Оти ти на тие "некои" гледаш како на "некоја бројка" а притоа млатиш слама за ембриони кои немаат свест, ниту осет за болка. Епа секој "некој" во дом е живо човечко суштество, со свест, осет за болка, потреба од физичка и психичка заштита. Еден жив човек, едно живо бебе вреди повеќе од безброј ембриони.
Косми... но дали си против и при инцест? Ќе претпоставам - да. А како ембрионот зачнат од инцест се разликува од ембрион зачнат било како поинаку?
Би сакал ли еден ден твојата ќерка да абортира со варакина дома затоа што не си и дозволила да абортира безбедно во клиника? Никој не е за абортусот, само сме за безбедни можности за тие што се одлучиле да абортираат.
А кој рече дека детето е виновно? Ама не секоја жена може психички да се носи со тоа. Еве уште додека е бремена поради силување, во најлош случај да се самоубие ако не може да абортира зошто некој паметен забранил. Дали ако на ваша ќерка ѝ се случи, би избрале да абортира или да ја изгубите и неа заедно со тој плод? Не би сакала да помислам дека некој е за второто.
Апсолутно се сложувам. Не дека би покажала со прст ако некоја е силувана и абортирала, но сигурно би рекла секоја чест на таа што одлучила да го чува и израсне детето без разлика што по тој пат е начнато. Тоа е жена што во вистински смисол се бори. Не дека и е лесно на таа што абортира, но ако ставиме на вага за кое треба повеќе храброст!? Јас по секоја цена би родила. Камо да имам услови, не само што ќе родам повеќе туку и ќе посвојам. Но овде во мк попрво би рекле дека собирам деца за органи неголи дека сакам што повеќе да спасам... Јер менталитетот ни е со крстот на чело а прстот во другиот.
А што е пострашно според тебе, несакана бременост да резултира со оставање на детето у дом на милост и немилост и бог знае кога и дали ќе биде посвоено или абортус од друга страна?
А замисли се, имаш ќерка од 15 години која е силувана и затруднува, психички е уништена, не јаде, не спие, плаче нон-стоп, сака да абортира, ама ти ѝ велиш да не биде убиец и фино лепо да си ја износи бременоста до крај и да го даде детето на посвојување. Уште полош е и фактот што е малолетна, не може да абортира без твоја согласност. А за жал ваквите случаи се реални. Некаде дури законот не дозволува силувано ДЕВОЈЧЕ, не возрасна жена, да абортира. Не би сакала да одам понатаму и да зборам какви можат да бидат последиците за неа. Па како што прашав погоре. Би избрала да абортира таа, или да ја изгубиш и неа заедно со плодот? И ова зборам за младо девојче... И не. Не е поголема жена таа што родила.
И да е абортусот смрт, а за мене не е, не можеш да споредуваш фетус со отфрлено дете оставено само у дом. Мислам да не се лажеме, ако беше така едноставно сите ќе имавме посвоено по 2,3 деца а не парови да се борат до свои 50ти год да добијат потомство. Не сме ние сеуште на тоа ниво за жал
А што со оние (повеќето) кои не просперираат? Како нивното измачување е помалку страшно? Језа ме фаќа луѓе од вас. Вашата рамнодушност према живи битија.
Со нив ништо. Ок си е, немале среќа. Поарно да ги изгладнуваат, тепаат, силуваат, машки, женски, небитно, отколку да ги абортирале. Ова другово барем не е убиство. Лицемерие.
Јас сум посвоена. И искрено посакувам биолошката мајка да ме абортирала одколку што ме оставила,како што ме оставила. Таа мисла дека сум напуштена и несакана,е многу силна и ме прати еве цел живот,речиси 50 г. Тоа е мое лично мислење. Во личните причини на биолошката ми мајка не навлегувам,зборувам само за фактот да бидам присутна на светов или не,за абортусот како чин. И сега сум за тоа жената сама да одлучи што ќе прави со плодот. Ништо не оправдувам,ни религија,ни човечки вредности,ни морал ама баш ништо што би ја премислила жената во одлуката за абортус.
Нема врска ова. Јас не познавам никој што вака гледа и осудува луѓе кои посвојуваат, освен ако евентуално се работи за геј пар.
Имаш среќа Спецка што не познаваш такви изроди. Од коментари "ако сакаш трето роди си, ќе собираш од улица" до "од кај да знам каква го родила" свашта сум чула. А не оти па посвојувачите се секогаш цвеќиња, скоро едни одбија дете, оти Ромче било. На нив на пример, втора шанса не би им дала. Оти не бираат кученце од легло, ами дете.
Никогаш не би гледала какво е. Јас сакам дете. Не раса. Не класа. Би испитала се ОТКАКО би го посвоила чисто за да знам да не треба да внимавам на нешто.. Ама ко што рече ти, во животот секакви ќе сретнеш, а највеќе има светци кои мислат се знаат и се хранат со прстот во другите. Жално.
Има секакви, има и што само ги згрижуваат за пари, има што пребираат, има што ги сакаат со цело свое срце. Ама па јас ако решам да посвојувам, ме заболе шо ќе речат другите. Тоа е одлука моја и на маж ми, а другите мислењето можат да си го задржат за себе.
А зошто таквите муабети да бидат изговор да не се посвојува? Ако јас навистина сакам да посвојам, ич нема да ми е грижа кој што кажал или ќе каже. Ако сакам и 10 ќе посвојам.
Исто размислувам. Камо среќа да имам можност во животов да посвојам. Не ме интересира ништо, дете е дете.
Не е изговор, таман работа да е. Јас ако подлежам на такви мислења воопшто не ни треба да ми дозволат да посвојам јер автоматски сум лабилна личност. Само кажав како функционира светот околу нас, а не дека ми е битен.