Дали под поддршка се подразбира и поддршка за абортус ако решат да абортираат? Од ова поголема поддршка и не можеш да дадеш на едно дете. Мислам дека најголем успех на еден родител е детето да му верува доволно за да му се обрати и кога направило грешка во животот, без разлика каква и да е и да знае дека ќе добие само помош од другата страна.
Најверојатно.Љубовта кон детето е поголема од моите ставови. А и веќе реков дека сум за слобода на избор ,а против абортус колку и да е контрадикторно.
Штом си отишла на комисија значи абортусот е опција. Со сила никој не може да те натера да абортираш. Комисија може да ти каже дека е ризично да го задржиш, може да каже дека тоа дете ке има таков и таков дефект, може да процени колку време ке живее детето, ама факт е дека ти размислуваш да го абортираш и со тоа не му даваш шанса да живее. Пример, ако комисија ти дозволи да абортираш дете кое најверојатно има Даунов синдром, што ке одлучиш ти?
Како се осмелувате бе вакви ствари да пишувате, со која храброст ? Над братучетка ми пред некој месец имаше обид за силување и обид за убиство. Да имаше последица обидот за силување, да резултираше со дете, на што ќе беше потсетник истото ? На плод од љубов, на нешто убаво ? Секако дека не. Секојдневно повторување на епизодата од тоа како е зачнато. Мене ми се мачи од самата помисла а замисли на онаа што треба да го носи. Замислете само. Многу е лесно да се пишува од страна, и да изигравате поштењаци, малце осет да имате не би било на одмет, сепак ова е форум кој го чита пошироката јавност, меѓу кои сигурно има и жени кои претрпеле една таква траума. Малце им биле осудите што се нашле во една таква ситуација, си го барала, па уште да се осеќаат криви што не донеле на свет дете - плод на силување. Гоните се.
И оние од рекламата против абортус пред неколку години, место илјадарка во кафана за една вечер (оти нели на сите што зборат за неподготвеност за деца проблемите у животот им се на тоа ниво) одлучија да ги даваат истите пари за пелени и кашички. First world problems, ахам... баш така е.
Ахам, значи твоето дете ќе го поддржиш ако сака да абортира, затоа што е твое и боли, ама друга жена ако сака да абортира - строго против, оти за туѓо не боли.
Познавам личност на која и правеа амниоцинтеза, комисии и велеа дека е ризично и за неа и за детето ако ја продолжи бременоста, и рекоа за можност од даунов синдром. Но мајката беше упорна и го роди. Детето живо здраво, ништо не му фали. Наполни 3 или 4 години. Ќе го родеше по секоја цена. И јас би родила, освен ако да не даде Господ на никој, дефектот е потврден, видлив и дефинитивен, а не само претпоставка. Тоа е случај ако детето може да се роди мртво или би живеело како растение. Во таков случај поддржувам избор на мајката. Но намерно ги водите работите во друг правец. На страна силување, мизерни домови и сл. Дали би поддржале некоја да абортира зашто немала пари да го чува или ако треба да го заврши факултетот и сличен изговор?
Не. Јас сум против абортус како чин,бидејќи го сметам за чин кој спречува живот.Но што ќе одлучи друга жена е нејзино, не мое,не се мешам во туѓ избор. За моето ме боли и ке му бидам подршка што и да одлучи,бидејки љубовта е поголема од моите ставови и принципи.
Уф, да, ја знам рекламата. Само на делот со кафаната не ми текнуваше. Заборавиле на поголемиот број луѓе кои не одат по кафани секој ден. Тие изгледа треба да си скратат од леб, млеко и тоалетна.
Не се изговори, валидни аргументи се. Не мора секогаш да има трагична позадинска приказна. Нејќе да чува дете у тпј момент од животот, има други приоритети и тоа е тоа. Скроз океј.
Добро, еве да речеме, со сигурност од 99%, потврдено ти е дека детето ке има Даунов синдром. Дали твоја одлука би била да го родиш тоа дете а со сигурност знаеш дека тоа дете нема да води живот како сите останати деца? Да не должам, знаеме сите како функционираат децата со Даунов синдром. Примерот конкретно ми е за Даун, ама да нагласам дека прашањево ми се однесува на сите останати синдроми каде детето не живее како билка ама сепак не е целосно здраво. Не знам дали можеш да согледаш дека си бесчувствителна. Одговори ми, дали пред Господ Бог сите деца се еднакви? Дали Господ вели дека е во ред да абортираш дете кое има одредена аномалија? Имам пишано неколку страни наназад, секоја жена има право и треба да абортира доколку смета дека треба. Небитно која е причината - не е спремна психички, не е спремна финансиски, одбира кариера а не мајчинство, премногу е млада итн. Еве јас лично би абортирала доколку немам финансии за да му го пружам најдоброто на детето. Би абортирала и при прва бременост ама би абортирала и доколку веќе имам две а сметам дека немам пари за трето.
А да се користи контрацепција наместо да се елиминира затоа што во моментот не се вклопува во распоредот, не е попаметна опција ? @Rebecca_R @lovestoneddd ?
Само целосна апстиненција е 100% превенција за бременост. Кондом може да пукне, пилула да не си ја заврши работата, спирала да се измести.
Не Абеја, не зборев за раѓање, зборев за самоубиство (не дај Боже) или да си направи себеси некоја штета во обид да абортира, на пример на своја рака да земе некое апче. И ако ова се случи, ти ниту малку ли нема да се обвинуваш себеси што си го избрала ембрионот пред своето сопствено дете? Таа психички уништена и тоа сe' уште самата дете, зошто во примерот ти наведов за 15 годишно девојче, ама ти за ембрион повеќе ќе се грижиш, наместо за нејзината психа.
Кондом 98% Пилула 99,7% Спирала 99,8 % Како е возможно абортус да биде опција при постоење на контрацепција која има виосок процент на заштита? А сепак имаме голем број абортуси? Што говори тоа ? Дека абортусот е прв избор за контрацепција.
Го зборевме наназад ова Косми, еве и Ребека испод мене пишала, да не се повторуваме. Се работи на големо веќе и допрва ќе има проекти за сексуална едукација на младите,проекти кои веќе наидуваат на отпор. Има многу неедуцирани луѓе, кои стапуваат во однос без да ги знаат последиците, и форумот ти е доказ за ова. Целата поента е што со донесувањето на законов, нема да започне постоењето на абортуси од моментот на потпишувањето на истиот, ниту пак ќе се зголемат абортусите процентуално. Постоеле одсекогаш, порано било со дерење на живо, денес на црно ама пак не во соодветни услови и раце. Со законов само ќе се овозможи нешто што веќе постои, да се прави на побезбеден начин, во професионални услови и ќе биде поткрепено со документација. И не гледам еден единствен разлог зошто би ви пречело тоа. Ниту еден.
Проблемот е во тоа што не постои начин да ме натераш да родам дете што не сакам да го родам. Настрана што не е нормално да ми се меша кој било во одлуката. Ако сакам да абортирам ќе абортирам, легално или не. Разликата е во тоа што ако абортирам легално, ќе го направам истото безбедно.