Треба. И што ќе ги учиме децата Камелија? Дека е исправно да се оди на абортус место да се набави заштита?
Ако се има секс само за деца, па и во брак, испаѓа луѓе во брак имаат секс еднаш на две-три години. А со таа фрекфенција би добиле околу 6 деца некаде. Или добиле две деца и не сакаат повеќе, а уште се млади и до крај на живот нема да се легнат. Ако има некој што вака прави нека крене два прста.
Срцето е најбуквално само мускул и нема никаква допирна точка со свеста или болката на ембрион или возрасен човек. Абортусот се врши до 12 недела кога ембрионот не чувствува ништо - со причина. Затоа и постои таа временска рамка.
Каде и кој рече дека децата не треба да се образуваат? Многу, ама многу пати ја спомнавме сексуалната едукација. Каде и кој рече дека не треба да се користи контрацепција?
Како ќе знае да е заштитена ако не ја научиш? И она другото, побитното, ќе ти биде ли угодно ако ти седиш во дневна а ќерка ти во соба да абортира со закачалка затоа што не смеела да ти каже дека е трудна?
Ама како да објаснам дека сум прв пропагатор за заштитен секс? Дека и после 12 години без кондом немам секс? Ќе ги учиме дека сексот е нормална работа, како да се заштитат, ќе имаат достапни кондоми и гинеколошки прегледи и ќе ги научиме дека сексот е доброволна работа, и во случај на силување што да направат.
Некои гледаат на тоа како почеток,знак на живот. Тоа што плодот не чувствува ништо не го прави абортусот 100 % ок.
Никој не вика дека абортусот е 100% ок,си носи свои ризици физички и психички. Шо мислиш така лесно е на некој да се реши да абортира а,само не треба да се укинува правото на избор тоа е сѐ.
Емотивната страна нема врска никаква со закон за абортус. Една иста жена во 6та недела бременост ќе го гледа како ембрион кој што поскоро треба да се отстрани, а во друга ќе гледа бебенце што едвај го чека. Но, изборот мора да постои. Временските рамки си се таман. А како некоја ќе го доживува ембрионот не е ниту моја, ниту твоја работа, туку само нејзина.
Некои гледаат на сперматозоидите како на почеток, нов живот. Тоа што сперматозоидот не чувствува ништо не го прави дркањето 100% ок.
Познавам жена која имаше 8 абортуси. Колку треба да си глуп да не користиш заштита,а да одиш на стол ко на фризер и да кажуваш тоа не ништо,не е дете. Правото треба да се ограничи можеби.
Над 95% од абортусите се случуваат до 6 недела, значи останува помалку од 5% што се извршуваат потоа (и тоа е статистика на светско ниво). Така да... не знам што ви е поентата. Кога ќе најдат начин како ембрионот да преживее без матката, слободно нека го и вадат и растат и даваат на посвојување. Додека тој не може да преживее без матката е дел од телото на таа жена.
Не правото, туку да се нареди задолжителна психолошка проценка и советување. Ова е реткост. Исто како што е реткост раѓање на 12 деца, а имање можност за гледање 0 деца. Во двата случаеви станува збор за психички нестабилна личност.
Тоа е пример кој се граничи со лудило. Јас познавам жена која имала 5. Правото не смее да се ограничи доколку станува збор за здрава и права личност. Ама личност која извршила повеќе абортуси веќе е дискутабилно дали и колку е нормална.
По вашиве аргументи за тоа дека абортусот е убиство, испаѓа сите сме извршиле десетина убиства и досега некој требаше доживотно да не' казни. Има срце? Досега сигурно сте убиле пајак, инсект, црв кои патем имаат и своја ДНА. Сега велиш пак не чувствува ништо. Ех и на многу растенија сме им ги скратиле животите, а исто така не чувствуваат ништо. Или пак да не рамнам мува и цвеќе со човек? Со човек нема, ниту со ембрион. Ама само ти кажувам дека аргументите за убиство немаат врска.
Мене ме интересира сите тие што "познавате" вакви и онакви луѓе, што сте против нив. Оние што знаете многу "педери и лезбејки" и со нив сте другари, ама ги мразите Оние што знаете жени што смениле 20 партнери, и доволно сте блиски со нив за да ви кажат ама ги мразите Оние што имате многу атеисти пријатели ама труете на религија Оние што знаете жени што имале 8 абортуси, и знаат дека сте против абортусот и како кафе за добро утро ви кажуваат "еве вчера абортирав" Како да ви верува човек, еве не знам
Зошто ограничено? Колку и да ти изгледа тебе нечија постапка чудна, сурова, глупава, проста итн. секој треба да има право да прави што сака со сопственото тело. Толку е просто
Многу малку случаи знаеш вакви ,јас па повеќе знам со повеќе од 4 абортуси. Мора да има проценки,советување.