Тоа значи дека жената која избира да абортира може за тебе да има мислење дека ти не си дорасната за да одлучуваш за нејзиното тело и имаш сфаќања ко за 1900 г. И таа има право на мислење
@Purplelilac Ама,не може таа да го критикува моето мислење,а да очекува јас да не го критикувам нејзиното.
Таа прифатила дека постојат жени кои под никаков услов не би абортирале и за нив нема никакви осуди, но на неа и се лепи зборот убиство затоа што некој решил дека има право да одлучува за секоја бремена жена само затоа што имал право на мислење. Ако не сакате да ве напаѓаат тогаш не си земајте за право да го правите истото. Simple as that.
Не те разбираме зошто сосема друго зборуваш со тие што не нѐ мирисаш и ни памтиш нешто што не ти се допаднало, се контраш и потпрашуваш иако сега го сведуваш твојот став на истото. За тоа дека наводно сум мразела деца (што е огромна навреда) чекам да ми се извиниш. Тогаш можда ќе ти ги прифатам дообјаснувањава.
А за Ромите ќе кажете дека е многу подобро што раѓаат по 10 деца, тие деца се оставени на милост и немилост, просат и лете и зимо, дуваат лепак на 7-8 години, немаат ни храна ни вода ни струја ни бутур? Биле прашани тие деца за таков живот? Ете чим сте толку хумани посвојте некое од тие деца, пошто нели, се родиле (а не се само Роми, мал милион има во Мк деца што живеат на раб на сиромаштија, немаат ни куќа каква што треба) а не тука само млатите празна слама.
Не барам никогаш извинување од никој што ме нарекол шовинист и ред други работи кои пред се не им одликуваат на млади луѓе, а исто така не се извинувам за нешто што го мислам. Не чекај во празно. Моето мислење е базирано на твоето однесување. И доволно е глумење жртва дека си малтретирана и следена и вреѓана. Кога реков не ме разбираат не ни мислев на тебе. Патем, немој воопшто да ми ги прифаќаш објаснувањата. Далеку од тоа дека за тебе се пишани.
И мене ме нарекле децомразач... што можам тука? Не се топам на деца, не уживам во нивно присуство, деца во група распиштени и развриштени ме иритираат... ама да ги мразам? Несоодветен збор омразата е силно чувство, далеку од нелагодност.
Сум и тоа како за абортус, и кога недајбоже би ми се случило да затруднам веднаш би абортирала, не сакам дете да имам и затоа најдобро ќе абортирам..а и секој има право на избор дали ќе абортира или ќе роди, еве моите дека ме родиле постојано сум ги слушала како се карале, понекогаш и тепале уште од дете мало кога сум била сум трпела, постојано сум паѓала во депресии заради тоа, дури си викам поарно во дом да ме даделе или воопшто да не ме роделе отколку вака да се измачувам.
@nextredstyle како будуќи правник глупаво е да не разликуваш слобода на говор и слободно изразување, од етикетирање, наметнување на став и барање за промена на закон кој би донел страшни последици. Особено кога од тебе се очекува да го застапуваш народот на тоа поле, и да донесуваш правилни одлуки за општо добро. Тогаш своето мислење треба да го изоставиш, бидејќи е ирелевнтно и сувишно. Вака на форум, не е толку битно, ама во реалноста тоа се очекува од тебе и како човек прво, делот за не наметнување на сопствен став, а да не зборуваме како те засега професионално. Ако не си способна да го правиш тоа... Се имам изјаснето дека сум за про чоис и подржувам абортус од секоја причина, додека има причина. Тоа подразбира да не биде начин за контрацепција. И разликата помеѓу тие што подржуваме секоја жена да има право на избор, и оние кои "само" кажуваат мислења, притоа мудрувајќи "сѐ се може ако се сака" а во спротивно етикетирање со "убиец" безразлика на комплексноста на секоја ситуација со исто само неколку исклучоци, е што ние не се контраме на вашето мислење за да се докажуваме (под "секој има право на свое мислење", али мање битно), туку оставаме простор за донесување на одлука без забелешки. Што е клучно тука.
@Snow-Star Политика студирам. Ги знам разликите меѓу поимите. Ништо не наметнувам,само изразувам мое мислење. Не може сите да мислиме исто, нели? Тоа и ти го пишуваш,а и другите кои мислат како тебе. Ако барате од мене да бидам помалку остра,тогаш треба и вие да бидете помалку остри. И јас сум против донесување на закон со кој би се забранил абортусот. Има некои членови/членки кои тврдат дека се либерали,но не покажуваат толеранција или разбирање кон личности со поинакви мислења и сфаќања од нивните.И уште се бунат кога некој им контрира. Има луѓе кои се целосно против абортус.Јас не се согласувам ни со нив. Веќе неколку пати спомнав дека во некои ситуации поддржувам абортус.
Ок, сум те помешала со друг член можеби, затоа што читав и неколку страници назад. My bad. Ама не станува збор за толеранција тука. Не може да се толерира нешто за кое ти наметнуваш став и не искажуваш само мислење. Тенка е границата помеѓу едното и другото. И повеќето кои се цврсто против абортус по секоја цена, не се однесува конкретно на тебе ова, не знаат за неа.
Јас сум ЗА абортус. Секој има право на свој избор. Мое тело, мој избор. Не гледам простор за расправии, зошто некоја коментирала така, против нејзино мислење итн... На мои 20г да останам бремена би абортирала без да размислам. Прво немам услови, студирам, не работам итн. Сепак некои не размислуваат така.
Ова ми падна во очи. Па вака размислуваат и моите родители, јас не сум дете што требало да биде абортирано, па да ме задржат затоа што биле против абортус. Претпоставувам и повеќето од тука. Ах, да живеевме во толку едноставен и розов свет. Каде контрацепцијата е 100% ефективна, каде жените од прва го проценуваат партнерот и неговата психичка состојба, каде никоја не е злоупотребувана во долга врска или во брак. Само читнете малку во Разводи да видите во какви безизлезни ситуации се наоѓаат некои жени, и обидете се помалку да судите. Ако вам не ви се случува, одлично, сте имале среќа, но сочувствувајте со оние во полоша состојба не поради „погрешни избори“, туку најчесто поради склоп на околности.
И јас не се топам на кучиња,ама не ги мразам, се плашам и лаење не поднасам па ги оставам да живеат. Понекогаш животните дефинитивно имаат повеќе чувства од нас...мислам ме сфаќаш...
Кај ќе сум била? Еве, татко ми имал друго врски пред мајка ми. Имала и таа. Да се земеле со некој од другите, пак немало да ме има мене. Го нема тој генетски материјал и готово. Што е со сите неродени деца од другите врски на моите родители? Треба сега да се лутат затоа што не добиле шанса да станат деца? Треба рандом јајце клетки и сперматозоиди да не прогонуваат цел живот затоа што не станале човечко суштество? Да ме абортирале моите немало да постојам. Исто како што не постојат ни деца од претходните врски на моите родители. Исто како што и јас до сега немам ни едно дете. Исто како што ти имаш само едно, а си можела барем 2 да имаш со сега.
Па јас имам само за мојата матка мислење. За другите немам. Викам секој што сака да си прави. Значи ти го спориш мислењето за мојата матка? Заборавате дека право на избор не значи дека одам и на секоја што остане трудна и викам абортирај. Напротив, значи ако некоја ме праша дали да абортира ќе и речам "не знам, како сакаш, твој избор".