Одговорот беше во зависност од околностите.Немам сестра,но да имав и таа да ме прашаше за мислење,ако има дечко спремен да преземе одговорност,ќе ја советував да размисли и да разговара со него.Нема да кажам дека мора да го роди.Тоа е меѓу неа и нејзиниот партнер. Ако бременоста е резултат на силување,ако нешто не е во ред со плодот или ако нејзиниот партнер е психички нестабилен,ќе ја поддржам нејзината одлука да абортира.Но,и покрај различно мислење,пак би била покрај неа. Дури и да не се согласувам со нечија одлука,моето мислење за тоа би било од советодавен карактер,а не од наметнувачки.
Еве, имаш сестра и ти вика: Бремена сум, нема шанси сега да родам, ќе абортирам. Што ќе и' речеш на тоа? Ќе симулираме.. Јас сум фиктивната ти сестра, ти си ти. Одговори ми.
Бев јас на пракса во дом за доенчиња порано и во тоа време имаше и простории за мајки кои сакаат да дадат дете таму, анонимно си седеа некој месец пред пороѓај , се пораѓаа, детето го оставаа и дома ко ништо да не било. Јас се спријателив со една мајка која беше таму со таква намера пошто беше силувана, а дома 2 деца, сопруг и решиле сите да дојде тука и да го даде детево во дом пошто мислам касно дознале кога веќе било касно за абортус. И кога дојде време да се роди детето, го остави, замина и по 4 саати се врати со сопругот, со децата и си го зедоа бебето и сега бебето е дете големо и си живее со нив како нивно дете, нормално се, мислам и дека знае дека е од силувач, нема врска тоа битно среќни се сите. Е сега секој има право на избор што сака да прави па така и во овој случај, ама јас верувам дека освен во некои ептен ептен случаи, секој плод заслужува шанса да живее. Ама, не осудувам кога некој сака да абортира, таа си знае за причините, јас за себе зборувам посебно после приказната што ја кажав погоре.
Тоа што го зедоа детето, не завршува тука приказната. Ме интересира како се чувствуваат сега родителите. Ич не е лесно да живееш со 'дневен потсетник' на твоето силување. Почит за оние кои го издржале тоа, го задржале детето и останале нормални.. и тие, а и тоа дете.
Да и јас тоа размислував за тоа што викаш секој ден и е потсетник на немил настан и баш секогаш кога ми се дешава нешто лошо мислам на ова и се тешам дека има и полошо, што значи мајкава ептен е силна, борец, мајка херој и знам дека била растргната на две страни, од една страна ова, а од друга страна нешто што без разлика на се е само и безпомошно и нејзино, дел од неа, па во секој случај изборот е тежок па недај боже да се најдеш во такви ситуации, тогаш е поразлично, вака можеме до утре да кажуваме шта би било кад би било.
Овие што се против абортирање претпоставувам се и против сурогат, донација на ј.клетки и сперматозоиди и вештачко оплодување оти нели се коси со традиционалните вредности и религијата. Ми се поврати од еден пост во женска група каде што жени даваат мислење за сурогат и тоа жени со две-три деца, пишале "сурогат не треба да има си постојат институции за посвојување". Госпоѓо, ти ако си толку хумана и ако толку мислиш за тие деца и покрај твоите можеш да си посвоиш едно, зошто не? Зошто не ди родила едно и потоа второто не си го посвоила? А не можеш да ми го ускратиш моето право ако сакам да имам дете со мои гени како што имаш ти, па понатаму ако сакам ќе си посвојам и јас. Себичност, исто како и со абортусов, гледајте си за себе никој не можете да осудувате и да го натерате нешто да прави со своето тело и својот живот.
A ти знаеш што е фетус воопшто, така? Или тебе одма цела со магично стапче те направија без да те носи мајка ти во стомакот. Додека не осетиш во утроба, за тебе ова ќе биде само збор.
А ти знаеш што е јајце клетка? Знаеш што е сперматозоид? Без јајце клетка и без спермарозоид, со магично стапче ли се прави фетус? Враќајте се уште назад, ајде, да забраниме неискористени јајце клетки и смерматозоиди. Јас сум за.
Ве молам зборувајте ни повеќе колку ви е жал и ве боли душата за туѓо ембрионче. Волку не се грижите за родени, постоечки, напуштени деца, за дечињата кои просат по улица и на +50 и на -20, ама за ембрионче ви се пара душата. Зборувајте, се додека не ви поверуваме.
Баш оти знаеш како е да носиш во утроба, треба да разбереш, колку им е тешко на тие што се одлучуваат да абортираат. Значи. Ти ако останеш бремена, и не сакаш абортус, раѓај, ама не им кажувај на другите што треба да прават. Веќе имам пишано: Никогаш не сум абортирала, ама сакам да ја имам можноста да абортирам, доколку има потреба од тоа. Под 'потреба', подразбирам, мое лично, субјективно видување на работите.. Не твое, не на Петкана, не на Ристе... мое видување.
Пред да се поентира дека некој е убиец, или да се рече “ја тоа никогаш”, ние сите како жени треба да сме свесни дека апсолутно сите до една сме потенцијален кандидат за абортус во одредени околности. Не дека само млади девојчиња абортираат. Тетка моја, абортираше трето дете. Тетин ми, откако се затвори фирмата, се пропи и стана насилен. Сите пари одеа за алкохол, а не дека беа нешто многу финансиски моќни. Од добар и мирен се претвори во нечовек. Уште и ги памтам зборовите на тетка ми - “не можам со таков човек да имам уште едно дете.” Оти претходните 2 веќе ги трпеа неговите тортури. За неа финансиите немаше да играа улога, ако имаше стабилен човек покрај себе. Што не чека допрва во животот не можеме ниту да претпоставиме. Од аспект на насилство во домот не можам да зборам, ама од аспект на финансии да. Оти сум осетила како е да се пешачи до другиот крај на градот за да се купи стар леб од 10 денари, а исто знам и како е да се има екстра паричка во џеб. Во првиот случај никогаш не би се нафатила да родам. Ништо во животот не е сигурно, освен она што веќе поминало. Одлуките што ги носиме, ги носиме врз основа на моменталната ситуација во која се наоѓаме, како сме се нашле во таква ситуација и дали можеме да се носиме со истата, а не носиме одлуки врз претпоставки што би можело да биде.
"Да осетиш" е заебанција во споредба со научни факти. Сори, нат сори. Роди си ти и 40 ако можеш, твој избор. Не се мешај во туѓите избори.
Бластоциста, зигот... Ох, колку ли само инвитро ембриони никогаш немаат ни можност да се закачат за матка. Ама пошто "во епрувета" се, тоа нели, не е живот
И во матката. Не секоја оплодена јајце клетка, станува фетус, па бебе. Затоа нели, до 6та недела не се ни води како бременост официјално. Кузнај по колку имаме 'исфрлено'.
Тоа и јас сакав да кажам. Не само инвитро, туку и природно, за кои ни сами не сме свесни. Пола од жените имаат доживеано биохемиска без да се свесни за тоа. Се оплодуваат јајце клетката, не се закачила за матката, може ти закаснило, може и воопшто не. Биохемиска не го ни сметаат за спонтан, оти што ако се само оплодила кога не се закачила. Кога без таа матка тој зигот нема никогаш да преживее.
Стварно некогаш се срамам што сум жена кога читам вакви ступидни изговори... Џабе рипате 8ми Март, се борите за некакви прав, кога сами не си го почитувате телото. -"Заврши" без таа да сака- алоооо бре, како може ако јас не сакам да почне тој однос без заштита? -Попуштила заштита- трк до кај матичен, има апче, што чекаш ? -Не бил психички способен- е извинете ама за 1год не можеш да процениш ни човек дали може да ти биде пријател, а не па татко на твое дете . И да, ако ви се направи беља од абортусот, не барајте вина во лекарот. Тој не ве терал со сила. Сите ги кажуваат последиците. Жал ми е само за оние што изгубиле како што викате "фетус" не по своја воља и оние кои се борат за неплодност или го абортираат плодот затоа што во прашање е животот на мајка и бебе. За другиве ама ич не ми е...
Само психички нестабилна личност може да гледа на едно дете како "потсетник" на силување. Срам ми е што го прочитав ова од тебе. Секојдневно се посвојуваат деца (оставени во дом од различни причини меѓу кои и силување) Зар родителите кои ќе го посвојат треба да го гледаат како производ на силување? Или производ на нивната неможност да имаат свое дете и секој ден да ги потсетува дека биле неспособни да имаат свое биолошко? Оној што е способен да сака, ќе сака без изговор. @John Snow покасно ти го видов гифчето како коментар на постот на Петра777. Чоече одјеби