Значи жена ако е силувана и ако не сака дете кое пола генетски материјал го носи од rapist не е најмајка и е себична. Нема врска што е жртва на неконсензуален секс, на кривично дело, на нешто најстрашно, битно е дека има плод во неа и мора да го сака без обзир на се. Батали траума, батали менување на живот од корен без согласност, битно гледај си го детето за да не бидеш себична и 'оти така требало да биде'. ... ..... ....... .......... Без текст сум.
Еве сите ставете се во кожа на децата без родители или со некоја аномалија (психичка или физичка). Јас да сум на тоа место попрво би посакала да бидам абортирана, одколку цел живот да се мачам и да немам нормален живот. Малку ја имаат таа среќа да се посвоени и да имаат среќен живот, исто како да си играш руски рулет со животот на детето. Кои сте вие да одлучите дека тоа дете треба да биде родено без разлика што ќе го оставите? Зошто го осудувате да нема нормален живот покрај родители?
Да не поарно некоја до роди и да го фрли во контејнер случајно? Да го роди со тешка аномалија па да се упропастат неколку животи покрај неговиот? Да го роди и во дом да го даде па ако има среќа нека биде посвоено, ако не, живот јбг, таква му била судбината? Колку деца имате посвоено, згрижено, прибрано од улица дома?
Грешиш. Треба да ме прашаш ако песот е во една, а ембриони 20000000 во друга Не те прашав јас што ќе направиш ако во едната е првото, а во втората другото твое дете. Малце размисли. Ама не ти чини сопствениот одговор
Токму така, јас еднаш кажав и пак ќе повторам. Сите овие со "подобро дај го во дом"-изјави, нека земаат да ја прочитаат "Судбоносна одлука" од Елизабета Арсова. Издание на Матица од 2001, ако некоја навистина е заинтересирана да прочита колку само е "прекрасен" животот на децата низ домовите и со што сè се осудени да се соочат во текот на периодот кој би требало нели по некоја аналогија да им биде најбезгрижен. Прилагодена е и за млада читачка публика, за нив е и наменета. Две приказни на две оставени девојчиња, го следи нивниот животен пат во младоста. Претажно и морничаво, според вистински настан ако не се лажам. Никогаш, ама никогаш не би сакала да се најдам во таква ситуација. Кој имал прилика да посети некој ваков дом за сирачиња, знае. Не е лесен абортусот и не сум истиот да се користи како контрацепција иако го поддржувам сечиј избор и никогаш не би се осудила да вперам прст во жена која абортитала и да ја наречам убиец, или кои и да се тие некакви си бедни изрази. Уште пострашно ми е мене да знам дека некаде моја крв, мој потомок би бил буквално осуден на милост и немилост. Ја немаат сите таа среќа да бидат посвоени од некого, верувајте.
Тоа е најтрагичното. Што стварно не се свесни што значи новороденче во дом. Немаат ни најмалку претстава.
Јес да не е ова темава ама чим се спомна... Чим толку лошо се условите во домови, зошто не го олеснат посвојувањето!?
https://alfa.mk/19-годишна-девојка-си-го-фрлила-бебето-в/ https://sitel.com.mk/uzhas-mlada-zhena-se-porodila-i-bebeto-go-frlila-vo-reka https://kajgana.com/studentka-od-skopje-se-porodila-na-ekskurzija-i-bebeto-go-frlila-vo-kanta ова погоре може со абортус да се рамни?
Оти е ова Македонија, ама баш ништо не е како што треба. Во развиени земји парови чекаат да се породи жената за да го земат бебето, кај нас до скоро не беше дозволено посвојување на бебиња под 12 месеци. Што е ужасно. На новороденчињата посебно најмногу им е потребна грижа и личност со која ќе се поврзат. Мила Царовска се прпелка во сите глупости на нашите закони, малку, малку пркна иницијативата за "фостер" семејства, па има надеж.
На крајот на денот никој, ама баш Н И К О Ј нема да ве праша за мислење дали да абортира или да го роди детето. Пред себе гледајте, манете се од мешање во туѓи одлуки.
Затоа прашав дали знаат зошто закачалката е избрана за симбол на движењето за избор, ама изгледа не знаат. Веројатно би порадо еден ден ќерката да им абортира со закачалка во соба додека гледаат тие тв во дневна, или со варакина, наместо да ја фатат за рака и да ја однесат да абортира ако така сака. Не викајте "на моја ќерка тоа никогаш нема да и се случи", не знаете, никогаш не викајте "никогаш".
Прво.. поарно да ја воспитам да се заштити. АКо веќе дошло до момент да мора да абортира, поарно јас да и помогнам и пружам рака него после и јас без дете да останам.
Нормално. Ама како ќе воспиташ дете да се заштити ако го учиш дека не смее да има секс пред брак? Мислиш ќе те слуша? Да, да... Сигурно... Образованието на детето почнува од дома, без разлика дали е читање, математика или сексуално образование. Ама сега збориме, дека има милиони ситуации. И контрацепција ќе потфрли, и мое дете може да биде силувано. Зарем да ја натерам да го роди ако не сака? Или да ја ставам на ризик, да абортира сама по дома или по подруми со другарка, затоа што и било страв да ми каже дека е трудна, или дека воопшто имала односи, а не е во брак?
Не можеш, и не треба. Па 21 век сме мислам... негов живот, негов избор. Јас може да укажам на мерки и последици. Па ваљда ко разумно суштество ќе сфати што е подобро.
Достоинството и телото на жената вредат колку едно кожиче (хименот), а ембрион се рамни со човек. Зборувајте ми пак за женски права и дека Господ не бил навистина непријател на жената.
Ама чекај, која си ти да одлучиш дека дете со утврдени аномалии треба да биде убиено? И кои аномалии се доволно страшни за да бидат причина за абортус а кои не? Значи здравото дете треба да живее, ама болното не. Пред Господ сите деца се исти или грешка сум?
А,зошто да се мисли само на негативните страни на посвојувањето? Да,немаат сите деца среќа да бидат посвоени од луѓе кои се добри.Да,некои остануваат сами. Да,некои поминуваат низ пекол.Но,некои се извлекуваат,а некои потполно сами успеваат да се изградат во успешни личности.
Токму така. Толку многу парови кои со години чекаат на посвојување веднаш би посвоиле несакано новороденче. Државата е виновна што ги комплицира постапките и што домовите се ужасни. Препорачувам и да го погледнете филмот "Грбавица" кој го опишува односот помеѓу мајка и ќерка која е плод на силување во војната во БиХ,вистинска приказна. Совршено прикажана пожртвуваноста ,љубовта и односот помеѓу Есма и Сара ќерката плод на војно силување. Правото на живот е стварно неприкосновено и децата не се виновни поради начинот на кој настанале. Тоа право на живот го имаат и неродените бебиња. И поради тоа сум против абортусот.