce1115, 1209 и 25 други им се допаѓа ова.