Мојата психа страда и од предизборниве кампањи... може треба да се бориме и пак правото на глас да ни се одземе, па нема да мора да се замараме и со такви глупости.
Тебе не ти е гајле за женското тело и психа. Да ти е гајле нема никогаш да сакаш да натераш жена да носи 9 месеци во себе нешто што не го сакала. После такво искуство очекуваш дека ќе биде психички здрава? И од религијата страда женското тело и психа, па никако од неа не се откажуваш... Нешто како да не ти е ич ама ич гајле за женската психа.
А какви треба да ни бидат "правата" според тебе за да ни биде здрава психата? И конечно дали сметаш дека треба една жена да има можност за абортус, да или не?
Па тој муабет се врти цело време, дека таа што не сака да носи бебе, веќе има пореметена психа. И оттука испаѓа она дека тие "пореметените" немаат право на избор, затоа што не можат правилно да расудуваат.
„Република Македонија е секуларна држава и многу ни е драго што беше спречено нивното влегување овде. Овде се носат световни закони, тие во своите храмови нека одлучуваат за небесните. Господ секогаш и бил најголем непријател на жената и нема право да се зборува за верски чувства при носење на овој закон.“ Нека трепка и поздрав до верските фанатици што се дрзнуваат да зборат во име на некаква нивна верзија на феминизам!
Ама смешно е, телото и' се повредувало, а кога тоа докажано е дека всушност породувањето е практично една од најопасните работи Ај ако не да не раѓаме, оти опасно?
По мене тие што малтретираат жени, посебно ако се блиски до нив, со религиозни догми и забрани кои за некое чудо само за жени се однесуваат, не се во состојба правилно да расудуваат. За неа може колку сака да си носи закони, да не абортира колку и како сака. Јас ако сакам ќе абортирам, ако сакам не. Нејзиното мислење ми е најмалку релевантно во животот
Ама оди докажи им дека тие се оние кои малтретираат. Не, тие го прават тоа за наше "добро". За "доброто" на сите жени. Пишав уште пред некој месец на истава тема, инквизиција да одлучува и вештерки да нѐ прогласат.
Нема што да ме прогласуваат. Нека се плашат слободно од мене "да не им направам магија". Со причина сите монотеистички религии се плашат од силни жени. Оти ако жената е силна им пропаѓа религијата Уште пострашно, замисли да не е мажот глава во куќата?
И треба да се срамиш. Од самата себе. Затоа што го деградираш женскиот род, при тоа и самата си жена. Многу иронично од тебе, за феминизам да зборуваш. Многу несоодветно употребени редови, оти ти се бориш нам да ни се оспорат правата, кои не ги повредуваат твоите права. Може. Ако те силува. Ако сака да те задржи и мисли дека бебе е начинот. И уште многу причини. Единствена заштита од несакана бременост, која делува 100% е апстиненција. Ниту апче за ден потоа не е гаранција. Ај сега трк до матичен. Едуцирај се. Па не си веројатно ти психички нестабилна, за да не можеш да процениш кој заслужува да биде татко на твоето дете, после долг временски период. Зборуваме за изградени личности, не за деца од 10 години. А, ако некој не проценил, не е страшно, токму затоа постои абортусот како избор на жената. Браво. Последиците од абортус не биле вина на лекарите, ами наша. Не не терале со сила. Ама со сила некој ако на секс не натера, исто ние сме виновни, затоа не смееме да абортираме и треба да си ги сносиме последиците-несакана бременост. И нам ни е жал. Знаеме да сочувствуваме. И токму поради тоа, сме за избор. Ама па ти си многу по емотивна од нас. Да жалеше толку, сега ќе имаше посвоено детенце или барем почната процедура за истото.
Е добро де, силувана ако е нека го роди па нека го даде во дом ако ја потсетува дека е силувана. Ама нема само детето да ја потсетува дека е силувана, секој ден ќе и се враќаат спомени на настанот, што правиме тогаш, да се самоубие? Детето не е виновно за тоа како настанало. Мајката е таа која го носи во себе и неговиот живот зависи од нејзе во секоја смисла, се храни преку неа, живее поради неа. И ако таа мајка (силувана) може да го роди тоа дете и да го остави во дом, нејзин избор, но детето ќе има право на живот. Ако го роди и реши да го задржи, тогаш е навистина и жена и мајка во секоја смисла. Затоа реков, треба да си способен да сакаш. Изгледа не го може тоа секој. А после ќе ми глумат дека поддржуваат посвојување. Е како така, а ако посвоеното дете те потсетува секој ден дека ти не можеш да имаш свое? Јас (без разлика на векот) безвременски се срамам што постои човек што не знае како настанува човекот и што свесно е подготвен да одлучува за животот создаден во него, играјќи на карта:мое тело, мој избор. Себични жени на кои пи*ката им е побитна од животот на идно невино дете (по ваше само еден обичен фетус): убаво ми е додека се сексам, ама ако забременам, јас ќе си одлучам дали да го убијам или ќе го оставам да живее. Зборуваме за здрав плод кој ние свесно одлучуваме да не му дадеме право да живее. Не зборуваме за комисиски утврдени аномалии на плодот и причини за несакани спонтани абортуси.
Не си за инвитро бидејки не сакаш да подлегнуваш на таков вид на интервенција или воопшто не го оправдуваш како чин, тоа не те разбрав.
@Lianna Anna а ти ја знаеш процедурата за посвојување? Дали имаш познат случај што сакал да посвои? Јас им ја оставам таа шанса на некои што немаат ни едно. Еве нека ти појасни малце @CameliaMiller . Доста само објаснува за вдомување на миленици.
1. Самото тоа што рамниш “оставање“ на генетски материјал и живо човечко суштество, прилично е грозничко. Да сум принудена да бирам, 10 ќе абортирам, ниту едно во дом нема да го оставам. 2. Точно, само што не збориме за деца, туку ембриони и фетуси. Суштинска разлика има. Но, секако ембрионот не влијае на начинот на зачнување. Исто како и ембрионите 6 што се оплодуваат при инвитро, а голем дел после се уништуваат. Исто како и плодовите на инцест на пример. 3. Може да абортирам оти нејќам да бидам мајка. 4. Нема врска примеров ни хипотетички кажано. Како што има многу жени кои имаат и биолошки и посвоени, па може имплицираш оти помалку ги сакаат посвоените.
Зошто јас? Да не помисли оти социјален работник сум? Не знам која е процедурата. Ама сум видела соба полна бебиња во дом. Кои не плачат. Чудно, нели, бебиња да не плачат? Затоа, ни едно нема да дадам во дом, сѐ друго ми е поприфатливо.
За другото, нема што да кажеш. Не. Немаш право на избор. Треба да посвоиш. Има куп деца. Доволно и за тие што немаат свое. Греота се. Условите им се никакви. Многумина од нив остануваат никогаш не посвоени. Затоа помогни. Нема смисла. Се залагаш за ограничени женски права и нивно безусловно раѓање. Биди така и бори се до крај, со посвојување.
Значи тие што не родиле не се жени? Тие што не можеле да родат па посвоиле не се мајки? Па фетус е сѐ додека мора да биде во матката за да преживее. Што би бил инаку? А ако не ти било убаво и ако не си го сакала сексот? А и да ти било убаво. Ти строго за забременување си имала секс? Сто пати го поставив прашањето и ни еднаш не го одговоривте. Зошто немате секс само за забременување? Зошто не ја користите секоја шанса да останете трудни? Зошто дозволувате да ви припаѓа генетски материјал ако сте толку многу поврзани со ставот "тоа можеше да биде дете". И секоја јајце клетка можела да биде дете. И секој сперматозоид. Некои не се.
А и сите шкрипат кај едно многу просто прашање. Две згради горат. Во едната има едно 2 годишно дете, во другата има 10 ембриони. Каде ќе влезат да спасуваат прво?
Луѓе толку 'племенити' како тебе, и десет свои да имаат едно ќе посвојат. Така да, не се вади на картата - нека посвојуваат тие што немаат...
Тоа башка. Дури познавам луѓе што би го оставиле детето да изгори за да ги спасат ембрионите. Ах, уште нешто, ако овој живот е да се мачиме за по второто Христово доаѓање да живееме без маки, ич не треба да се грижат за фетусите кои ги нарекуваат "деца". Ако е така како што викаат, тие секако биле праведни, ќе си живеат после без маки и без болка, а мајките нивни ќе си платат за гревот што го направиле. Уствари, види, услуга им прават со тоа што ги абортирале, ги поштедиле од пеколов на земјата. Религија нема да дозволам да ми се меша во телото, па последно да е. Дали ќе имам секс пред брак или не, дали ќе абортирам или не, дали ќе користам заштита или не (цркавата забранува и заштита), дали ќе вежбам јога, можат поповите за себе да си одлучуваат. Оти сите светци, ама некако само кога се работи за други.