Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. myFilip

    myFilip Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Имам син којшто наскоро ќе полни две години и во јуни месец ни пукна кондом. Ова ни се случува првпат во 8 годишна врска од кои 2 сме во брак. Синот го направивме плански, многу посакувавме да останам бремена. Но не сме станбено обезбедени, работите и на двајцата моментално ни се несигурни.
    Значи, во јуни ни се скина кондом, а јас 8 часа по односот се напив норлево таблета. И сепак останав бремена. Неколку дена размислувавме со мм што да правиме. Се решивме за абортус поради наведените околности. Сметам дека донесов правилна одлука. Не сакам утре да плачам кога нема да имам пари пелени да му купам на детето.

    Секој си има свое мислење на оваа деликатна тема, секој се одлучува за или против според свои критериуми.
    Инаку, абортирав во приватна клиника, ме чинеше 3000 денари. Не ме успаа, ми го направија со вакуум зашто беше многу рана бременост. Траеше 15 минути со локална анестезија во грлото на матката и ништо не се осеќа.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    И да немам пари за детето ке се снајдам на било каков начин, абортусот не го одобрувам , и никогаш нема да го одобрам. Кога не сакаш бременост постојат кондоми, и контрацепциски таблети , жално е да се абортита дете кое го имате во вас .
    НЕ за абортусот !!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  3. myFilip

    myFilip Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Значи, изгледа не прочита дека користевме кондом и дека СЕ СКИНА! После се напив и норлево таблета, тоа е таблета за итна контрацепција, се пие најдоцна 72 часа по однос и е 90 % ефикасна. Ете јас за жал бев во тие 10 % што не ми делуваше.
    Некогаш и покрај тоа се случуваат вакви работи. Ваквите теми се многу деликатни и секој има право на свое мислење.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога се зборува на тема абортус, тука веќе нема простор за дискусии од типот дали користеле контрацепциски средства или не, како дошло до несаканата бременост, зошто не внимавале на тоа и слично. Значи тоа веќе се случило и оставете ги кондомите и таблетите на страна.

    Зошто не размислувате барем малку пошироко?
    Абортусот е широка тема во која се вклучени многу повеќе фактори од тие што ги разгледувате. Не е работава: Имале секс, не користеле заштита, девојката останала трудна, ама не сака да стане мајка.
    Многу е покомплицирано од тоа.
    Што се случува со 13-14 годишните девојчиња кои останале бремени? Ниту психички, ниту физички не се подготвени и созреани да станат мајки. Што ќе се случи доколку девојката е не дај Боже силувана? Детето не е секогаш плод на љубов.
    Освен тоа, абортусот не се извршува само при несакана бременост. Доколку во текот на бременоста настанат компликации и мора да се избере меѓу детето и мајката, секогаш, ама буквално СЕКОГАШ се избира мајката! Како вие, што се залагате за забрана на абортусот, ќе најдете решение во ваков случај?
    Мислите ли дека со забрана ќе се намали бројот на извршени абортуси? - Не. Само што ако е дозволен, абортусот ќе го извршува стручно лице, во соодветни услови, на соодветен стерилизиран начин. Нема да го врши некоја бабица кај неа дома, па не дај Боже да те осакати и до крајот на животот да не можеш да забремениш.
    И ве молам правете разлика помеѓу тоа „никогаш нема да направам абортус“ и „абортусот мора да се забрани“.
     
    На Shana, impulsivna и lolyta777 им се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Десетгодишно девојче од Мексико се породило во 31. недела од бременоста и родило момче тешко 1,5 килограми.

    Младото девојче било донесено во болницата на 22 октомври во лоша здравствена состојба. Недоносеното бебе било родено со царски рез во градот Пуебло и веднаш било преместено на интензивна нега каде се опоравува од пневмонија. Иако докторите се плашеле дали бебето ќе преживее, сега е во стабилна состојба.


    Мајката веќе е отпуштена од болницата, но секојдневно го посетува бебето за да може да го дои. Сè уште не се знае кој е таткото, а мексиканските власти спроведуваат истрага за да утврдат дали девојчето било силувано.

    Според мексиканските закони, абортусот за млади мајки е забранет, освен ако не докажат дека се жртви на силување. Но, наскоро се очекува промена на овој закон кој предвидува парични казни и дури и затворска казна.

    Ова не е прв случај во Мексико шокантно младо девојче да се породи. Минатата година 11-годишната Амалија роди дете откако била повеќе пати силувана од својот очув кога имала само 10 години. Тогаш мајката на девојчето го пријавила случајот во полиција. Групите за заштита на правата на жените тврдат дека докторите не го известиле девојчето за правото на абортус на жртвите на силување.


    E ајде сега убедете ме дека абортусот треба да се забрани.Страшно, во каква средина тоа дете ќе расте, каков човек ќе стане :x
     
    На Shana, tara83, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Абортусот е право на избор на жената, право таа самата (или со подршка и помош) да одлучи дали е спремна и способна да стане мајка или не.

    Како мајка која веќе има скоро 5 год. ќерка со намера да го зголеми бројот на семејството и да имам барем уште едно детенце изјавувам дека го подржувам абортусот и не го сметам за грев, ниту пак на убиство. До сега не сум абортирала (фала Богу за тоа), но сум била во дилема дали доколку сум бремена ќе го задржам детето или ќе абортирам. Неколку пати ми се има случено да ми доцни циклусот како последица на стрес, нервоза, промена на клима и сл.( па и на незаштитени секс.односи) и сме се нашле пред дилема што и како би направиле...анализи на финансиска, станбена состојба, размислувања и дилеми дали е битно само да се донесе на свет детето па потоа ќе видиме што и како ќе правиме и ќе се снаоѓаме или е битно и во какви услови ќе расте и ќе го живее детството, па и младоста.

    Како што одминува времето, некои карти си се наредија и благодарна сум што до сега не сум се соочила со верувам една од најтешките одлуки на секоја совесна потенцијална мајка.
    Не осудувам и не морализирам кога станува збор за абортусот, секоја жена има право на избор.

    За сите оние кои го осудуваат абортусот и сметаат дека детето мора да се роди по секоја цена им препорачувам да ја прочитаат Варварска свадба од Ј. Кефелек и потоа да осудуваат.
     
    На crazylady, Hipster, Shana и 5 други им се допаѓа ова.
  7. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Една загрижена мајка отишла кај својот гинеколог и рекла:
    “Докторе,имам сериозен проблем и очајно ми треба вашата помош! Моето бебе нема ниту една година а јас сум повторно бремена.Не сакам толку брзо бебе.“
    Па докторот рекол: “Добро,што сакаш да сторам?“
    Таа рекла: “Сакам да ја прекинеш мојата бременост,и сметам на твојата помош за ова.“
    Докторот размислил малку,и по кратко време и рекол на жената: “Мислам дека имам подобро решение за вашиот проблем.Тоа е понеопасно за обајцата.“
    Таа се насмевнала,размислувајќи дека докторот ќе го прифати нејзиното барање.
    Тогаш тој продолжил: “Знаеш,бидејќи не сакаш да гледаш две бибиња одеднаш,ајде да го убиеме она што ти е во рацете.На тој начин,можеш да се одмориш малку пред ова другото да се роди. Ако убиваме едно од нив,не е важно кое. Нема ризик за твоето тело ако го одбереме тоа што е во твоите раце.“
    Жената беше престрашена и рече: “Не докторе! Колку ужасно! Криминално е да се убива дете!“
    “Се согласувам.“ одговори докторот. “Но тебе тоа ти изгледаше во ред,па си помислив дека можеби тоа ќе биде најдобро решемие.“
    Докторот се насмевна, сфаќајќи дека таа ја разбра поентата.

    Љубовта вели: „Се жртвувам себе си за доброто на друга личност.“
    Абортусот вели “Го жртвувам доброто на другиот за моето добро .“

    1.Си бил еден проповедник и неговата жена кои биле многу,многу сиромашни. Тие имале 14 деца. Таа сега открила дека е бремена со 15 то, живеат во невидена сиромаштија, земајќи ја обѕир нивната сиромаштија, дали би им препорачале да направат абортус?
    2.Таткото е болен од снифилис, мајката има туберкулоза, тие имаат 4 деца, првото дете е слепо, второто умрело, а третото е глуво , четвртото покажува туберкулоза, и таа дознава дека повторно е бремена, со оглед на екстремната ситуација дали би препорачале абортус?
    3.Белец силувал 13 годишна црнкиња и таа останува бремена, дали би препорачале абортус?
    4.Една млада жена е бремена и таа знае дека нејзиниот свршеник не е татко на бебето и тој е многу вознемирен, дали би препорачале абортус?

    Ако сметате дека треба да препорачате абортус во некоја од овие ситуации;
    Тогаш во првиот случај вие препорачавте убиство на Џон Весли;
    Во вториот вие препорачавте убивање на Лудвиг Ван Бетовен,
    Во третиот вие препорачавте убивање на познатата госпел пејачка Етел Вотерс
    и во четвртиот случај вие тукушто препорачавте убивање на Исус Месијата...
     
    На La.Reina.Del.Sur, angelce1 и Devojche им се допаѓа ова.
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Јас сум за абортус само ако од силување е бременоста.
     
  9. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
    Bok mama.

    Ja sam tvoja beba. Još me nepoznaješ,tek sam par tjedana stara. Ubrzo ćes me upoznat,obećavam ti. Da ti kažem nesto o sebi? Žensko sam,nazvat ćes me Dora,imam predivne plave oči,i smeđu kosu. Nemam još,ali imat ću kad se rodim. Želim bit doktorica kad odrastem,ti ćes me poduprjeti. Jel tako? Volim te mama!

    Mama,danas si bila tako sretna,svima si pričala o meni, imaš prekrasan osmijeh, kad pričaš o meni tako si sretna. Danas si rekla tati da si trudna,nije mi se činio sretnim, činio se ljut,zašto mama?Zar me on nevoli? Nije mu drago kao i tebi. Onda je učinio nešto strašno, udario te, osjetila sam kako si pala i kako si rukama zaštitila mene, ja sam uredu,al bojim se za tebe, rekao ti je oprosti i da te voli,ali zašto je onda to učinio? Nesviđa mi se to mama!

    Napokon me možeš vidjeti, stomak ti je malo veći,i jako si ponosna na mene. Danas si išla sa svojom mamom i kupovala robicu za mene,bila si tako sretna. Pjevaš mi također,imaš najljepši glas na svijetu. I kad mi pričaš osjećam se tako sigurno, volim te svim svojim malim srcem!

    Mamaa,mogu micati rukice i nogice! Kad staviš ruke na svoj stomak,škaklješ me i mičem se, i onda se i ti smiješ,volim te mama!

    Danas je opet došao tata,opet te udario, rekao je da moraš abortirati i da me neželi,rastužio me,ali mama, što znači abortirati? Objasni mi, i zašto me nevoli?

    Nisi pričala samnom,mama, jel sve uredu?

    Hej mama.

    Prošla su 3 dana otkad si vidila mog tatu,nisi dirala stomak,nisi mi pjevala, nisi mi pričala,ništa, zar me nevoliš? Ja te još uvijek volim,svim srcem. Mislim da si tužna!

    Stara sam 21 tjedan,mama,zar nisi ponosna na mene? Idemo negdje, negdje gdje nismo bile, uzbuđena sam, izgleda kao bolnica! Jesam ti rekla kad odrastem da želim bit doktorica? Nadam se da si uzbuđena kao i ja,ja nemogu čekati!

    Mama,plašim se. Srce ti ubrzano kuca,doktori pričaju s tobom,imam osjećaj da će se nešto loše dogoditi. Jako, jako, jako, jako, sam uplašena mama, reci da me voliš molim te, moolim te ! Ja tebe volim !

    Mamaaaaaa, štooo mi to radeee? Boli mee,reci im da prekinu, uzasno me boli, molim te mamaa, pomozi mi, molim tee..

    Nebrini mama,na sigurnom sam, sad sam sa anđelima u raju. Rekli su mi što si napravila, i da se to zove abortus!
    Zašto,zašto? Zašto si to napravila? Više me nevoliš? Zašto si me se rješila? Mama,meni je jako žao,jesam ja nešto loše uradila? Volim te. Volim te svim svojim srcem, ali zašto si me ubila? Što sam učinila da mi ono naprave? Mama, želim živjeti. Boli me kada te nije briga za mene,neželim biti tu, želim da me voliš opet, želim biti doktorica, što sam učinila da si me ubila? Mama, volim te.

    Zaista te volim mama!
     
    На guguence, karak и bebaa им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    ^ Aбе ај..... :x
     
    На silvijana, lolyta777, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. adrienne

    adrienne Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Ve molam za pomos! imam 19 god i bremena sum. so mojot partner sme vo vrska 2 meseca i on razmisluva za abortus. jas sum protiv abortusot. ne sum razgovarala so nikogo na ovaa tema i neznam kako da postapam. ve molam za mislene
     
  12. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Немој да го прекинуваш животот што се создал во тебе за се има решение подобро од прекинување на животот.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Абортус или свадба!?

    http://youtu.be/mXZCOaRVrbg-незнам колку разбирате англиски ама добро е да се погледне ова за абортусот; http://youtu.be/YP-mqgZmxBg - овде јасно се слуша срцето на бебињта во седмата недела значи http://youtu.be/HU5F30JS8U4 -овде се кажува дека полот на бебето е веке одреден уште одма кога сте останале бремена па сега размислете дали абортусот не прекинува ваке започнат живот.барем денеска не треба да имаш факултет завршено за да дознаеш што се случува во бременоста недела по недела има интернет.и знајте дека нели тоа мало чудо се зачнало во нас и се развива веке е живо,па кои сме ние да му го одземеме?
     
    На tinkerbelll и Ferhunde-87sk им се допаѓа ова.
  14. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Срцето на бебето се формира измеѓу 18-ти и 25-ти ден, нервниот систем се формира после третата недела а за шест недели се обликува целиот костур на бебето, кога и му се јавуваат првите рефлекси. Дали го правите ова на суштество кое се наоѓа во внатрешноста на матката или надвор од матката, е сосема исто.
     
    На angelce1, guguence, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Како што се изјаснив на гласањето и јас сум против прекинување на живот.
    Е сега за твојот проблем, ова е само мое мислење нагласувам, јас никогаш не би посегнала по абортус. Навистина си млада и животот штотуку започнува за тебе, но за тоа си требала да мислиш, пред да се зачне нов живот во тебе. Гледано од страна, јас би го седнала дечкото и би му објаснила, дека би сакала да го задржам бебето, но тука ти не си навела на која возраст е дечкото и дали е тој спремен на посериозен чекор.
    Јас те охрабрувам да си го зачуваш плодот
    Поздрав и се надевам на убава завршница на твојот проблем :hug:
     
    На aerodrom, Abeja и Serafima им се допаѓа ова.
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    девојче овде никој неможе да ти помогне бидејќи одлуката останува но тебе овде можеме да кажеме само наши мислења.

    јас да бев на твое место ќе абортирав веднаш јас сум за абортус секоја жена има право на избор. и не сметам дека плод од неколку недели може да се нарекува личност или како и да е. и не сметам дека е исто родено бебе да го убиеш и да абортираш неколку неделен плод. плодот е зависен од личноста што го носи и без неа неможе да функционира итн...

    сепак има многу тези за тоа и различно е како човек гледа на и нив дали од медицинска или од правна гледна точка.

    млада си и животот е пред тебе ќе имаш време за деца. се надевам ќе донесеш избор што ќе ве направи сите среќни.
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Немој да абортираш, извлечи го најдоброто од ситуацијава и за тебе и за детето. Тој твојот можел да ебе а не може да преземе одговорност.За да имаш секс со некого треба да бидеш спремен и за дете, за семејство, како одите со такви што само гледаат да си го испразнат па уште и без кондом, кај ви е паметот? Ако вие не сте размислувале за време на сексот да употребите кондом, премногу е себично за ваша грешка да одземете живот. Кога веќе размислува тој за абортус, нека абортира да го видиме како ќе го изведе тоа, за абортус можеш да размислуваш само ти, а тој да те поддржи во твојата одлука. Па фраерот уште размислувал за абортус, а кога свршуваше на што мислеше. Па не си ниту мала за дете, кога веќе биднало почнете да си ја планирате заедничката иднина. Немој да мислиш дека ако абортираш после рози ќе ти цветаат, цел живот ќе живееш со фактот дека си убила свое дете. Не велам ниту дека ќе имате убав брак, но можеби ќе имате, заедно ќе поминувате низ проблемите. А за тоа каков маж ќе биде дечко ти тоа е ирелевантно, ти можеш и на 30 години, сметајќи се подготвена за брак, да налеташ на некој навидум супер маж, а во бракот да го дознаеш вистински и да ти биде кошмар бракот. Така да немој да мислиш дека сте млади, неподготвени, за се во животот си има причина. Ви посакувам само најдобро и разговарај што побргу со твоите.
     
    На angelce1 и Serafima им се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Тешко дека некој од нас на форумов ќе може да ти даде доволно добар совет. Само ти знаеш како се чувствуваш во моментов и што навистина сакаш. Размисли убаво, разговарај и со мајка ти обавезно.
    Инаку за дечкото што не сака да превеземе одговорност немам коментар :x Се на се ова е многу тешка ситуација, одговорноста е голема. Незнам ниту каква ти е финансиската ситуација... На крај, изборот е твој.
     
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас ќе го кажам само ова...и се надевам, ќе сум сосема јасна

    6 деца
    татко алкохоличар
    мајка болна од сифилис и бремена
    .....
    ако постоеше абортусот дали ќе ја имавме Одата на радоста ?!?!
     
    На crazylady, Serafima и Devojche им се допаѓа ова.
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Овде совет и неможеш да добиеш баш зашто станува збор за различни личности со различен став .
    Крајна одлука е твоја !

    Ама ја би да тргнам од мој живот , значи исто ко тебе мајка ми 19 имала коа останала со мене бремена онај шо ме направил дома да не знае кај му е од скитање и пиење ... А коа ке му текнело на патот накај дома по обичај за добар ден ја малтретирал мајка ми , па видела не видела и избегала од таму .
    И ја со мои 20 години ја знам (и сите што на оваков или онаков начин останале без некој од родители) знаеме како ни е само со еден родител .

    Мене ова да ми се случи и копилето да не сака да си ја земе одговорноста би абортирала . Нејќам живот и детство да му пружам на тоа дете ко што сум имала јас ! Зашто ко што јас сега обвинувам некого за тоа шо ја растев со еден родител и за тоа какво детство сум имала , знам дека и тоа што би го родила исто и мене ке ме обвинува , Макар ја и светот на дланка да му го дадам . Ама џабе ке му биде зашо би била само ЈАС ааа оној шо го направил ??
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.