Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. mademoiselle84

    mademoiselle84 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    што ке ти дете на 19 години за тоа е и измислен абортусот порано го немало но благодарение на науката го има,постои друго е кога немаш избор има време за се
     
  2. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Земјата која го одобрува со закон абортусот е земја каде што владее Гаволот, оти тој бара човечка жртва, Тоа не е според Божјата воља оти Бог е Љубов!
     
    На angelce1, hermosa, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не го поддржувам абортусот , и не се согласувам дека тоа е право кое ЖЕНАТА го има . Тоа зачнато дете има два родитела и значи жената има право да направи абортус а другиот родител кој го прашува. Живееме во 21 век , контрацептивните средства се лесно достапни и сме мн повеќе упатени во темата секс и во тоа како да се заштитиме за да не дојде до несакана бременост. Абортусот можам да го оправдам само во случаи на силување или инцест, во сите останати случаи не . Често слушам луѓето велат: Aма како таа е дете ,дете ли ќе чува дете ?! Епа госпоѓо , ако тоа дете знаело да направи дете и нека си го чува . Од една страна сме напредни генерации ,знаеме се упатени сме за се предвреме, а од друга сакаат да се прават будали кои што ништо незнаат , не биле информирани , случајно се десило и самите незнаат како . Секој треба да си ги сноси последиците од своите постапки.
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    А како ти спремноста за имање односи ја изедначуваш со спремноста за чување дете? исто е, а?
    Значи со секс се почнува во моментот коа осетиш дека си спремна за деца. Хм
    Jас ако сум решила да изедам портокал не значи тоа дека по дифолт и сум спремна да ги одгледувам на нива.

    Идеално би било сите да беа попаменти, начитани, информирани, и да немаше неписмен народ, и сите да користат контрацепција, и да остануваат бремени баш кога они ќе посакаат. Ама не е така, и нема да биде така уште долго време. Факт.
    Да, велиш живееме во 21ви век и на големо се зборува за заштита. А ти текнува каде живееме, знаеш колку голем процент од населението ни е неписмено, а не пак да чита на интернет за контрацепција. Разгледај низ форумов и ќе видиш милион прашања од типот "ми сврши на стомак, дали сум трудна"....или пак оние уште побетер "мастурбирав, ми доцни, можно ли е да сум бремена"...Ќе се изненадиш колку стварно се неинформирани луѓето.

    И последното на крај, би се согласила. Секој со своите постапки, последици и грешки. Ако некоја решила да абртира, нејзино право - таа ќе живее со тоа.
     
    На Hipster, Annath, UbavkaBube и 2 други им се допаѓа ова.
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Основно човеково право е правото на живот . Според мене никој никому не треба да му го ускратува па дури ни мајката на своето дете . Жално е колку многу деца завршуваат по домови заради туѓа непромисленост, но сепак тие деца постојат , живи се , имаат шанса да си го изградат животот . Има милиони случаи во кои несаканите деца ги посвојува прекрасно семејство и тие израснуваат во здрави , нормални и среќни луѓе што не би се случило доколку мајката абортирала . На секое човечко битие треба да му се пружи шанса да си ја проживее својата СУДБИНА - ако може така да ја наречеме .
    Што се однесува до тие неинформираните или неписмените - Да , ги има но јас лично сметам дека во многу мал број . Речиси сите тие девојчиња со слични проблеми или прашања кои што ги наброја ти се повеќе желни за внимание отколку што навистина незнаат . Знаеле на 12 години да направат ФБ и да ставаат секакви слики и коментари , знаеле да направат профил на Фемина кај што им се достапни сите информации доколку не се информирани, а незнаат да прочитаат и неможе да им влезе во глава , јас лично не им верувам на сите тие интернет тролови . Исто така сме сведоци дека уште во средно неколку пати сме имале предавања за сидата и за тоа дека не треба да имаме незаштитен однос, едноставно ако сакаат да се информираат имаат начин но изгледа дека на сите им е полесно да се вадат со тоа дека незнаеле што прават и не биле свесни за последиците а подебелиот крај го извлекува невино суштество кое за ништо не е криво .
    И уште да кажам дека јас не сум за да се забрани абортусот со закон, туку едноставно не го поддржувам и сметам дека само ние треба да си ги сносиме последиците од нашите непромислени дела.
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Имам напишано дека сум против абортусот.
    Сега сакам да напишам нешто друго. На 2 месеци врска го прашав дечко ми. Срце што ако останам трудна(секогаш користиме заштита но ете тоа ми текна да прашам)би ми дозволил или натерал да абортирам? Ми одговори не. Затоа и се заштитуваме, ако не сме сигурни дека сега сакаме бебе, ќе користиме заштита, ако пукне кондом и останам трудна пак ќе си го чуваме. Пред некој ден зборевме, Му реков дека за следната нова година сакам бебе, ми рече дај боже, и знам дека ќе ми ја исполни таа желба. Постојано вели како тоа бебе ќе биде и негово, како ќе го сака повеќе и од тоа мене што ме сака и да не сум се лутела....
    Ова го кажувам не зошто сум против абортусот, туку за оние машки кои што не размислуваат пред сексот. За оние кои сметаат дека тоа е зенска одговорност и гледаат како само на нив да им е убаво, а потоа иди ти сама снаоѓај се, твое дете е, абортирај јас не го сакам.
    Факт е дека ниедна жена не е баш најпријатно без татко да го гледа своето дете. Но, од мојава ситуација со животов, да дознаам дека мајка ми има абортирано, сериозно ќе и се налутам, зошто сеа немам ни брат ни сестра, брат ми е починат.
    Но, пак ќе кажам, секој има право на размислување, јас можам да зборам за себе, не за другите. И ако мене некој ме прашува дали да абортира ќе кажам не, логички нели.
    Избегнување на плодни денови(што секоја жена мора да ги знае), користење заштита, секогаш проверување на кондомот да не пукнал мислам дека се доволни заштити.
    Епа и покрај тоа ако се случи некоја да забремени мислам дека едноставно така треба да биде.
     
    На NikiBastore, Annath и MacenceEna им се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Ме интересира мислење од сите што не го подржувате абортусот дали според вас е подобро тоа дете да расте и да се развива во не соодветни услови? Дали е подобро тоа дете да скапува по домови или па да питачи по улици? Дали заради грешките на мајката тоа дете цел живот да ја исплаќа цената? Дали жена која што е силувана цел живот кога ќе го погледне тоа дете треба да се поцетува на тој ужасен чин?
    Да го подржувам абортуст, секој има право на избор зошто жената е таа што ќе ги носи последиците цел живот,а сите знаеме дека децата штркот не ги донесува кога тој некој е способен да направи дете треба да е способен и да го чува,а не да си замине и жената да ја остави сама!

    Постојат многу случаеви каде што и се во врска и девојката останува бремена, а дечкото не сака да се земат и во тој случај што треба девојката сама да го роди детето? Сама да го чува? Никогаш да не се омажи, никогаш да не створи семејство? А тој без никој проблем да си го продолжи животот.
    Секој има право на избор!
     
    На marama, WildCherry и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Според Господ,абортусот е грев!Доколку се работи за силување,јас не би ја обвинила девојката доколку абортира.Но, во десетте Божји заповеди пишува:Не убивај!Значи дека тој ембрион,Бог го смета за живо суштество,и не треба да се убива.Штом Бог решил да се створи тоа дете,значи дека и детето има право на живот!Зошто да питачи,да страда?Ќе си одгледуваат родителите,или во случај едниот родител.
    Пред да се трча во впуштање во сексуален живот,нели треба прво да се информираме за последиците?
    А и во главно,доколку некој не сврши внатре,шансите за бременост да не речам се никакви.Сексот е убав ,да ,пружа задоволство,но има и свои негативни страни.Незаштитениот однос може да донесе секакви болести,за кои,секако ,повеќето млади не се ни свесни.
    Јас се прашувам:дали некој размислил зошто Бог ни дал невиност,и дека истата е најздравата состојба за човекот.Бог го створил сексот за луѓето да го употребуваат во брак,да се радуваат еден на друг и со тоа да им се зацврсти љубовта.Предбрачниот секс е грев спрема сопственото тело.
    Сега сфаќате дека Бог не предупредил дека ќе имаме многу последици.Немам право да се мешам на никој дали ќе абортира или не,но еве ни добра поука за нашите грешки.
    После абортус ,некоја девојка може никогаш повеќе да нема деца.Бог е голем и никој не останува неказнет за своите дела.Во најмала рака,предбрачниот секс носи љубомора,недоверба и несигурност.
    Сфатив дека само ние може да си го контролираме сопстеното тело,но и да си ги сносиме последиците.
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gabriela223

    gabriela223 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    абортусот треба да биде дозволен во секој случај.не верувам дека постои човек што не сака да има деца но сепак треба да се мисли на младите девојки или пак некој кои се сеуште деца а остануваат бремени.тие не би имале никаква иднина
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Колку сте чудни зар само жената е таа што треба да се информира за последиците, зар ако остане бремена само таа е виновна дотичниот господин си го направил ќејфот и чао пријатно си продолжува со животот како ништо да не се ни случило.
    Ма дај ви се молам! Точно е неинформираноста кај младите е огромна ама јас вината овде ја гледам во опшеството кај нас има огромен број буквално неписмени млади луѓе кои живеат во примитивни услови, има млади кои незнаат ни каде да се обратат и каде да се информираат. Зар мислите сите имаат интернет? Сите ги имаат нашите нормални услови?
     
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Точно е дека нема оправдување за тој што го направил детето ама да не дојде до тоа да ја барајте вината во партнерот, заштитете се навреме поради себе и поради својата иднина. Ако треба на сила да го венчаш бидејки ти направил дете, пиши пропали живот. Јас сум изгубила три деца и сум против абортус ама мора да постои право на избор.
    Точно е и дека многу млади живеат во примитивни услови не информирани и мислам дека таквите доколку направт дете ке се земат и ке продолжат да живеат примитивно бидејки така и толку знаат.
     
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    И јас се сложувам дека не треба да се бара вината во партнерот , туку сите треба да си гледаме за себе и како ние самите да се заштитиме . Јас имам еден пример во моево маало : Дечкото и девојката идеа отприлика 3 години , она остана бремена и несакаше да го роди детето. Дечко и ја поддржа , и понуди и брак но таа одби , несакала да чува дете зашто прво сакала да заврши факултет . После тоа почнаа караници и дојде до тоа да се разделат затоа што не се сложуваа околу тоа дали да го роди детето или не. Дечко и дури и понуди она да го роди детето а тој самиот да си го чува , и кажа дека ништо не бара од неа , немора никогаш да го погледне тоа дете, девојката скришно од него го абортираше детето и раскинаа . Сега и двајцата имаат по 28 години , тој си најде друга девојка а таа е сама и се кае за тоа што го направила . Не секогаш одлуката на жената треба да се земе во предвид , затоа што можеби таа го раѓа но тоа дете има 2 родитела . Жално е што тој иако го сакаше го изгуби своето дете заради туѓа себичност.
     
  13. Baby1994

    Baby1994 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Абортусот е нешто најужасно!Замислете кАко би било вас да ве погубеле од овој свет!Затоа јас мислам дека никој нема право да одземе човечки живот!А веке ако до толку не го сакаш детето роди го па дај го во дом :devil: !
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не туку ова е нешто најужасно. Да го родиш и да го дадеш во дом, и после цел живот да се прашува зошто сопствената мајка не го сакала, да се обвинува себе си, да се чувствува отфрлено, па и уште ако остане во дом цел живот, ухууу, браво за тебе, си спасила човечки живот важно.
     
    На LyckliG и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Јас со ова што го болдирав кај тебе, просто неможам да не ти реплицирам.

    Првин, не мислиш дека премногу внесуваш религиозни гледишта ? Аммм, кај е тука медицината ? Ако велиш дека Бог го создал тоа дете, воедно создал све шо е па и медицината а внатре во неа и абортусот...

    Друго, кои двајца црни родители или еден родител ке одгледува дете ако нема услови ?? И шо ако тоа дете биде одгледувано ај да речеме од двајца родители, ако немаат за корка леб пак ке питачи тоа дете, или ако родителите му се недозреани пак ке живее на улица...

    Околу Господ и сексот, стварно незнам што коментар да вметнам да не биде ироничен ... Али ке си го кажам на мој начин, твое е како ке ми го сфатиш ;)
    - Првин, кај пишува дека сексот е за во брак само ?? И дали си сигурна ама 100% сигурна дека Бог тоа го кажал ??? Или се важи она на поповине дека дури и едно лапање пред брак е грев.

    После, зашо сексот би бил грев спрема сопствено тело, извини вака да ми објасниш стручно те молам... Или океј религиски ... Ке пробам да те сфатам.

    За после Абортусот у оваа ера, со ваква напредната технологија и напреднат чекор во медицината мали се шансите за да девојката да неможе да роди пак. АЛИ :!: Си игра улога и времето коа абортира, ако е прекасно ондак сигурно ке си се осеќаат последиците ;)

    Во најмала рака ПРЕДБРАЧЕН секс носи љубомора, недоверба и несигурност . Така кажа нели ?

    Епа у најмала рака кажи ми те молам кај има ГАРАНЦИЈА за тоа дека у брачниот секс и општо однос нема љубомора, недоверба и несигурност....

    Ко шо те имав прочитано у неколку наврати си имала односи, значи си грешна, ко и осталиве(со се мене) феминки сме грешници значи.. Ок нема везе. Збор ми е никој никому не му е крив за тоа кој каков партнер ке одбере, дал ке биде некој нормален а НЕ љубоморен, дал некој идиот шо ке те изневерува или ке те чува ко капка на дланка, Зависи од нас драга.
    Ама не мешај предбрачни сексојни со карактери на луѓе а најмалку со религија.

    Што се однесува за темава, имав дадено мислење И останувам на своето. ДА за абортус ако и двајцата родители не се спремни !
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    WildCherry ако може јас да ти одговорам на некои твои прашања. Само затоа што Бог го создал светот и човекот значи животот,нетреба да донесуваме заклучок дека од него е и абортусот.Има Бог ама има и ѓавол кој очајно сака да го уништи делото на Бог.Невелам дека докторите се од ѓаволот ама аботусот сигурно нее од Господ .Тој е создателот на животот и апсурдно е да оди против себе.Друго што прашаш каде пишува дека предбр@чниот секс е грев.Па во библијата убаво пишува само некој треба да ја прочита :).И тврдењево што ти е дека подобро да абортира одколку да страдаат за корка леб.До толку страдаат само тие што не им се работи.ако се мали дури завршат можат родители роднини да им помагаат ако немаат подршка дури пркне бебето ке паузираат со школо и ке работи.Се се може ако се сака.На крај се согласувам со тоа дај го на посвојување ако не си го сакаш сопственото дете има друг што ке го сака.
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.288
    Не сум доволно компетентна ни од религиозна ни од медицинска гледна точка да го коментирам ова прашање.

    Јас само би прашала дали би можела да живее таа девојка сама со себе после тој чин?

    Онаа девојка која верува дека абортусот е грев, ке ја поддржам. За нејзината психа такво нешто би било трагично.

    Онаа која верува дека не се вистинскиот момент, околности, и пред се поради абортусот нема да се осудува до крајот на животот повторно ке ја поддржам.

    Онаа која едно верувала а друго сторила поради рекла-казала или други икс причини.....сочуствувам. Друго не ни можам, за солење памет сите се тука, ама со проблемите секој е сам.

    Оној кој својот став, размислување се обидува да го наметне на другиот ....ниту подржувам ниту сочуствувам, само игнорирам.

    Јас сум ЗА абортус.
    Секогаш се трудам да ги сватам околностите, условите и животната приказна на таа девојка.
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ајде кога сте веќе почнале да мешате религии, едно ми удари во очи, стојте си побожните на вашата страна од БОГ, исклучиво, а не да мижите за нешто кое вам така ви одговара.
    Предавате дека секој зачнат живот тој го зачнал, благословил, дар негов, негова волја или како пише таму, тој така решил и ни мајката ни таткото што го зачнале немаат право да решаваат за негово уништување. Епа сега, не со секој секс меѓу партнери се забременува исто како и при секое силување не се забременува. Зависи од божјата волја. Епа кога Бог умре па вие го заменивте, па да оправдувате дека при силување тој живот може да се убие?
     
  19. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Ne opravduvam deka pri siluvanje sto se zacnalo bebeto treba da se ubie koj opravduva toa si e negovo mislenje.Ne go zamenuvam Bog i ne osuduvam nikogo.Sekoj ke si gi snosi posledicite za svoite postapki.Ne nametnuvam nikomu nisto,go izlagam mojot stav.A zosto nekoi zabremenuvaat a nekoi ne toa samo Gospod znae :)
     
  20. Baby1994

    Baby1994 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Па што го правела тогаш?Требала да мисли на време!