Многу себично. Зошто тогаш не користиш заштита бидејќи знаеш како се зачнува? Или апстинирај, самозадоволувај се и сл. Тоа можеби ти имплицираш, не ми подметнувај зборови. Зборував за детето како потсетник за некој настан, па споредив: силување/неможност да зачне како можен "потсетник" Обожавате да подметнувате зборови и да толкувате кој што сакал да каже. Убаво напишав што сакав, а никаде не го напишав тоа дека тие што не родиле не се мајки односно жени, не ми вади зборови, зборував за конкретна околност. Живот! Додека ти чука срцето си жив. Е тоа е тоа, сексуална едукација. .
А кога го извадат фетусот од телото на мајката може да е жив? Да, тоа е, сексуална едукација. Нешто што исто од дното на душата го мразите, а е единствен начин да се намали бројот на абортуси. Само тоа, ни забрани ни ништо друго.
Ќе раѓам додека сакам и можам. Еве тој што нема, сигурно таму ќе отиде да посвои. Сме разговарале и на оваа тема со маж ми пред да забременам, ако не би можеле, што понатаму? Одговорот беше взаемен. Да сте деца оставени па да разберам што скокате. Ама еве пишав имам два примера, прекрасни луѓе се, уште попрекрасни родители. А и тие домови не се измислени од што некој сакал. Баш заради тоа да се спречи убиствот на деца. @CameliaMiller поише сакаш животни него деца. Шта реч... А баш фино мислење имав вака за тебе оддамна. Па нели си правник, просветли не. И не знам што не е јасно. Јас не наметнав нити па сакам за да убедам некоја да не абортира. Само си го кажав мојот став.Што толку ви пара срце, ја стварно не знам. Кога ќе научите да почитувате туѓи определби и ставови-тогаш ќе одговарам. И да, колку грама мозок треба да има за да каже дека Бог е најголемиот непријател на жената? Ало бееее! ДНО!
Себично? Не би рекла. Како заклучи дека не користам заштита, кога на темава, откако сум зачленета, упорно зборувам и објаснувам дека секс имам исклучиво со заштита минативе 10+ години, оти не сакам да се доведам во ситуација да треба да абортирам? Аха, потсетник, оти исто трауматично е да те силуваат и да имаш проблеми со плодност. Не, не ти е на место споредбата. Како што не е иста и не може да биде иста болката на мајката која имала спонтан во 8ма недела, и онаа чие дете умрело на 8 години.
Сексуална едукација ќе ги намали причините за абортус и можеби ќе им ги отвори очите на оние што се сексаат без да се запознаени со последиците кои треба да ги прифатат. не знам од кај ти е идејата дека сме против сексуална едукација. Од тука и немањето одговор на твоето прво прашање. Што сакаше всушност да прашаш? Нешто во смисла ако те убијат може да си жив?
А ти па од кај знаеш кој колку и како сакам? И не, домовите не се измислени за да не се абортира. Туку оти секогаш постоеле родени деца исфрлени на улица. Ах, секако. Имај си став. Не ми се мешај во моите органи.
Ако жена што има право на избор е убиец, тогаш, што си ти, о лицемерие, кое се вадиш на милион изговори за да не посвоиш деца? Посвојувањето не е само за тие што не можат да имаат свое. За да го спречиш нивниот можен, несоодветен живот, оти секогаш има шанси да не бидат посвоени, стварно не знам, што уште чекаш.
Не, туку дали без инкубатор и без кокошка можеш да развиеш пиле од јајце. Тука некаде, околу 1200-1300, плус- минус.
Твојата проценка не е факт. А и во суштина, не гледам проблем и да е така. И да не сакам деца, не е страшно, оти немам. Страшно е да имам и да не ги сакам
Горат две згради. У едната седи дете на твојата пријателка, а во другата твојот сакан пес. Кој ќе спасиш? Десет пати го пиша прашањето откако си на форумов. Досадно е, смисли ново ај.
Патем, дали закон кој ја ограничува машката репродуктивна слобода би бил прифатлив за мажи? Прочитајте повеќе на линкот https://www.cnn.com/2019/03/12/us/georgia-testicular-bill-of-rights-trnd/index.html
@Abeja Значи ти подржуваш дури и дете плод на силување да биде родено и по можност чувано од мајка си, ако веќе ептен не може, да го даде у дом. Како сака нека е, само жената нека си ја оствари примарната цел по религиски и општествени догми - а тоа е да биде репродуктивна машина. Фино. 1924.
Ме интересира, сите што сте против абортусот, дали знаете зошто закачалката е симбол на движењето "за избор"? Да, истата таа закачалка на која чувате облека во плакарот дома...
Таму јас каде што те цитирав, муабетот не беше за неедуцирани што сепак имаат секс, туку за силување. Ти рече дека не сфаќаш како детето од силување може силуваната жена да ја потсеќа на чинот. Фетус зачнат од силување е колатерална штета на злодело (сеа ми текна на една хардкор верничка што овде порано велеше дека е благослов од Бог, требало да се благодарни тие жени ). Ако мајката реши да го роди, па уште и цел живот безусловно го сака и покрај тоа како е создадено - тоа е натчовечки и херојски потег, за поздравување. Но и да го абортира е сосема нормална одлука. Само целосно бесчувствителни луѓе можат таква жена да осудат во било која варијанта.
Не сте слушнале како 12 годишно дете "згрижено" во 11-ти Октомври моли да го земат и раскажува за грозотиите што им ги прават и што ги тераат да си ги прават меѓу нив, секојдневно. И не се тие детски измислици, не е "ми го зеде бонбончето". Тоа се одвратни болни работи што му текнуваат само на изопачен мозок. Дете од 12 години да посакува да умре, само да не се врати таму пак. Зборете ми за шанса за живот. Ќе посвоеле, ама давале шанса на друг, или се чекало многу, бил долг процес. Бедни изговори. Единствени што веруваат во тоа, сте вие самите. И исто така храбра.