Да, ама тоа е сосема друга инстанца, претходно беше начнато кој ќе биде крив ако таа после абортусот не може да раѓа. Со сигурност, нема пациентката да е крива. 99% ќе биде крив докторот, оти, абортусот во денешно време е една од најбезбедните процедури. 1%, може и помалку, се шансите да бидеш во оние кои буквално без ничија вина имаат последици. Операција на слепо црево е нешто за што генерално не мислиме како опасно, туку како рутинска и едноставна интервенција, шансите нешто наопаку да тргне се екстремно минимални доколку оној што оперира знае што прави. А сепак, операција на слепо црево е посериозна интервенција од абортус, со потежок тек на заздравување, од абортус. Затоа, ако абортирам, и по абортусот не можам да забременам, најверојатно за тоа ќе биде виновен тој што го извршил абортусот. Помалку веројатно ќе биде се' останато.
Тие правила прос и конс сама на себе да си ги примениш може. На мене и мојата матка... не може. Немаш право на мислење за мојата матка. До толку е просто.
На оние кои се против абортус не можеш да им кажуваш да не го кажуваат нивното мислење,а ти да очекуваш тие да не го спорат твоето.
Секаков вид на оперативен зафат си има тежина иако, како што кажа, слепо црево е рутина веќе. Затоа постојат и тие изјави кои се потпишуваат на старт за можни компликации. Јас царски правев не по моја желба (туку мораше така) па пак потпишав.
Добро, ај тогаш вака. Замисли еве твоја сестра, 20 години, забременува бидејќи заштитата потрфлила, ама не е вработена, (еве студира пример) сака да абортира. Дали ќе бидеш на нејзина страна или над глава ќе и' трубиш да го роди зошто ти така сакаш?
Зависи од околностите. Има и млади мајки кои и работат и студираат иако имаат деца. Која сака може да постигне.
Разликата меѓу моето мислење и нивното е во тоа што јас признавам дека секој има право на свој избор, на пример да живее со свекрва во гарсоњера и невработена и да роди две деца. Јас не би, ни под разно. Ама која сум јас на Трајанка да и' кажувам како да живее?
Да, но сепак, докторски грешки се вистинска работа и докторите сносат одговорност за лошо и неправилно изведена процедура. Ништо не им дава имунитет ако грешат. Тоа сакав да кажам.
Никој нема право да ти каже што да правиш. Јас и на 18 би родила. Некоја ни на 28. Избор се вика тоа. Слобода на избор подржувам. Абортус не подржувам. Не знам зошто не ме разбираат повеќето кога јасно зборам.
Океј, си го добив одговорот. Сепак ќе и' збориш да го роди со овој изговор. Ама тешко е да сфатите дека ако некоја можела, не значи дека секоја друга ќе успее во истото. Во моментот нејзин приоритет е друго. Немој после да збориш дека не се мешате во туѓи матки
Ти си про-чојс. Избор. Дали и колку и како деца ќе родиш, е твоја лична работа, а не моја и на кој било друг. Имаш право на избор. Баш прости работи за сфаќање се
На фб денеска видов два случаеви по групине, каде една анонимно прашува за искуство или сл. за абортус, а во коментари ја осудуваат, велат дека грев правела, солат памет иако воопшто не ја знаат причината зошто абортира. Никој не вели абортус да се користи како контрацепција, но и контрацепцијата знае да потфрли покрај другите бројни причини што некоја се одлучила на тој чекор. И мене да ми се случи тоа сега, без размислување ќе одам на абортус. Уште неколку години сигурно нема да бидам спремна да се грижам за друго малечко суштество. А во иднина секако сакам да имам деца. Едно или две, видечемо. Инаку, право на мислење дали да се абортира или не смеете да имате само кога се работи за ваша матка, не за матките од другите.
Кога општото мислење се нафрла како барање за измена на закони, кои влијаат директно врз интегритетот и слободата на жената, е проблем. Може да си мислите што сакате и да го злоупотребувате правото на говор, но не и да присилувате и манипулирате други.
Се сложувам со @LiliBoz . Сум за слобода на избор но против абортус. Е сега тоа е контрадикторен став.Знам. Ако си за слобода на избор тука спаѓа и абортусот. За мене абортусот не е контрацепција и не треба да биде.
Не е контрадикторно, напротив. Имаш право на избор и бираш Во риал лајф; ретко кој користи абортус како контрацепција. Не е толку едноставно ни физички ни психички. Но кога контрацепцијата ќе потфрли, треба да знаеме дека имаме право на избор.
Не бе јас сум шовинист Инаку на другар девојката и закажував со врски абортус зошто немаше термин . Не ми беше мило. Ама која сум јас да се мешам...
Ај,види на Гугл што е манипулација.Овде нема такво нешто. Сите имаме право на мислење за секоја тема.