Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.607 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.987
    Секако, но само и' кажав на Специ дека луѓето кај нас и не гледаат баш благонаклоно кон посвојувањето, посебно ако веќе имаш биолошки свои, оти нели, освен стерилитет, друга причина за посвојување "не може" да постои :)

    Ограничено, тупо и бездушно општество сме.
    Затоа и овие одбија да го посвојат Ромчето.
    Исто како што многу посвојувачи бараат одредени работи, баш како кученце, а не дете да вдомуваат.

    Од пол, до националност, до таму што деца со благи инвалидитети одбиваат.

    Јас ете не можам да разберам.
     
    На Annath, Oxymoron, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ова повеќе се предрасуди кон дечињата за посвојување и нивното потекло, јас мислев за посвојувачите дека нема споредба муабетите за нив со осудата кон жени што абортираат... Како и да е, и нови видови нискост од луѓе не би ме зачудиле, не негирам. Но да, не би требало да бидат озбилен фактор таквите мислења за некој што сака да посвои.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, што се 100 стапа по туѓ грб?

    Упорно верглате дека абортусот е убиство а оставањето во дом е идеално решение. Ниту сте ја почувствувале болката која ја имаат децата кои не живеат, ами преживуваат во домовите, ниту пак сте ги виделе суровите услови во кои овие деца растат. Да не го заборавиме и психолошкиот момент кога детето ке стане човек и ке се запраша - зошто мајка ми ме оставила на милост и немилост?

    Сериозно, сте биле некогаш во дом за деца без родители?
     
    Последна измена: 13 март 2019
    На Lella, candy.cane, duffi и 18 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Не сум била и не би можела да отидам. Никогаш.
    Слабост најголема. Нема од кревет да станам потоа.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.987
    Баш објаснував пред некое време... девер ми и јатрва ми сакаа да посвојат едно дете, не бебе, кое ете беше жртва на семејно насилство. Значи не рандом дете, го познаваа, и од социјално им дозволија одредено време да биде кај нив.

    Но напаѓачот не се откажа од старателството и пошто од притвор го пуштија почна да им доаѓа дома и да се обидува да го земе, од социјално го згрижија на за напаѓачот непозната локација.

    Од една страна не можеа они да го посвојат пошто не е одземено старателството и тоа е (за жал) процес кој не трае кратко, од друга страна напаѓачот стана опасност и за детето, но и за останатите во куќата. Секако, и за тоа го чека судење... го чека.

    И знаеш што сепак беше најтрагично?
    Знаеме дека родителот е нездрав.
    Но тетка на деверот му се сврте и му рече: ако сакате уште едно родете си, што ќе ви е тоа ни дома што не го сакаат?

    Е, оваа, каква е? Здрава ли е? Не е важно да се помогне на живо и невино суштество, што животот го млати од раѓање, тоа е отпадок кој никој не го сака.

    Мене ме згрози.
    И да, тетката ја одбегнувам во широк лак.
     
    На ivi1987, Lella, candy.cane и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Да, ама ти велиш ке го родам и ке го чувам, по секоја цена. Дел од членките тврдат дека идеално решение е да родиш дете и да го оставиш во дом.

    Видете, реален живот е ова, не е онаа старата - роди ме мајко со среќа па фрли ме на буниште.
     
    На ane.bella, candy.cane, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Peaceful Warior

    Peaceful Warior Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    85
    Абортусот не е убиство, секоја си има право на избор дали ке сака да го роди детето или не...

    Не знам зошто комплицирате со темата кога многу е едноставен одговорот...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Браво за луѓето што така размислуваат...
    А искрено не ни очекував ти друкше да мислиш :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Да имавме домови ко што треба можеби би функционирало тоа второто... АМА ДА ИМАВМЕ .. А немаме..
     
    На Annora и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    88.644
    Пол:
    Женски
    Не ,не е идеално решение.
    Но не го менува фактот дека абортусот е убиство,недозволување да продолжи живот кој има срце кое веќе чука и може да се чуе и точно детерминиран генетски код кој ќе го има до крај животот.
    За мене неприфатливо.
    Точно ,многу од оставените во домовите имаат тажни и мачни судбини,но добиле право на живот привилегија која ти дава да се бориш,за разлика од оние кои поради најразлични причини на потенцијалната мајка не го здогледале светлото на денот.
    Дали е подобро смрт отколку живот,не би рекла.
     
    На Petra777, Abeja и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И вирусите имаат генетски код.
     
    На Lella, WildMk, Oxymoron и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ние немаме ни асално здравство а не пак нешто што не е ничиј приоритет...

    Во моја глава, дефиниција за убиство е прекинување на живот на човек кој функционира сам, независно од телото на мајката. Фетусот во 6та недела е целосно зависен од мајката и со тоа не е човек ами фетус.

    Еве и тебе ке те прашам, во која научна литература фетусот е дефиниран како човек?

    Добиле право на живот во дом? Каде условите се мизерни и не ги посакувам никому? Каде дете кое е оставено само секој ден се прашува зошто мајка му не го сакала? Се прашува дали е плод на силување? Дали е вишок? Дали направило нешто погрешно да расте само во најсуровите услови?

    Би се согласила дека абортус во 7ми месец, кога веќе фетусот може сам да преживее, е убиство, ама примеров веќе е еднаков на лудило, затоа и не го дискутираме.
     
    На ivi1987, Annath, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Тешка е процедурата за посвојување, ама затоа знаеме каква афера излезе околу деца што се украдени од болница...е и ваквите после го донесоа тој закон за абортус, кога ќе видиш па се си има некоја логика...
    Иначе го памтите случајот за девојчето (или пак повеќе беа, не се сеќавам баш) кое беше повеќекратно силувано, продавано и препродавано? Е тоа се случува по домови, а и после полнолетство се тие оставени сами на себе...
    Само едно ќе кажам, не дај боже да осетите ситуација да дадете дете во дом или несакана бременост, многу нешта не можеш да ги знаеш ако не ги осетиш на своја кожа.
     
    На candy.cane, WildMk, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    88.644
    Пол:
    Женски
    Верувам дека нема да се случи такво нешто бидејки вложуваме труд во воспитување,меѓусебна доверба и градење вредности.
    Ако не сме за абортус,не сме.Го цениме животот.Не ми е удобно да го подржам абортусот кој на некоја може да и е и 13 само затоа што не и се вклопува во schedule.
    А сметам и дека проблемот со зголемениот број на абортуси ќе го реши само односот кон сексуалноста,никакви забрани, ни легализации или едукации како флоскула.
    Ти кажав и вчера.
    Абортусот ми е неприфатлив како чин.Но од друга страна и ги разбирам и човечките причини за одлука(колку и да се легитимни или пак себични)
    А сепак не можам да го прифатам како слободен избор,бидејки таквото легализирање ми претставува контрацепција.
    Не ми е доволен аргумент мајката зема 10000 ден плата и подобро да го абортирала.Не можам да го прифатам тоа.
    Доколку се забрани абортус што би се случило.
    Би се родиле многу несакани деца кои би се дале во домови ,а во функционални држави веднаш на посвојување.
    И каде е тука проблемот?
    Проблемот е што тогаш тие "несреќни" родители ќе се дефинираат сами себе како човечки шљам кој се откажува од сопствени деца,а во случај на абортус ќе си ја забијат главата во песок убедувајќи се себе кажувајќи " тоа не ни беше дете"
    И најбитното, се абортира не заради тоа што се носи фетус,туку заради тоа што ќе биде човек и кој ке носи обврски.
    Се надевам се разбираме.
     
    На Selest, Abeja и nextredstyle им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Никогаш не викај никогаш.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    После темава јас дефинитивно потпишувам со 3 раце за абортус кај други (не кај себе). За тие што 'малку заработуваат' и платата не им е доволна за по ресторани раат да абортираат место да раѓаат деца кои и те како нема да ги изгледаат.
    Жив пример е темава за тоа.
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    88.644
    Пол:
    Женски
    Не викам,две ги имам,но ќе добијат подршка што и да се случи.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Бејб. Го знаеш моето мислење повеќе од било кој овде. Пред се знаеш колку сум за децата..
    Што и да направи и на 16 и на 17 и на 20 јас ќе сум зад неа (без разлика ќерка или на син девојката ). Сака да раѓа јас да го гледам ок. Сака да абортира пак ок. Се осеќам способна да им помогнам на моите деца што и да одлучат, а да не затуцаат од 16 со готвење и чување деца.

    Не значи тоа дека јас ќе ги воспитувам да не се чуваат. Само ќе им дадам слобода се да ми кажат и да знаат дека сум тука секогаш за нив.
     
    На christinnn и Cosmi им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    За тоа одлучуваат комисии, конзилиуми, каде реков дека јас одлучувам, те молам посочи ми? Не сум компетентна да дадам одговор кои аномалии оправдуваат абортус, освен како повеќето да прогуглам и да копирам.

    Од каде сте толку сигурни дека абортусот е побезбеден од тоа да роди? Како ќе се изгубат и ќерката и детето ако роди а ако абортира само детето?
    Мислите ако абортира нема психички да заболи? Освен силувањето, ќе се обвинува себеси и за убиство на невино дете(колатерална штета ко што го нарече someonespecial (facepalm)) Или мислите ако абортира магично ќе исчезне се.

    А кој рече дека поголема жена е таа што родила. Кого го негираш? Или онака, од навика си повторувате.

    Темава е за абортус. Не е за силување, не е ниту за условите во домовите за сираци.
     
    На Selest и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Мене ме негира зошто реков дека поголема жена е таа што родила дете а била силувана.
    Чисто за провокација го прај тоа. Игнорирај.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.